Ергенска / моминска вечер - се што треба да знаеш

  • Креатор на темата Креатор на темата tihoman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
10 септември 2011
Мислења
133
Поени од реакции
73
Возраст
38
Значи каде сте биле, колку луѓе, да се иде во стриптиз или не, дали има кај нас такви стриптиз барови каде ги има или да се изнајми стан или кај некој дома, дали тука или на страна?

Кој треба да плати за тоа дали нешто младоженецот или пак другарите кој се поканети го носат на нивна сметка.

Кој треба да го организира?

Според мене најдобро е да се изнајми комбе со возач, за да нема некој што ке се замара таа "кобна" вечер, би било добро и интересно сите да имаат исти мајчки или барем на младоженецот да му се направи некоја интересна у стилот на Game Over или сл.. да се иде во стриптиз итн...

Индивидуално е се ова и зависи од тоа колку ти е долга чергата но обидете се...

мислење идеи но најповеќе искуство :D

п.с сигурен сум дека има членови со големо искуство:cool:
 
кај нас ова нема ... уште едно нешто преземано од филмовите ...
 
Имам отидено како мал... Се чудев што им е интересно на големите кога на тетките им рипкаа газенцата и циценцата. :vozbud:
 
Мене ова со маичкиве ми е дел од некој амерички филм и воопшто не ми одговара за кај нас.
Се знае момачка и девојачка се иде у кафана, мажите ја викаат Волчица малку е скапа и лазат до дома. Жените викаат плех музика и пузат до дома. Маички, цветчиња, венчиња, дрн дрн.
Организирањето е на терет на најдобриот другар/ка, а плаќа младоженецот и невестата.
 
Значи каде сте биле

Или по дома или си изнајмуваш кафич/биртија. Ако изнајмуваш тогаш треба да се гледа да не е на отворено. Најдобри се оние позабутани што се затоа што ништо не се гледа од надвор. Само што секогаш ке испадне да платиш повеќе од што е потребно затоа што може да се случи пијан другар да скрши нешто.

колку луѓе

Најблиските другари по некој братучед два. Не го кани таткото на невестата.

да се иде во стриптиз или не

По мене не. Ако веќе сакате стриптизети јавете си се на телефон и викнете си ја кај што ке правите. Црна Мамба ви е добра. Хех, Црна Мамба......

Кој треба да плати за тоа дали нешто младоженецот или пак другарите кој се поканети го носат на нивна сметка.

Ако организираат другарите тогаш они плаќаат. Би било чудно за некој да организираш нешто па после откако се ќе заврши да му кажеш, "Ok Перо ја ојдов, ти плати". Ако младоженецот организира он си плаќа, секако би било учтиво да се понудиш да платиш ама ако од првпат те одбие откажи се и чувај пари. Денешнава економска ситуација и онака не е добра за арчење пари. Ако од претходно сите сте се договориле цехот да го платите прај се дека си пијан и дека не знаеш каде се наогаш. Ако си стварно пијан и не знаеш каде се наоѓаш уште подобро(y), такси ке ти платат.


Кој треба да го организира?

/quote]

Најчесто кумот. Или па сите си се договараат што треба.
 
Еднаш бев во нирвана во бисер кај кумот мој правеше ергенска. Тогаш волчица беше таму. Ама одамна беше тоа мислам дека не е таму веќе.
 
Минатото лето доживав нешто слично на филмот хенговер... од тогаш во нашето друштво одлучивме да ергенските се прават во ист стил. Има само неколку негативни страни на оваа забава.... повеќе пари се вложуваат за ергенската одколку за свадбата, ден после свадбата се оди на реновирање и чистење во станот, и зетот не е зет на свадбата (се осеќа како гостин, зш уште не знајт кај се наоѓат/не е свесен дека прајт свадба), а другото е екстра и незаборавно.
 
премногу сме традиционални околу венчавки ,а за ергенска и моминска вечер далеку сме од тие што праваат во западните земји значи ништо од спектакл:)
 
Немам размислувано на оваа тема, тек у 20ката влегов, ниту еден другар нема врзано опаш. Целата организацијата треба да е во рацете на кумот/кумата и најблиските пријатели, роднини кои ќе присуствуваат. Да го/ја соберат од дома младожењата и правац на славење. Добро е претходно да се праша и консултира особата околу некои посебни желби, доколку ги има, и при тоа да се земат во обзир при организирањето.

Имам видено интересна ергенска забава пред година-две во кабаре. Не ќе да беа повеќе од 8 души, сите беа облечени во хавајки и имаа од тие цветните ланци околу врат. Од пиле млеко имаше пред нив и си имаа аранжирано две трбушни плесачици кои им играа на двете маси. Во ориентален стил беа двете девојки облечени, со превези од очите надоле и еден куп мали џангорливи ствари имаа околу струковите. Супер си поминаа дечките, плесачиците им правеа филм цела вечер, испија еден тон алкохол, направија малце крш и си отидоа. Повеќе од тоа не се бара .. :icon_mrgr:
 
Кој не се изживеал како ерген ќе проба да надокнади на ергенска :drk::oops:
 
Кој не се изживеал како ерген ќе проба да надокнади на ергенска :drk::oops:
ех да бе и после младоженецот ќе сфати што пропуштил во животот и ќе се премисли,а сирота невеста ќе плаче и ајде кој ќе биде виновен:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom