Здраво,
Најпрво ми правеше логика темава да ја отворам во подфорум за наука и технологија, но еве, највеќе логика прави да биде во овој подфорум бидејќи колку што роботиката и интелигентните системи имаат поврзаност со хардвер, толку имаат и поврзаност со суштинскиот дел во нив - најразличните алгоритми кои им ја даваат придавката „интелигентни“.
Бидејќи сакам високово образование да си го „изсегментирам“ т.е насочам кон оваа гранка од ИТ, би било убаво да се развие една дискусија за оваа дисциплина, нејзината застапеност во Македонија, како и најразличните врати кои се отвараат со нејзино добро познавање, како една професија која е во подем во модерниот свет кој сите заедно се обидуваме да го изградиме експлоатирајќи ги можностите на компјутерите кои за одредени задачи, до одреден степен би можеле да го заменат човековиот мозок, имитирајќи ги неговите способности. Еве, на пример, интелигентни системи за насочување на цели автоматизирани транспортни мрежи(метро, трамвај, железничка мрежа), експлоатирање на роботите за домашни потреби, управувањето на фабричките роботи, со еден збор - машинското учење, заклучување врз база на логиката.
Особено би било убаво да слушнеме мислења на професионалци од оваа струка, некој кој работи во оваа струка или пак рекреативно се занимава со овие работи. Дали во Македонија постои „пристоен“ пазар за оваа дисциплина, дали има доволно научни истражувања или пак напредокот треба да го гледаме во западните држави каде очигледно ова е една од поразвиените ИТ струки во однос на истражувањето, како и создавањето на решенија на реални проблеми и олеснување на животот во општеството.
Едит: Ако модераторите мислат така, слободно нека ја преместат темава во посоодветен подфорум