Биртии

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Зашто скоро сите ги кажавте вие, мене ми останува само локалните. "Тројка", "13ка" и "Убац" во Ѓорче. 3 типични биртии со инвентар од вообичаени гости, кои си толчат ракија по цело време и дискутираат за смислата на животот, постоењето на душата и за ВМРО.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Гледам никој не ја спомнал Осумка :D Која атмосфера на времето беше... сега ко ќе се сетам, се чудам како имам одено таму. На средина тоа билијардот, лом сторен, искината чојата, излижана. Ѕидовите црни од цигарите, чаршафите по масите црвени на коцки, целите со дупки од цигари, столиците од седење излижани, да можиш суратот да си го видиш. И воглавно одеа луѓе 50+, ретко се начекуваа некои 20-30 години. Комар во другата просторија редовно се лупаше. Аааа... ќе заборавев најважното... Турнирите во билијард :)
Осумка е Клуб на Уметници (Така пишува на рекламата), не е биртија, јас го викав Наша Мала Клиника :P ...Не знам кое време го имаш фатено од Осумка, но никогаш не било класична биртија освен малку на почетокот кога имаше видео игри донесено од Победа и се играше табланет во едната соба, додека во другата беше билјардот, ама тоа беше пред 20 години.
Покасно по неколку години навистина Кокето и Перо Ждригло го направија супер место за билијард и муабет, билјард масата беше и е сеуште најдобра во градот, беше синоним за добро нескафе, и имаше супер клиентела. (Идеа скоро сите глумци од Војдан Чернодрински и неколку интересни друштва и можеше да си направиш лаф муабет, посебно за време на театарските игри беше хит место, тогаш Кокето ја намести и таблата Клуб на уметници).
Добро имаше и некои инциденти со Минде Чалнатио, ама тоа се во склоп за добра атмосфера.
После почнаа да се збираат многу цајкани од блиската станица, малку се раскараа со дел од некои стални муштерии од причина што не ги оставаа да си ги доиграат партиите и почна да се уништува местото.
Последно поминав пред една недела и освен Оштрото и Пири-Пири од дуќанот, другите беа сите врплани..
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Муабетиве за биртии повеќе се: „у мое време...„на времето..“„пред многу години...“ :)
Денес и биртите го изгубија старот “шмек“.

Нај батал биртија што ми текнува во која сум бил е една што ја имаше на браната во Берово.
Можеби и денес постои се наоѓаше на кривината пред да се скршне накај одмаралиштето и бунгаловите кај браната. Оддамна не сум бил за Берово, гарант е сега многу променета ако постои сеуште.
Пред 20 г. јас, еден другар, штотуку станати полнолетни и татко му, решивме наместо да пиеме пиво пред камп приколка да идеме у “кафана“. :) На времето пред 18 г. кај смееше да пиеш алкохол пред родител. Нема шанси, одма добиваш заушка, не бевме ко денешниве деца.
Да скратам.
Влегуваме во кафанава, имаше уште 3-4 ца, немаше певаљка музика идеше од оние старине радија големи колку комода со испишани градови покрај фреквенциите, ако ви текнува. Телевизорот имаше МТВ 1 и 2 и мислам дека се фаќаше некоја бугарска ТВ ама со многу снег. Масите големи дрвени, и наместо столчиња клупи. Чаршафи не ми текнува дали имаше најверојатно немаше.
Нарачавме пиво и ќебапчиња за мезе. Газдата беше и келнер и готвач. Ни донесе пивото а ќебапчињата се подзабавија малку.
Мирна атмосфера, музиката тапа на ТВ нема ништо си седиме си пиеме. Таман почна да не фаќа досада, влегуваат еден дедо накај 70-на години и внучкото. На враќање од планина од кај овците да мавнат по една. Пред кафана ја ’паркираа’ запрежната кола.
Седнуваат нарачуваат ракија и дедово му вика на газдата „дај смени ова пушти нешто интересно да гледаме“ (по Беровски едвај да разбереш :) )
Газдава отвара испод телевизорот, го вклучува видеото и пушта филм. Тие години видеата беа хит. Си викаме ок ќе гледаме филм макар и Рамбо 2 трети дел да е нема проблем. Почнува филмот, филмот ПОРКА. :drk: :vozbud: Квалитетна порка какви што се правеа 70-80 :), денешниве порки се тапа.
На мене и другар ми незгодно од татко му, на него уште понезгодно од нас. Само што имаше стигнато мезето и вторите пива.
Татко му поседе малку, го мавна набрзина пивото и со изговор дека му се приспа си отиде. Не остави нас да седиме да дојадеме и допиеме. (y)
Шоуто што ни приреди дедото не се заборава. Толку сочно го кометираше филмот, повремено обраќајки се кон внучкото за потврда на кажаното, не згази од смеење онака до солзи. Беровски дијалект е извор непресушен, за пцовки и вулгарни зборови.
Уста не затвори дедото цел филм. Како што се возбуди сигурно и бабата вечерта добро си поминала. :свиркам:
Убаво си се опуштивме си го изгледавме филмот со “стручен“ коментар, немавме потреба ни од певаљка ни од стриптизета за дополнителен трошок. ;) Најдени напиени и окезени до уши се прибравме.

Биртии од ваков “калибар“ денес мислам дека веќе нема. На времето друг беше менталитетот на луѓето и од други причини идеа во биртија. Денес најчест муабет у биртиите е полиика.
Баш би сакал да отидам денес во биртија ама да има боемски, уметничко-филозовски шмек. Да расправам политика и од нервоза да се направам дрво, некако не ми е привлечно.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Во која населба на кое место?
Кај автобуската, покрај река...
Осумка е Клуб на Уметници (Така пишува на рекламата), не е биртија, јас го викав Наша Мала Клиника :P ...Не знам кое време го имаш фатено од Осумка, но никогаш не било класична биртија освен малку на почетокот кога имаше видео игри донесено од Победа и се играше табланет во едната соба, додека во другата беше билјардот, ама тоа беше пред 20 години.
Покасно по неколку години навистина Кокето и Перо Ждригло го направија супер место за билијард и муабет, билјард масата беше и е сеуште најдобра во градот, беше синоним за добро нескафе, и имаше супер клиентела. (Идеа скоро сите глумци од Војдан Чернодрински и неколку интересни друштва и можеше да си направиш лаф муабет, посебно за време на театарските игри беше хит место, тогаш Кокето ја намести и таблата Клуб на уметници).
Добро имаше и некои инциденти со Минде Чалнатио, ама тоа се во склоп за добра атмосфера.
После почнаа да се збираат многу цајкани од блиската станица, малку се раскараа со дел од некои стални муштерии од причина што не ги оставаа да си ги доиграат партиите и почна да се уништува местото.
Последно поминав пред една недела и освен Оштрото и Пири-Пири од дуќанот, другите беа сите врплани..
Преку ден и не личеше толку на биртија, во право си... не беше лошо за билијард. Ама колку пати го имам на вечер зачекано во таа фаза местото... Ептен биртискиот шмек го тераше. Сега незнам како е, одамна не сум бил.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
leandra

Дали знаеш за Олимпија-Ас од Снупи подолу ? хаха
 
М

Мартин`

Гостин
Правила на однесување во Кафана:
Ова се правила како треба да се однесувате во оваа установа. Се пренесуваат од колено на колено, а најдобар однос имаат оние со најдолго искуство.

Најдобар тутор е пријателот т.н. “кафански инвентар“.

Примери:

1. Седите во кафана, а на масата ви стои празна чашата. Конобарот доаѓа до масата и ви носи нова чаша ракија, а посегнува да ја земе празната.

- А, не,
шефе.

Ја префрлате новата ракија во старата чашка.

- Жената и чашката не се менуваат.

2. Точено пиво, бокал и две чаши. Средина на разговорот, пола испиени чаши. Еден од пријателите почнува да ги дополнува.

- Ехеј, чекај да допијам, полека...

- Ма подобро е кога е полна чашката куме, да те потсеќа дека треба да пиеш...

- Куме, запамти: чашата никогаш не ја дополнувај и жената никогаш не ја дое*увај! Почекајме да допијам.

Постојат и онакви кои сметаат дека наздравувањето со чаши мора да биде проследено со гледање во очи по секоја цена. Кафанџиите на крајот од вечерта не гледаат бела мачка пред очи, а камо ли да треба да ви ги најдат очите.

Ако сите пијат, пиеш и ти. Ако си уморен од работа, ако треба да станеш рано утредента, или ако едноставно не ти се пие – не си требал да доаѓаш ич!

Ако си закаснил, има за казна првите 2 да ги мавнеш на екс. И тоа без да се побуниш. Се побуниш ли - па ти не си маж бре!

Ако има жива музика, не нарачувај песни без да фрлиш паричка на музикантите. На пејачката – посебен третман (хартиен фишек во градникот).

Ако не си во форма и не си доволно пијан – или си педер или едноставно не си за во кафана, и нема да те викнат следен пат!

Како се одвива јадењето во кафана:

Прво една ракија на екс на суво. После следи мезе со ракија, шопска, мешана, ракија, втора тура салата, кисели пиперки и по некоја феферонка, ракија, пиперка во млеч, ракија.

Откако добро сте се подмачкале со мезето ќе удрите едно предјадење со некое добро пинџурче, ќебапче, нафорче. Во комбинација со ракија и пивце.

Главно јадење: Димени ребра, увијач, пиво, помфрит со нафора, уште некое пиво, плескавица, стек, вешалица, пиво, пивце, а може и по некое винце добро лизга со мевцето.

Десертот се прескокнува или се заменува со уште некоја течност.

:pos:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Честитки сите имавте одлични Дисертации од сега па во иднина го имате звањето Доктор за биртии.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
leandra

Дали знаеш за Олимпија-Ас од Снупи подолу ? хаха
Тоа беше единствената кафана која во доцните 90те имаше пејачка. После го отворија горе АС и со гужва од младината ги разбркаа пијаниците, па стана шема за пред искачање. Али го изгуби шмекот :)
Ас беше последната тврдина, кога и од таму ја избркаа пеачката и почнаа да го затвораат во 12/01ч, се префрли рајата по Росоман, Градско и Чашка. Тогаш беше и ЕНИ кафаната во Чашка после тунелчето веднаш лево. Два Галеби беше во тоа време ресторант, само овде имаше певајки.
Ligeia; ми кажуваше за некоја локална биртија во Дорутовец и тоа треба да се посети наскоро:)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Се молат децата со 4 излегувања во кафана да не коментираат за „биртии“.
Искрено, некои од „биртиите“ кои ги наведовте немаат допирна точка со тоа што навистина претставува една биртија.

XXL? Кебапчилница K? Крезмак? Роза? Дали сте вие нормални? Тоа што сте к'снале по некое кебапче и испиле 2-3 пива во овие кафани - не ги прави биртии. „XXL“ е солидно место за прејадување, „кебапчилница К“ исто така, „Крезмак“ е рибен ресторан...

„Биртија е место кај што учиш да пиеш Смедеревка“? Вау...

tumblr_m75t31UyJI1r49tev.jpg

Сусич, си ги испуштил децава... :)
 
Прегледај го приврзокот 48191

Сусич, си ги испуштил децава... :)
Крез Мак во мичурин пошто е во стара самопослуга , и до некаде амбиентот може да се нарече биртија ( барем пред едно 7/ 8 години) тој во Влае НЕ.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Крез Мак во мичурин пошто е во стара самопослуга , и до некаде амбиентот може да се нарече биртија ( барем пред едно 7/ 8 години) тој во Влае НЕ.
Крез - мак во Мичурин постои 6 години ќе да си грешка нешо, а мош и оддамна-уопште не си бил па затоа имаш грешно мислење. Комплетно реновиран рибен ресторан, во рибарски амбиент. Бајаги голем без цицлеста певаљка у минич до пич мене не ме асоцира на биртија.
П.С тој во Влае не постои веќе 2 години :pipi:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Крез - мак во Мичурин постои 6 години ќе да си грешка нешо, а мош и оддамна-уопште не си бил па затоа имаш грешно мислење. Комплетно реновиран рибен ресторан, во рибарски амбиент. Бајаги голем без цицлеста певаљка у минич до пич мене не ме асоцира на биртија.
А тој во Влае не постои веќе 2 години :pipi:
Одамна немам отидено ни во едниот ни во другиот,газдата Благоја се вика поречанец по потекло :icon_lol: дефинитивно постои повеќе од 6 години ( ако збориме за тој што е во старата самопослуга кај школото ) сега каков е не знам ама тогаш дефинитивно имаше жичка на биртија :pos::pipi:
Кога сме веќе тука во околината да ги спомнам и биртиичките позади скопски саем, тоест кај пролетер. 5 наредени едно до друго, за жал со затварањето на каросерија , комуна,пролетер останаа само уште две кај иле и кај ана
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Одамна немам отидено ни во едниот ни во другиот газдата Благоја се вика
:facepalm:

Знам дека ти е по мерка темава, ама од муабетов за Крезмак ништо не погоди... Да не збориш за друг Крезмак ти? :pos:
Газдата не се вика Благоја. Не е ни блиску до Благоја. Исто како што кафаната (рибниот ресторан) не е ни блиску до биртија.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
:facepalm:

Знам дека ти е по мерка темава, ама од муабетов за Крезмак ништо не погоди... Да не збориш за друг Крезмак ти? :pos:
Газдата не се вика Благоја. Не е ни блиску до Благоја. Исто како што кафаната (рибниот ресторан) не е ни блиску до биртија.
Кисел се бива можда се имаат променето и газди и амбиент и се ,зборам за некој поодамнешни времиња. 2006 последен пат бев. :pos:
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
:facepalm:

Знам дека ти е по мерка темава, ама од муабетов за Крезмак ништо не погоди... Да не збориш за друг Крезмак ти? :pos:
Газдата не се вика Благоја. Не е ни блиску до Благоја. Исто како што кафаната (рибниот ресторан) не е ни блиску до биртија.
Владо се вика газдата, јаде по 30 кебапчиња за доручек и нема врска со рибен ресторант. Обична биртија.
Самото тоа што служат кебачиња во рибен ресторант си кажува што е.

А да! Знае Владо по некогаш да меша вина, па може да ти донесе отворено со променета боја на виното, што значи мешал што му дојде до рака.

Роза, служат домашна ракија која можеш од келнерот да ја купиш литро 180 ден. за дома.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom