Фан Клуб: Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.464
Сакате да кажете дека на Вардар-Бате имаше подобар фудбал од Вардар-Тетекс па затоа се наполни цел стадион ?
Немаше ниедна акција, ниеден гол.... Сигурно Вардар-Тетекс со 4 гола е поактрактивна од тој натпревар.
Треба реклама,информираност па дури и Тв преноси можат да ја зголемат бројката на стадионите. Да не се пуштев на форумов немаше ни да знам дека имало редовно коло фудбал во недела.
Да ама ти тоа си го увидел откако си ја гледал утакмицата ;)
Од кај знаеле дека после доброто издание во Борисов во Скопје нема ниедна акција да има?:)
И не е битно самиот ранг на натпреварување им внесува надеж дека ќе видат подобар фудбал. Исто како што МЗТ сигурно ќе ја исполни Борис Трајковски (бар за поквалитетните мечеви) од Јадранска, а за првенството нема теорија обична публика да пополни една трибина во Борис ;)

Вардар-Тетекс беше повеќе рутина отколку атрактивна утакмица... Нормално кога е послаб противникот ќе видиш некој поубав потег, повеќе голови итн...
Народот овеќе сака компетитивност отколку потоп на противниците...

За ТВ преноси тоа е резил што се случува во државава. Никаква најава, ако не следиш форуми или страни како Макфудбал и macedonianfoootball нема шанси да дознаеш кога има утакмица а да не си некој запален фан...
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Сакате да кажете дека на Вардар-Бате имаше подобар фудбал од Вардар-Тетекс па затоа се наполни цел стадион ?
Немаше ниедна акција, ниеден гол.... Сигурно Вардар-Тетекс со 4 гола е поактрактивна од тој натпревар.
Треба реклама,информираност па дури и Тв преноси можат да ја зголемат бројката на стадионите. Да не се пуштев на форумов немаше ни да знам дека имало редовно коло фудбал во недела.
Мешаш баби и жаби... Бате и Тетекс.

Ако те интересира македонски фудбал и не онанираш на Барса Реал Манчестер Челзи Арсенал Милан Интер Јуве ... ќе си знаел дека има утакмица.

Искрајно оние што идат на уткамица се оние редовните и знаат се поврзано со клубот. И за куп и кој има црвен жут... а не па за кога има уткмица. Ти чим толку те засега ќе фатиш телефонот ќе договориш другари и наместо да идеш на кафе ќе си дојдеш на уткамица.

Сите ве засега Вардар, мак. првенство а никој не доаѓа. Епа дојдете на стадион доста со стартусите на фејсбук !
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576

Таму се најголемите навијачи,најголемите хулигани што душа даваат за клубот за кој навиваат...ама само на фејсбук :свиркам:
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Сите отвараат rezultati.com, сите отвараат билтен играат спортска и гледаат дека го има македонско првенство, не бе нема од каде да се дознае за утакмица. Сите сте залепени за компјутер доста зборите телевизор пуштате само за да гледате фудбал... ама тоа е Вардар да пушти реклама ќе искочи во сите весници Вардар се рекламира со парите од народот одма галама на сите страни.

Битно знаат кога има наместена утакмица во мак лига и само тогаш им е интересна и нечини лигата :tapp:
 
F

FARANG

Гостин
Треба еднаш да сватиме дека за да имаме публика мора радикални смени на повеќе нивоа.

Прво намалување на лигата на 10 екипи и двокружен систем. Лиценсниот систем да се смени и да играат клубови што исполнуваат основни услови а не да се игра фудбал на ливади, на стадиони со една трибина, соблекувални без топла вода. Јас сум ако треба и ко НБА да биде без испаѓање неколку сезони дур другите клубови не ја обезбедат минималната инфраструктура.

Второ маркетинг. ФФМ и клубовите под итно да почнат да работат на маркетинг, да се снимаат утакмиците ко порано да се прават емисии за лигата. Не мора да се директни преноси нека бидат дел сериозни онака хај лајтс со стручен коментар, преглед за наредното коло итн, а нека има и нешто разично заебантско, дајте му на јанко, џамбазов, некој од брачава да снимат шоу. Малку заебанции, малку навивање, малку фудбал нешто да привлече внимание. Градиме куќа на фудбалот јас порадо би студио. ФФМ да потроши некоја пара од тоа што го лапа од УЕФА на маркетиг.

Трето да се спроведат забраните за прикажување на странски првенства во термини кога се играат домашни утакмици. Да им се даде распоред на телевизиите за наредната сезона кога ќе се играат утакмиците да не се прави дар мар со календарот и да им се каже дека ќе следат тужби од ФФМ која има пари од и која ќе ги искористи за да ги примора телевизиите да престантат со овие срања. Тие што сакаат да гледат барса нека се снаоѓаат со торенти или нека чекаат реприза.
 
Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608

Кој сака да гледа Мак првенство нема да му пречи да дојде на стадион без разлика што има на тв. Забраната за преноси од странски фудбал можеше да функционира пред неколку години. Сега сите имаат интернет,кабловски па така да кој сака да си ги гледа Реал,Барса ке си најде начин да ги гледа. Проблемот е друг конкретно за Вардар ке спомнам. Многу од тие што ги знам лани беа некако запалени после долго време Вардар шампион и беа по редовни. Оваа сезона им викам ајде ке одиме на Вардар-Работнички ми викаат што ке одиме бе кога неможе едно коло да поминеме во Европа џабе ни е титула во Мак првенство. Затоа оваа сезона ке се намали посетата на обичната публика. За жал тоа е реалноста кај нас.
 
Член од
31 мај 2009
Мислења
1.250
Поени од реакции
2.546
Сакате да кажете дека на Вардар-Бате имаше подобар фудбал од Вардар-Тетекс па затоа се наполни цел стадион ?
Немаше ниедна акција, ниеден гол.... Сигурно Вардар-Тетекс со 4 гола е поактрактивна од тој натпревар.
Треба реклама,информираност па дури и Тв преноси можат да ја зголемат бројката на стадионите. Да не се пуштев на форумов немаше ни да знам дека имало редовно коло фудбал во недела.
Тоа е тоа, значи квалитетот на фудбалот во Македонија е нај ниското можно ниво, и тоа нормално дека е една од причините за слабата посетеност, пред се на обичните гледачи. Со оглед на квалитетот, и условите, и ова што го правеа/прават Комити верувајте е добро кога ќе се земат во предвид околностите!

Во баскет, бевме 4ти во Европа, и се случи што се случи. Се крена народот на нозе, еуфорија, расположение, најбитно од се за мене е што се крена и националниот дух. Се почуствував ГОРД МАКЕДОНЕЦ, иако не сум некој страсен фан на кошарката затоа што за мене ЕХОТО НА СТАДИОН е најспоредна работа сепак им благодарам на кошаркарите од се срце ! А во фудбал кое место е Македонија во Европа, или на светско ниво, на ранг листата ?
Замислиете во фудбал да бевме 4то место на едно Европско првенство ?! Јас се кладам дека да владее таква еуфорија во фудбалот кај нас, како што владееше во кошарката, Вардар нема да има утакмица под 10.000 луѓе !
Нашата фудбалска репрезентација се нема ни пласирано на некое Европско или Светско првенство а камо ли 4то место да освои !
Тоа е настан кој и тоа како фали за подигање на сите околности и околу самата прва фудбалска лига во држвата. Затоа што верувајте, нит кошарката, нит ракометот нит било кој друг спорт не се популарни како што е фудбалот. Фудбалот е најспоредна работа во светот. Неможе никогаш кошаркарски клуб да биде поголем од фудбалски клуб. Сала и стадион не е исто.
Еве камо среќа, Мзт и Работнички нека го достигнат максимумот да настапуваат во Јадранска лига или слично. Во ред, ќе се наполни салата целосно да речеме ќе има добри моменти. Но полна сала и полн стадион има разлика нели! Замислете Вардар да игра во една балканска лига што ќе се случува. Полн Борис Трајковски (6.000) и полн ФИЛИП ВТОРИ (36.000) разликата е евидентна нели ?!
 
F

FARANG

Гостин
Нека се снајдат. Тоа ќе биде мал процент. За странска кабловска законот важи. Освен интернет нема друг начин да гледаат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.464
Да се вратиме на првенствените мечеви...

Веќе утре ни следува можеби и најтешкото гостување... Не сум некој голем оптимист.
Нема да игра Хименез изгледа, срамота е што клубот не излезе со ниту една информација околу неговата повреда :confused:
Не верувам ни Пеџа да игра...

Лани во Тетово на 4 меча дадовме само 1 гол, исто толку и примивме. Општо е познато дека воопшто не ни одговара тој терен. Добро е само што уште не дошло време на врнежи, уште е топло па се надевам подобар ќе биде за игра. Ренова годинава со два кикса на домашен терен.
Ќе видиме како ќе биде утре. Јас лично ќе бидам задоволен и со еден бод.
Утре ќе има собирање на железничка, е сега дали ќе дозволат од Ренова да се влезе на стадион не сум баш сигурен. За жал неможам да идaм, на работа сум, така да тие што ќе идат нека дадат извештај за утакмицата пошто страшно ме интересира како ќе изиграме :)

Ни следуваат два меча на домашен терен, мечеви кои МОРА да ги добиеме. Прво гостува сегашниот лидер Турново, а потоа Дрита. Според мене нема да имаме големи проблеми да ги совладаме...
Тогаш гостуваме во Кратово, кај грогираниот Силекс.
Значи следниве 4 меча се да се биде или не, пошто после ни следуваат 4 пеколни мечеви, Пелистер, Шкендија, Металург и Брегалница.

Мора да освоиме 10 бода од следниве 4 меча ако сакаме висок пласман на крај!
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Saber Rider
Абе почнаа да ти ги копираат мислењата и на фејсбук бе
Site da go vratime FK Vardar na starite pateki
Ни следуваат два меча на домашен терен, мечеви кои МОРА да ги добиеме. Прво гостува сегашниот лидер Турново, а потоа Дрита. Според мене нема да имаме големи проблеми да ги совладаме...Тогаш гостуваме во Кратово, кај грогираниот Силекс. Значи следниве 4 меча се да се биде или не, пошто после ни следуваат 4 пеколни мечеви, Пелистер, Шкендија, Металург и Брегалница.

:pos: :pos:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.694
Поени од реакции
6.045
ПА дечкото што го води профилот е член тука Пелинковец од Куманово е дечкото :)
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Симов, Илиевски, Бојовиќ, Таневски, Цикарски, Стјепановиќ, Темелков, Стојаковиќ, Ѓоргиев, Петров и Костовски.

Вајс не игра покрај повредените Ранѓелковиќ и Хименез. Се решил Благоја да има посед на топка чим усостав се и Стјепановиќ и Стојаковиќ
 
Kajgana Shop

На врв Bottom