Правила на однесување во Кафана:
Ова се правила како треба да се однесувате во оваа установа. Се пренесуваат од колено на колено, а најдобар однос имаат оние со најдолго искуство.
Најдобар тутор е пријателот т.н. “кафански инвентар“.
Примери:
1. Седите во кафана, а на масата ви стои празна чашата. Конобарот доаѓа до масата и ви носи нова чаша ракија, а посегнува да ја земе празната.
- А, не,
шефе.
Ја префрлате новата ракија во старата чашка.
- Жената и чашката не се менуваат.
2. Точено пиво, бокал и две чаши. Средина на разговорот, пола испиени чаши. Еден од пријателите почнува да ги дополнува.
- Ехеј, чекај да допијам, полека...
- Ма подобро е кога е полна чашката куме, да те потсеќа дека треба да пиеш...
- Куме, запамти: чашата никогаш не ја дополнувај и жената никогаш не ја дое*увај! Почекајме да допијам.
Постојат и онакви кои сметаат дека наздравувањето со чаши мора да биде проследено со гледање во очи по секоја цена. Кафанџиите на крајот од вечерта не гледаат бела мачка пред очи, а камо ли да треба да ви ги најдат очите.
Ако сите пијат, пиеш и ти. Ако си уморен од работа, ако треба да станеш рано утредента, или ако едноставно не ти се пие – не си требал да доаѓаш ич!
Ако си закаснил, има за казна првите 2 да ги мавнеш на екс. И тоа без да се побуниш. Се побуниш ли - па ти не си маж бре!
Ако има жива музика, не нарачувај песни без да фрлиш паричка на музикантите. На пејачката – посебен третман (хартиен фишек во градникот).
Ако не си во форма и не си доволно пијан – или си педер или едноставно не си за во кафана, и нема да те викнат следен пат!
Како се одвива јадењето во кафана:
Прво една ракија на екс на суво. После следи мезе со ракија, шопска, мешана, ракија, втора тура салата, кисели пиперки и по некоја феферонка, ракија, пиперка во млеч, ракија.
Откако добро сте се подмачкале со мезето ќе удрите едно предјадење со некое добро пинџурче, ќебапче, нафорче. Во комбинација со ракија и пивце.
Главно јадење: Димени ребра, увијач, пиво, помфрит со нафора, уште некое пиво, плескавица, стек, вешалица, пиво, пивце, а може и по некое винце добро лизга со мевцето.
Десертот се прескокнува или се заменува со уште некоја течност.