Ами чаре ??
Си гласала не си гласала избори порано или покасно ке има.
Да се собереме,
неколку добри луѓе,да направиме една платформа зад која што ќе се обединиме а која што ќе биде различна од оние што сега се нудат, и да ја понудиме на избори,
со обврска за самораспуштање на движењето/партијата кога ќе ја оствари целта (понудената платформа).
Јас би понудил работи како:
-промена на изборниот систем,враќање на мешаниот (пропорционален + мнозински),вака парламентот за кур не го бива,само пушачи и плукачи се собрани таму.
-забрана на сите партиски фирми ќерки (унии на млади сили,жени,мени и остала багра).
-забрана за бавење со политика до одредена возраст (нешто слично како што е за претседател),да мораат младите прво да живеат во реалниот свет,па после кој сака,кога веќе ќе има некакво животно искуство може и со политика да се занимава.
-носење на закони со кои ќе се сведе на минимум рекламирањето на политичките партии и владата.
-воведување на непосредни избори за судии.
-сведување на државниот апарат на минимум,преку затварање на сите куропецачки агенции и министерства и преку отпуштање на администрација/или преку преполовување на платите на административците па на кого му се малку да си оди сам.
-оф-шор банкарски закони и амнестија на капиталот.
-укинување на акцизите на горивата и цигарите.
-легализирање на производство на лесни дроги(ова бара пошироко образложување,да не ја тупам сега)