Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Шубоо сте се разиграле, душички <3
 
Ќе остане Давид, ич да не се секирате, пофраерски е да браниш во ПЛ. Сан е истиот тој весник што му искешира оштета на Роналдо зашто му извадија муабети дека се пијанчел пред натпревари па сега ако им верувате, ваш проблем. Иначе, Тотенхем сакаат да го купат Андерсон, САФ блокирал секакви понуди за трансфери на наши играчи освен нели Бербатов. Бил да го гледа овој талентов и еден новинар на Скај спорт вика дека почнале да земаат замав шпекулациите за Дембеле, дали сега дали идното лето, битно се интересираме за него.
Тоа Ферги царе, Андо покажа на првиве два меча сезонава дека има фудбал во него и можеме допрва да го гледаме најдоброто од него. Со Клеверли се незаменлив тандем со врзани очи можат да играат.

Бурсаспор се заинтересирани за да го земат Македа на позајмица, 1 милион фунти би коштала позајмицата доколку се оствари.

377034_10151096163399279_1462809801_n.jpg
 
Овој андо увек почнува да игра добро чим осеќа дека ќе лета. Страв ми е пак да не падне за некој месец, па тогаш на сред сезона да лета.
 
Затоа стариот нека го земе Дембеле да ја засили конкуренцијата во средината за да сите играчи даваат 100 % од нив.
П.С. mans зошто си ми го копирал аватарот? :D
 
Отворам фан-клубов, гледам се печурки, печурки...шо ви е бе луѓе?
 
Нели ви објасни Рале во темата за ПЛ дека до лани немаше навивачи на Сити, а сеа почнаа да никнат како печурки?? Затоа печкурки, не за друго :D.. Друго што не е јасно? :).. Само слабо поддршка.. xD
 
Леле ме изнасмеавте посабајле печурки ниедни.
Ајде сеа вака јас како дипломиран земјоделски инжинер агроном-агрокекономист малку да ја представам печурката од научен аспект.
Lactarius indigo

k.jpg


Лактариус индиго или солзна плава печурка е нов вид на печурка ,скоро откриена од докторот ManUtdChampions- долгогодишен кајганџија ...
По макотрпното барање на плавите печурки - конечно најде една ,па уште една итд.Кога тој ги пронајде почна да ги класифицира и то,заклучокот беше дека солзната печурка се појавила како резултат на еволуцијата на арапскиот свет кои по откривањето на нафтата и нејзината експлоатација се појавиле една - две - три нус појави.Првата била вишак кешарица ,а втората била НДРПАКПТ (немање друга работа па ај ке правам тим) и конечно третата која се појавила како резултат на втората,односно - денешните плави солзни печурки.
Карактеристиките на овие плави печурки се:
  1. Создадени се вештачки
  2. Не знаат за вистинска вредност и љубов
  3. Редовно солзат поради безброј пичини како: губење меч,немање верба,ништожност...
    CITYFANGIF.gif
  4. Имаат набиено голем број комплекси,ке споменам само неколку :
  • Сер Алекс Фергусон
  • Вејн Руни
  • Давид ДеГеа
  • Хауард Веб
  • 19 Премиер лигашки трофеи
  • 11 Фа купови
  • 4 лига купови
  • 19 комјунити шилд купови
  • 3 титули во лигата на шампиони
и уште многу други набиени комплекси.
5. Каде се наоѓаат? Епа печурки ко печурки никнуваат после секое :гомце: . Загрижувачки е фактот што во незначаен број се никнати и на наша почва тако звана Кајгана.

Зашто никнуваат кај нас?

Епа ниското ниво на интелигенција помешано со живеење во друга реалност,како и непрепознавање на вистинските вредности резултираат со појава на овие плави солзни печурки и затоа мора да се искоренат

Како да се искоренат?

Докторот ManUtdChampions нашол решение кое е доста едноставно: Прво поставете го овој банер во вашиот потпис
2nr0xs4.png

под него напишете LUHM - Love United Hate Mushrooms
и може да се додаде нешто по ваша желба. Но мора ова да се направи во што е можно поголем број за да се искоренат печурките

Се надевам дека упатството ке ви биде од голема корист и ке го имплементирате истото.
Ви благодарам и Позз (y)
 
Тоа Ферги царе, Андо покажа на првиве два меча сезонава дека има фудбал во него и можеме допрва да го гледаме најдоброто од него. Со Клеверли се незаменлив тандем со врзани очи можат да играат.

Бурсаспор се заинтересирани за да го земат Македа на позајмица, 1 милион фунти би коштала позајмицата доколку се оствари.

377034_10151096163399279_1462809801_n.jpg

ne mi cepkajte avatar :P
 
ako stvarno postoi covek(lugje) so od united presol za city da naviva treba da bide tepano toa i toa so lopata. kao od arm da prejdes u uck
 
И јас ја подржувам кампањата LUHM - Love United Hate Mushrooms. Ако има навивачи што од кај нас преминале во Сити тоа треба да се убе како што вика Цацко од К-15.:D
 
Ја не знам ни шо се замарате со таквите? :eek: Секој си има право да си навива за кој сака. Кај сака нека оди, ако сака и за Ал-Хилал нека навива ич *** не ме боли. Моментот на одмазда ќе биде ако ја освоиме титулата или ако победиме во меѓусебен натпревар, а вакви акции, банери....не знам шо ви е финтата...вака само повеќе внимание им давате, т.е. ги правите популарни, во центарот на вниманието. А што ако за 50 години од Јунајтед остане само просечен клуб од рангот на ВБА, Виган....а Сити дотогаш освои 15 пати ПЛ и 7 пати ЛШ?!?! Тогаш и вашите внуци ќе трчаат за Сити, а вие можи само да им раскажувате што бил Јунајтед на времето....зато ич *** да не ве боли кој ја заминал и сл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom