http://press24.mk/story/eva/lekuvanjeto-na-malechkata-eva-e-izmama
Еве што пишуваа 24
Лекувањето на малечката Ева е измама?
Крими | 27. август 2012 - 14:42
Документите со кои семејството на малата Ева бара помош од 25.000 евра за нејзино лекување во Бугарија, се фалсификувани?
Маргарита Цонзарова, директорката на Клиниката за детски болести и детска кардиологија, за 24 Вести денмантирала дека болницата бара пари за лекување на малото девојче.
Според сознанијата на телевизијата, документите со кои семејството бара пари од граѓаните се фалсификувани. Адресата и телефоните на документот кој го објави семејството Илиевски, не се совпаѓаат со податоците на болницата во Бугарија каде била лекувана малата Ева.
Кумановчанецот Дејан Илиевски, таткото на Ева, на официјалната страна на фејсбук за помош на неговата ќерка, првично побара од граѓаните да донираат 2.100 евра за итната операција на малото девојче, но, од скопската и бугарската клиника изјавиле дека ако Ева треба да се оперира, интервенцијата би била дури следната година, објави 24 Вести.
Во телефонски разговор, таткото на Ева, кој досега не се појави во јавноста, збунето изјавил дека станува збор за недоразбирање, додавајќи дека денеска ќе оди во Бугарија за да види каде е проблемот, пишуваат 24 Вести.
Од Клиниката за детски болести и од Фондот за здравство, најавиле дека со информации за настанот ќе излезат во текот на денот.