Секогаш ме интересирало од кој Илир е земен ДНК за да се спореди со денешните народи вклучувајќи и Албанци.
ДНК може да ти каже од каде потекнуваш ако имаш ДНК од тој од чие потекло докажуваш дека си значи пример за утврдување на татковство земаш ДНК од родител и споредуваш со ДНК на детето.. Јас не знам кој како утврдил која е ДНК-та на некој Илир од пред 2000 години?
Ако те интересира, прашај ги нив имаш линк, е објаснето се, и јас исто така немам поим......и не знам толку многу англиски за да раберам некои термини.....
--- надополнето: 27 август 2012 во 20:47 ---
На али мислам дека се заебаваат со вас.
Сите историчари знат дека податоци и историии на балканот од кај 1000 години ПНЕ се ретки, скудни, и непроверени. Едноставно нема пишани извори нема сигурни докази нема речиси ништо, а камоли некој да каже пред 5000 години кој каков јазик зборувал. Тоа е мајтап и научно шарлатанство. Таму убаво ти стои дека е тоа ХИПОТЕЗА значи некоја претпоставка која нема цврсти научни докази, дека е не се маправени истражувања, дека е дело на БИОЛОЗИ кои ставија зборови од разни народи во компјутр и компјутерот после рачунал кој јазик кога и како настанал и се развил.
Вакви “докази“ имаш на секаде, имаш правници, електроинжењери, економисти, свештеници... кои нудат “несоборливи“ докази дека баш нивниот народ е овде најстар. Али науката се базира на докази, наоди. Такво нешто за јазиците овде пред иљадници години - нема. Така да тој линкот, научно не вреди ни пет пари.
Да бе, сега биолози ја направија студијата и не е точна, ништо не направиле, ставиле зборови на компојутер и играле игрици.....
ОВИЕ ДОКАЗИ, не се направени од правници, електроинжењери, економисти, свештеници кои нудат “несоборливи“ докази дека баш нивниот народ е овде најстар, ТУКУ НАУЧНИЦИ КОИ ТВРДАТ ДЕКА
Д Р У Г И НАРОДИ СЕ СТАРОСЕДЕЛЦИ ВО СОПСТВЕНИ ТЕРИТОРИИИ, ТИЕ НАУЧНИЦИ НЕ СЕ АЛБАНЦИ,...........
Да Да линкот не вреди научно пет пари,
NEWYORKTIMES.COM е локален медиуми кои објаваат башибузуци........
--- надополнето: 27 август 2012 во 21:01 ---
Aлбанополис или населба на албаноите (не албанци али блиску сме) е споменат кај Птоломеј и дадени се точни кординати каде се наоѓал. Но до денес не е пронајден. Таа населба се поврзува со келтското поминување низ овие предели, имено во 4 век ПНЕ келтите од својата шкотска преминале во европа и почнале да се движат па преку денешна франција, шпанија, италија поминале и низ балканот поточно албанија и по некое време заминале на исток и во мала азија. Населбата Албанополис е само спомената кај птоломеј, ја нема ни пред а ни по него. Најверојатно е тоа населба на келтско племе од шкотска Албанои, кое на својот поход тука основаао населба која кратко траела. Денес во шкотска го имаме Албинон, а кога стигнале на Кавказот, истите келтио се населиле таму во областа која до нивно доаѓање се викала Каш а од ко се населиле се сменало во Албанија. И денес така се вика. За Илирите имаме доста податоци , пошто беа тука, учествуваа во сите битни историски настани, се споменуваат по имиња илирските народи, нивни кралеви, некаде и обичаи, население се опишуваат војните со нив.... Имаме тауланти, Хелидонци, Сесарети, Абри, Партини, Енхелејци, Дасарети, Пенести, Пирусти, Лабеати, Сциротени, Доклеати, Мелкумани, Деремисти, Плераеи, Ардиеи, Даорси, Далмати, Либурни, Јапиди, Хистри, дардани....
Но нема Албанци. Единствен е помен на таа населба која се поклопува со поминување на Келти од Шкотска (Албинон) и нивното населување и создавање на областа Албанија. Нема помен за некој народ племе Албани или поточно Албанои некои нивни војни... крал... плаќање даноци..... Денешните Албанци можеби водат потекло од тие (претпоставка) Албанои, иако преголема дупка има од поменувањето на Албанополис од Птоломеј па до следното поменување на Албанци ( и тоа не како албанци) значи некои 1000 години штама имаме што е чудно ако тоа бил народ кој живеел тука се бавел со земјделство или со трговија имале контакти со соседни народи , подпаѓале под нечија власт требало да плаќа данок, бил регрутиран во војска... бил христијанизиран, требало да има некој епарх или црква... (од сето тоа нема ни помен)
Не сакам погрешно никој да ме сфати дека овде пишувањета се насочени кон некого, лично мене не ме погодува дали се моите претци или на некого, овде дојдени пред 1000 години или пред 3000 години. Секој дошол некогаш, се населил во некој период и почнал да создава и остава траги на своето постоење. Јас ја сакам историјата од научен аспект и ценам докази, факти, нешто што држи вода, има логика и може да се потврди преку записи или наоди. Али овде е се премногу исполитизирано и национализирано, од спорт, историја, економија, па и се воздржувам често да пишувам и давам коментари на историски теми.
Ми рече да најдам каде е употребено името албани пред 1000 во балканот, ти давам доказ, сега ми велиш само еднаш е спомнато од Птоломеј,
што треба да правам сега, два пати кога е спомнато???????
Кој историчар ја поврзил населбата со келтското поминување..........??????
И јас не сакам да се сфатам погрешно, не сакам да потврдам овде дека сме најстари овде, само се обидувам колку што можам да го скршам оправдувањето дека албнаците се дојденци и затоа не ги сакаме...........
Јас не ја сакам историја баш ич, глупаво е да се учи историја, некои велат дека ако не ја знаеш историјата, таа ќе ти се повтори........тоа за мене е голема фарса......
Историјата е инструмент за манипулирање на масата.........
Не знам дали знаеш но грците веќе не викаат дека албанците се дојденци, туку викаат дека албанскиот јазик всушност е грчки диалект..........
Да ти кажам право, во таа политизација најмногу вие страдате, јас ви давам доказ вие со сите сили се обидувате да го дескредитирате.........
Но најважно е да се даваат коментари и да има комуникација, важно треба да почнеме од некаде, затоа што мораме да се разбереме, немаме каде да бегаме, на крај краишта живееме во иста држава.............
--- надополнето: 27 август 2012 во 21:07 ---
1. Ова не е твитер туку форум, седни и размисли што сакаш да кажеш и на кого да одговориш и направи го тоа во еден пост, а не 100 пати да надополнуваш еден ист пост.
2. Јас многу убаво ти кажав што и како си постирал, ама ти изгледа не знаеш англиски.
Ако те радуваат компјутерски симулации правени од страна на БИОЛОЗИ за потеклото на ЈАЗИЦИТЕ тогаш бркај си работа на друго место.
Ако мојот одговор кон тебе си го видел на повеќе мои постови на кои сум и одговарал на други, тоа е твој проблем......
Како одлучи дека се радувам??//
И тоа не е само компјутерска симулација, туку научно истражување, доктори на науки го направија тоа..............
Можеби е и лоша претпоставка, но не е толку слепо случајно албанскиот да се стави до грчкиот......
--- надополнето: 27 август 2012 во 21:17 ---
Некако не ми изгледа можно некој народ да опстане неоткриен и непознат 1000 - 1400години. Не е ова Амазон па човечка нога да не стапнала таму. Овде бил средиштен дел и на Римското царство и на Византија. Имало градови, патишта, трговија, војни, земјоделие, даноци..... Ете пробај да замислиш народ в планина без контакт со никого 1000-1500 години. и тоа велиш малуброен народ. Аку ај на момент да претпоставиме дека беше така, тогаш значи дека ако почнале да слегуваат од недостапни планини и се шират некаде во 12 век кога византијците почнале прв пат да ги споменуваат - тоа значи дека денешните албанци на Косово, во Македонија, во Црна гора и Грција па дури и во поголемиот дел на Албанија - се доселеници. Се населиле таму многу покасно од Словените. Населбите градовите селата... на косово македонија, грција па и поголем дел од албанија - кој ги изградил и живеел во нив пред како што тврдиш ти да почнат Албанците да се шират и излегуваат на светлото на историјата?
Но и пред да дојдат словените овде во балканот имало градови и села, тие беа полни со луѓе....
се знае дека кога доаѓа агресорот домородното население бега да се скрие од зулуми, тоа го направија дел од албанците кои се спасиле од асимилација, па после словените почнаа да бидат множество и така почнаа некои градови да се преименуваат, некои да креират нови живеалишта а некои останаа исти имиња.........
со слабеењето на Византија и на словенските царства кои биле нападнати од надвершни сили, албанците почнаа да се прошират ВО СОПСТВЕНИТЕ ТЕРИТОРИИИ........