Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
НЕ сакам да бранам владава ни ништо ама ако споредам цените на бензинот во Европа во последните месеци можам да видам дека скоро сегде имаат слично поскапувајне како кај нас, опдносно трендовите се исти. Е сега Македонија нема нафта и од тој аспект не може де влиае но сепак производителите на бензин не ебаваат во здрав мозок со цената со помош на државата и тоа скоро во сите Европски земји. Зошто е тоа така? Ете на пример во Македонија ОКТА има монопол и има добри договори договори направено и со тоа ја креваат цената колку што можат. ОД друга страна регулаторната комисија секојпат им ја одобрува побараната цена за бензинити, како што читав еднаш овие сами пресметувале па регулаторната комисија само била надлежна да им одобри или ете теоретски и да им ја одбие побарачката што никојпат не се десило. Е сега зошто државите им се ортаци на тие компании? Па преку акцизата која секојпат е иста го полнат буџетот ама што исто така е важно: Се поголема цена автоматски и ДДВто на тој производ расте значи самата влада/држава од поскап бензин има директен ќар и во времинја каде што 90% од Европските држави имаат дефицит во буџетите тие пари се добредојдени, лесно заработени пари без труд односно грабеж на луѓето.
Што може државата да прави (ако сака)? На почеток би било добро формулата за пресметка на бензинот да се смени, како што читав во Македонија се пресметувало поред поскапата сорта која на берзите е околу 15-20 долари поскапа од поефтината. Второ да им се даде повеќе ингеренции на регулаторната комисија односно тие да ја пресметаат цената реално. Друго што може да направи државата е да ја намали акцизата за некој денар но да кажам дека секоје барајне за укинувајне наа истата е невозможна, секаде има акцизи и тој е фиксен курс мислам со години уназад, не е ни тоа проблемот туку проблемот го гледам исто така во данокот. Како што кажав дека државата со поголема цена зема повеќе данок. Е сега во буџетот има предвидено колку пари треба државата да собере од тој данок за бензин, на пример рачунаат со цена на бензин од 60МКД на литар но сега е 85МКД значи вишокот што ќе го земат од тоа нека го вратат преку намалувајне на данокот за бензин. Со овие мерки цената на бензинот может нема да достигне 50МКД но има простор да се намали за 10-15МКД. Е сега финтата е што производителите на бензин и владата се на иста страна и што владата мора да се одкаже од многу пари, тука и лежи најголемата пречка поред мене.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
проблемот е што стандардот на граѓаните никако да одлепи додека цените си се движат во некои нормални европски рамки.........јас сум буџетот да се полни,но истиот да се користи наменски и за равој,а не за приватни цели и полнење на партиски каси......европа не не сака ниту сме им од некаков приоритет и интерес,ако се намали цената на горивата што може да се постигне бидејќи половина од цената за литар бензин или дизел влегува во буџетот по стапка на акциза и ддв,тогаш нашите продукти би биле поконкурентни на пазарите,цените во продавниците би се нормализирале за наш стандард и народот би добил бенефити.........ама зошто кога поубаво е да имаш робови околу тебе место рамни на тебе

на крај краева пратеници,влади,регулаторни и останати ги избираме за да нио го олеснат животот а не да им овозможиме да се стават над нас - арно ама нашиот менталитет прифаќа што и да ни сервираат

е па на здравје мој народе
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
На берзите нафтата конечно падна. Но во понеделник повторно регулаторна кај нас ќе ја качи. Дури после 2 недели кај нас ќе ја намалат.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Нафта ќе се покачи од понеделник супер,ако си инвестирал во неа :)
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
На берзите нафтата конечно падна. Но во понеделник повторно регулаторна кај нас ќе ја качи. Дури после 2 недели кај нас ќе ја намалат.
Фаќа на време кај нас регулаторната , што поише тоа подлабок џеб .....
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Викаат дека од понеделник 5 денари ќе рипнело...
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Викаат дека од понеделник 5 денари ќе рипнело...
Можно е кожу им еб*м знаат сега дека ќе треба да ги намалуваат цените за 2 недели па да подзакољаат уште малце... :cautious:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ова веќе со бензинот сите граници ги премина...Копилиња скапани...За ваков стандард како нашиов ова е невидена пљачка...
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Ова веќе со бензинот сите граници ги премина...Копилиња скапани...За ваков стандард како нашиов ова е невидена пљачка...
Чекај бе прво да го објават поскапувањето :ROFLMAO:
 
Член од
9 март 2012
Мислења
175
Поени од реакции
249
„Скајмк“: За 5 денари поскапуваат бензините, а еврото ќе биде 75 денари

Утре регулаторната комисија ќе ги одреди новите цени на горивата каде според сознанија на порталот „Скајмк“ се очекува поскапување на бензините за сума од три до пет денари по литар.
До крајот на септември реално е да се очекува достигнување на 100 денари за литар бензин, велат изворите од регулаторната комисија за „Скајмк“. Деновиве опозициската СДСМ поднесе предлог интерпелација за разрешување на претседателот на регулаторното тело, поради поскапувањето на струјата и горивата.
Во друга пак информација на овој портал, се вели дека владата секој месец се задолжува со стотици милиони евра за да може да ги исплати платите на повеќе од педесет илјади „партиски цицачи“ на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, од сто и четириесет илјадната администрација, но пари нема ниту за пензии. Сето ова се случува кога владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој пензиите се намалуваат за 8 проценти на сите пензионери кои од овој месец заминуваат во пензија. Деновиве, се погласна е темата за инфлацијацијата.
Доколку се остварат најавите дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промени вредноста на еврото од 61,5 на 75 денари тоа ќе значи помала вредност на платите за цели 25 проценти.

:свиркам::свиркам::свиркам:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Од утре повторно поскапуваат бензините?!

Нов ценовен шок за граѓаните од утре повторно поскауваат бензините. Според информации на 24 Вести, цените ќе се зголемат од 2 и пол до 3 и пол денари по литар, во зависност од видот на горивото.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.647
Официјална е најавава!?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom