Како да се задржат младите во државава

Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Farang вие во Австралија немате ли Македонска поддршка очи ми течат додека те читам.
не се секирај, ќе биди и кај нас како во Австралија. Важно овде ни се роднините, пријателите, а таму е туѓина пуста, тежок живот...бла, бла.
Нас не не пуштија на времето иначе сега ќе се фалев од некој ранч од Естрејлија. Ако ништо друго еден паразит помалку за ранење :)
Ма камо да можат сите млади кој сака да излезе, да проба. Нема да му е запечатена судбината да трага по државна работа со 15 тегли ајвар, 20 шишиња сок, 5 кубици дрва и 2 соби во заедничка барака со браќата и родителите.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Синоличка пишува на темава
убаво што некој пишува за овој проблем
нооооооо, чекај нели Синоличка замина во старанство во потрага по поубава иднина
живееше неколку години,,, И ....што се вратила? медот го изедоа мечките ли- па за неа не остана да касне?
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Со нова стратегија Владата ќе се бори против масовното иселување

Македонија пред историска пресвртница

Според директорката Болога, Македонија сè уште има можност да профитира од младото и активно население, како азиските земји (Кина и Индија), кои на крилата на големиот процент активно население направија економски „бум“.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/87089/so_nova_strategija_vladata_kje_se_bori_protiv_masovnoto_iseluvanje.aspx
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Со нова стратегија Владата ќе се бори против масовното иселување

Македонија пред историска пресвртница

Според директорката Болога, Македонија сè уште има можност да профитира од младото и активно население, како азиските земји (Кина и Индија), кои на крилата на големиот процент активно население направија економски „бум“.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/87089/so_nova_strategija_vladata_kje_se_bori_protiv_masovnoto_iseluvanje.aspx
Ова се коментарите на луѓето:
  • Бариери наспроти можности
    Објавено на 25.08.2012, од Горан
    Можностите се секогаш тука, но преголеми се бариерите млад човек трпеливо да се прилагодува на државните гладни манијаци за казни и даноци !

    Наспроти тоа, свеста за сопствената вредност, свој бизнис, плата, приход, воопшто финансиска култура е прениска кај младите, за да бидат двигател на економијата.

    Најпосле, кога државата би ја оставиле, а младите би се посветиле на својата бизнис писменост, и државата радосна ќе биде, и младите ќе бидат моќни преговарачи за бизнис услови, Бизнисот ќе има друга димензија.

    Се додека чекаме државата да направи бизнис амбиент, а нема бизнис свест на младиот човек, и се додека СИГУРНАТА РАБОТА во најсигурниот работодавач во државава - Владата, е клуч за ЕГЗИСТЕНЦИЈА, и овие проценти се илузија. Како што сме тргнале, сите ќе се пензионираме и ќе чекаме државата да не плати, а сите надвор ќе живеат од својот труд, вложено време, знаење, вештини. Затоа што таму надвор, некој пред нас се изборил за сето ова, а сега е само процес на надградба !!!
  • za sekogo državna fotelja
    Објавено на 25.08.2012, од stojan
    Site mladi da se zaposlat vo javnata administracija da ležat i ništo da ne rabotat i da imaat ubavi plati.Pa neli zatoa se otvorija stotici fakulteti po opštestveni nauki niz cela Makedonija. Samo taka ke se zadržat mladite tuka,partiskite vojničinja sto se nacukaa vo javniot sektor sigurno ne gi interesira jabana.
  • Krairanje na uslovi za podobar zivot
    Објавено на 25.08.2012, од Slobdni i prosperitetni
    Vladata ne treba da se mesa vo zivotot na vozrasnite luge. Sve sto pravi vladata, gi mesa totalno rabotite. Vladata treba da im obezbedi podobri uslovi na lugeto a ne da pravi nekakvi si glupavi kampanji. Bez potrebni se sekakvi strategii ako lugeto nemaat uslovi dobri za zivot. Pred se ova go mislam vo ekonomska smisla. Dajte im na lugeto povolni krediti preku Makedonska banka za obnova i razvoj. Vladata treba da gi vrati site pari na bankite sto gi dolzi. Togas ke vidite kako makedonskiot narod nema da saka da se isluva. Zatoa sto nigde ne e kako sto doma e. Nisto podobri ne se tie na Zapad, samo im pruzaat poveke uslovi na svoite gragjani.
  • Son
    Објавено на 24.08.2012, од Saso
    So prakanje na reketari po firmi vo forma na inspekcii i ztvaranje na pola firmi vo drzavata,prazni trgoski centri sigurno ke gi zadrzime mladite.
  • site magla
    Објавено на 24.08.2012, од sasho
    site ke si odat, pocnavte da placite, sega nema vrakanje, site po svojata sreka
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ова се коментарите на луѓето:
Објавено на 24.08.2012, од sasho
  • site ke si odat, pocnavte da placite, sega nema vrakanje, site po svojata sreka
Последниов коментар ја долови суштината.Со тоа што ви се случува во МКД, нема теоретски шанси некој да се премисли за останување или пак за враќање назад.
Пандорината кутија е веќе отворена, не верувам дека Гујо или кој било ќе успее да ја затвори.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Додека не бидеме сведоци на подрастични општествени промени, поголема либерализација на нашиот пазар, конкурентност, ефикасно судство, намалување на давачки и казни, младите кои немаат некое поголемо наследство или не успеале да најдат работа во некоја од посилните фирми или самостојно ќе си одат од државата.
И тоа не треба никој да го суди, секој треба да си ја бара индивидуалната среќа таму каде е најдобро за него.
Државата и нацијата и така се категории кои не треба да имаат некакво значење, важно е секој човек за себе да си мисли.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
За мене поубава земја од Македонија нема,нити ќе има,само овде се чувствувам убаво,ама само поради фактот што е моја земја.Државата како формат е за никаде,,политиката е срање,системот е крах,ама тоа е друга песна.Јас работам приватно,завршив факултет како и секоја втора личност во државава и можам комотно да се измочам на дипломата.Образовниот систем ни е катастрофа,сите станавме учени,а овците нема кој да ги чува.Би му препорачал на умешен/снаодлив човек никогаш да не губи време и пари на факултет,ако планира да останува во Македонија,освен ако не е тоа некоја лична сатисфакција.Јас не се жалам од работата,дај боже се повеќе нека ја има само што не стигаат парите.Господ здравје да им даде на моите,што ми обезбедиле место за живеење,т.е што тоа гајле ми е тргнато иначе ќе сисав весла.Си кажувам дека во ова време јас да бев под кирија,којзнае на кој брод ќе бев до сега.Со овие пари што ги заработувам и овие трошоци што сите ги имаме,би ми требало минимум 30 години за да си обезбедам 60 квадрати мочан стан.Ги разбирам сите што бегаат од државава,толку е неправеден системот во кој живееме што неможеш ни една фамилија да изгураш,ни жена да задржиш.Што мислите луѓе,разводиве кои се во огромен раст,се од курташак?Не бе брат,нема пари,нема иднина.Гледаш млади дечки со коли по 70-80.000 евра и ти паѓа тешко човече,треба да си морон тоа да не те тангира.Класните разлики се огромни тука,огромни.Уште па ако си криминалец добиваш статус на успешен човек,им фуфка на сите комшии од тебе бидејки не те гони закон,врзан си со горните.Во оваа држава,најчесно да си разјасниме може да се "успее" само со криминал.Само со криминал можеш да успееш да извадиш Германски стандард,само со криминал нема да те тангираат цените на производите,бензинот,струјата,парното итн.Остајте овие партискиве прдежи што викаат убаво им е,нормално се дур не напраи детенце.Дур седи кај мама и кај тато,тие 500 евриќи што ги зима зашто лежи на работа му се доволно за лумпување навечер.Сите се запнале државно да работат.Земаа книшки,дипломираа во партија и сега четворица седат на биро каде што треба еден да работи.Епа мојот данок го јадеш бе мамата,што сакаш да ти речам браво?Па пизда му матер,со проштење на израз,со пишливи 500 евра ли ќе праиш фамилија?Ајде мајсторе земи ти 500 евра,жена ти ќе работи за 200,700 евра епа удри ја математиката ако имаш едно дете,удри ако си под кирија,стави тука школо,градинка,струја,парно,дрва.Епа ај минусирај и провери дали ќе заштедиш за стан.Секој може да отиде да поработи надвор,ама не се враќаат зашто е депресивно овде,крајно депресивно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Како да ги задржиш младите во државава? Едноставно, обезбеди им пристојни услови за студирање. Не да зборуваш колку си модерен, напреден, со нови методи на испитување и слично. Не ги фрустирирај младите, натерај ги да го сакаат тоа што го работат, мотивирај ги да бидат гладни за уште. Нашите факултети, посебно акцент ќе ставам на Правниот факултет прават се за да те демотивираат, да те убијат, да ти ја угасат желбата и мотивацијата.

Паметам колку бев среќна на почеток, го обожавав факултетот, предавањата, сакав да учам. Од година на година, станував само поразочарана и поразочарана. Отидов на мастер студии, каде одреден профил на т.н професори 3 месеци си играше мајтап со мене и никаде го немаше да ми даде оцена, закажуваше предавања на - 10 на кои не се ни појавуваше. Еве веќе треба да пишувам мастер теза, комплицираат со глупави административни работи, наместо да ја олеснат бирократијата. И покрај тоа што ги имам сите оцени, треба од почеток да одам кај сите професори за да ме запишат компјутерски иако тоа требаше одамна да биде направено.

Од девојчето кое со радост одеше секој ден на факултет и читаше секој ден, се претворив во апатична особа на која и е сеедно дали ќе ги заврши мастер студиите и со главата веќе сум некаде надвор, нешто што пред една година немаше шанси да го кажам. Од секогаш се гледав себеси во Македонија, каде ќе придонесувам на општеството.

Година подоцна, јас сум исфрустрирана, го мразам факултетот и со радост го чекам денот кога ќе ја добијам мастер дипломата и никогаш повеќе да не стапнам таму назад. Буквално кога ќе излезам нема да се свртам назад, зашо ми се гади. Затоа што намерно и систематски од идеалисти прават зомбија кои одвај чекаат само да завршат и да не се замараат со ништо.

Ретки се тие професори кои не поттикнуваа да бидеме повеќе, да правиме повеќе... Нив секоја им чест. На останатите - алал да ви е, полн факултет снобови и арогантни и суетни личности без нималку љубов за професијата професор, туку тука се само за да ги имаат бенефициите од позицијата која ја имаат.
Порано планирав и докторатот да си го продолжам на Правен, кога веќе сум почнала - да завршам.
Сега?
Сега нема шанси.
Сега велам: Чекај, да им дадам 6000 евра минимум за да дополнително ме исфрустираат? А не брате, можам сама себе да се исфрустрирам и искомплексирам и за тоа не морам никому да му полагам сметки, ниту да му плаќам, бесплатно можам да си го направам тоа. Докторат - надвор, макар било тоа во најблиската земја, ма да колку сум разочарана би било добро тоа да е што подалеку од државава.

Ете драги мои, ете како да се спречи излив на мозоци.
Со тоа што нема да ги фрустрираш, газиш, гмечиш, понижуваш, демотивираш.
Со тоа што ќе изградиш еден фин и пристоен образовен систем, каде студентите ќе го имаат тоа што им припаѓа ним - ИДЕАЛИЗМОТ.
Не барам да бидеме како Оксфорд, Кембриџ, Харвард, ама очекувам достоинствено однесување за држава која се стреми да оди напред. А не да ги дотолчуваш младите луѓе и после се чудиш зашо сите сакаат надвор.
 
V

viktora

Гостин
Па 90% од младите ги направија со факултет, и сега кој ќе работи аргатски работи?Кој високообразуван би работел во фабрика,конфекција,градежништво,угостителство???Сите тие 90% очекуваат фотељи а не мотики.Е затоа ја губиме младината сите се научени лежи јади и спи.Видите само по рестораниве и кафулинава полни се со младина кои се невработени и со сто денари во џеб се прават интелектуалци бизнисмени а се гребат цигари или се прават на тошо да не платат сметка.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.879
Поени од реакции
23.280
Гледам се испотепаја да заминат. Ред неможиме да фатиме од нив на граница. Само гужви прават.
Нека одат кој ги држи, дај боже да успеат. Не се ни први ни последни.Барем за Битола како печалбарски град тоа е сосем нормална појава и не гледам причина да се прави фама околу тоа.
По муабетот испаѓа аман ако не ни обезбедите се најдобро како во Шведска ке заминиме и што ке правите без нас. Прашањето е што ке правиме со вас, а не без вас. Како ете завршивме факултет( гоооолема работа сте направиле, просто незнам како успеавте тука да завршите факултет, од 10 девет имаат завршено) и ептен сме специјализирани, високообразовани и продуктивни, а од друга страна на ѕидот 5 овци да ви нацртаат ке ги загините.
Само тој што е за бегање ке си замини ни ке го чуеш ни ке го видиш, а најмалце да најавува по форуми 5 години унапред дека ке бегал, а уште ни пасош нема. Ако не замините со родителите ,сами немате мадиња во друг град да се преселите, не пак во друга држава. Ај баш ме интерсира по неколку години дали ке биди празно по улици како сега за време на годишните одмори, пошто нели сите ке замините.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Гледам се испотепаја да заминат. Ред неможиме да фатиме од нив на граница. Само гужви прават.
Нека одат кој ги држи, дај боже да успеат. Не се ни први ни последни.Барем за Битола како печалбарски град тоа е сосем нормална појава и не гледам причина да се прави фама околу тоа.
По муабетот испаѓа аман ако не ни обезбедите се најдобро како во Шведска ке заминиме и што ке правите без нас. Прашањето е што ке правиме со вас, а не без вас. Како ете завршивме факултет( гоооолема работа сте направиле, просто незнам како успеавте тука да завршите факултет, од 10 девет имаат завршено) и ептен сме специјализирани, високообразовани и продуктивни, а од друга страна на ѕидот 5 овци да ви нацртаат ке ги загините.
Само тој што е за бегање ке си замини ни ке го чуеш ни ке го видиш, а најмалце да најавува по форуми 5 години унапред дека ке бегал, а уште ни пасош нема. Ако не замините со родителите ,сами немате мадиња во друг град да се преселите, не пак во друга држава. Ај баш ме интерсира по неколку години дали ке биди празно по улици како сега за време на годишните одмори, пошто нели сите ке замините.
Не си свесен колку не си во право. Пола Македонија е празна, освен Скопје.
Ќе те прашам кога ќе отидеш во пензија од каде ќе ти се исплатува пензијата, кога ќе снема млади да го полнат фондот.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.879
Поени од реакции
23.280
Не си свесен колку не си во право. Пола Македонија е празна, освен Скопје.
Ќе те прашам кога ќе отидеш во пензија од каде ќе ти се исплатува пензијата, кога ќе снема млади да го полнат фондот.
Го отепаја полнење, незнајме на парите што да му правиме од тие што придонесуваат во фондот.
Море речи да се здрави и живи бабти и дедоти што земаат пензија, пола тука не ке можеја ни интернет да си платат.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Море речи да се здрави и живи бабти и дедоти што земаат пензија
Џабе ќе речам, нити се здрави нити се живи од поодамна.

Половина од врсниците ми се заминати во странство, било да е за постојано или пак на печалба. Мене ова ме плаши, а мислам дека и тебе треба да те замисли.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Џабе ќе речам, нити се здрави нити се живи од поодамна.

Половина од врсниците ми се заминати во странство, било да е за постојано или пак на печалба. Мене ова ме плаши, а мислам дека и тебе треба да те замисли.
помалце мислење,повеќе решителност - далеку сме од држава која обеќава некаков просперитет и иднина за чесните и работливите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom