ГИВГИЛИЈА

_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
Едно прашање за оние кои почесто патуваат на релација Ск-Гевгелија:
Кога е последниот автобус за Гевгелија од Скопје на 31.12.2011 ?
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.989
Поени од реакции
1.272
Македонскиот југ ја живее грчката криза


Кризата не ја чувствуваат единствено казината и забните ординации во Гевгелија – Грци чекаат ред за игра на автомат и за поправка на заби. Тие сѐ уште се редовни муштерии на гевгелиските трговци, но ако порано доаѓале со 100 евра на пазар, сега доаѓаат со 20



Грците се ценкаат како никогаш
За Гевгелија, градот на калинките и на смоквите, жителите до скоро велеа дека е мало место на југ, со само една улица - од станица до граница. Тоа време сега е минато. Градот под Вардарски рид денес живее динамично, расте и се шири, се богати со нови градби, хотели и казина... Далеку е од Лас Вегас, како што некои го нарекуваат, но повеќе не е ниту земјоделски град, кога луѓето живееја исклучиво од одгледување и производство на зеленчук. Наместо да им помагаат на родителите на нивите, многу млади гевгеличани сега добро заработуваат работејќи во казината што се отворија последниве години, кои најголемиот профит го прават од грчките клиенти.

Двојазичноста е првото нешто што паѓа в очи на влезот во градот. Гостите ги пречекува натпис испишан на македонски и на грчки јазик „Добредојдовте во општината Гевгелија“. Имињата на новоотворените забни ординации што ги среќававме патем, освен на македонски, имаат и превод на грчки. Дури и работното време на вратите на некои од маркетите и од ординациите е напишано на двата јазика. На билбордите, пак, на кои се рекламираат казината и попустите што тие ги нудат, текстот е испишан само на грчки јазик. За да разберат Грците, оти тие се главни гости во гевгелиските хотели и казина.

Прометот ни зависи од нив, коментираат гевгеличани. И навистина е така, Грците што живеат во Егејска Македонија им се редовни муштерии на гевгелиските трговци. Но кризата низ која минува нашиот јужен сосед сериозно го намалува прометот на пазарџиите, чевларите, берберите. Не ги одминува единствено стоматолозите и хотелиерите, кои имаат полни раце работа.

Во „Лидл“ едно евро, тука две

На пазарот во Гевгелија затекнавме само четворица пазарџии, кои на своите тезги продаваа зеленчук и овошје.

- Најмногу работа имаме во четврток, кога е пазарен ден. Тогаш сите тезги се полни, муштериите се и наши и Грци. Но Грците ако порано купуваа вреќи компири, сега земаат по килограм-две и си одат. Се ценкаат, ми велат „доро, доро“, а тоа значи да им ставам бакшиш зеленчук или овошје во ќесето. Килограм пиперки чини 120 денари, а ми бараат да им го продадам за 60, оти во „Лидл“ (синџир супермаркети, з.н.), велат, чинеле толку. Ако е така, им велам, што не си купите во „Лидл“ – раскажува гевгеличанецот Живко.

За половина час, колку што разговараме со пазарџиите, дојдоа вкупно тројца муштерии, од кои само еден беше Грк. Купи половина килограм мелен црвен пипер. Плати во евра и не се ценкаше.
Иако гевгеличани тврдат дека имаат најскап зелен пазар во Македонија, цените се речиси исти како и на пазарите во Скопје – килограм пиперки се продава за 120 денари, бананите се 50 денари, компирот и кромидот се по 25 денари, а брокулата чини 80 денари.

Ако тие кивнат, ние добиваме бронхитис

Само еден автомобил беше со македонски регистарски таблички на паркинзите на двата луксузни хотел-казина „Фламинго“ и „Принцес“, кои се наоѓаат на граничниот премин Богородица. Преплавени беа со автомобили со грчки таблички. Само на паркингот на „Принцес“ беа паркирани осумдесетина. На билбордот пред овој хотел-казино, кој е турска инвестиција, пишува дека дента нудат бонус од 10 евра за автоматите за игри на среќа. Внатре, пак, река народ се упатува кон казиното. Зборуваат грчки.

Кога прашавме една од вработените дали имаат помалку или повеќе работа за разлика од порано, таа ни одговори:

– Еве, сами гледате дали нема работа. Денеска баш нудиме бонус и тие доаѓаат да играат, да си ја пробаат среќата!

Сликата во градот беше различна од онаа што ја затекнавме на граничниот премин. На паркингот пред хотел-казиното „Аполонија“, поранешно „Југо“, кое се наоѓа во центарот на Гевгелија, има неколку автомобили со грчки таблички. Ова е најстарото казино, кое функционира од 1984 година.

Аце Ристовски, кој работи во него, вели дека е заблуда тврдењето дека во услови на криза цветаат проституцијата и комарот.

- Не е така. Деведесет и девет отсто од клиентите ни се Грци. Зависиме од нив. Ако тие кивнат, ние добиваме бронхитис. Нив ги има, се коцкаат, но не како што ги имаше до пред неколку месеци. Сегашнава ситуација е - кој ќе преживее ќе раскажува. Лани поради кризата бевме принудени да отпуштиме стотина вработени – вели Ристовски.

Тој вели дека за една година во сите казина во градот, без „Принцес“, кој е релативно нов хотел, имало околу 400.000 посети, а годишниот приход бил повеќе од 40 милиони евра. „Аполонија“ на секои шест години на Министерството за финансии има законска обврска да му плати повеќе од 600.000 евра за да ја обнови лиценцата за работа.

- Процентот на заработка ни е паднат од 15 до 20 отсто. Ако клиент од Грција доаѓал да се коцка со 100 евра, сега доаѓа со 20 евра – додава Ристовски.

Купуваат „аспирин“ и јунешко месо

И месарниците, продавниците за облека и обувки ја живеат грчката криза. Нивните сопственици велат дека до пред Нова година Грците трошеле повеќе пари, за разлика од сега, кога трошат и тројно помалку.
- Сѐ помалку ги има во градот. Се случуваше муштерија од Грција да купи наши производи и за 100 евра, но сега не е така. Сега троши 20 евра. Секогаш се ценкаат, иако цените се пред производите. Најмногу бараат јунешко месо – велат во месарницата „Промес“.

Во аптеките, пак, најмногу го бараат лекот „аспирин“. Една од фармацевтките во аптеката „Еурофарм“ вели дека овој лек е најбаран оти фирмата што го произведува, немала свои производи на пазарот во Грција.

- Освен тоа, купуваат и козметика, оти им е поевтина кај нас. Но „аспирин“ купуваат и по неколку пакетчиња – вели таа.

Дека Грците се „проретчени“ изминативе месеци велат и во продавниците за обувки и за облека.

- Многу слабо доаѓаат во последно време. Но и кога се овде се ценкаат повеќе од вообичаено. Ако едни чизми чинат 2.400 денари, тие бараат да ги земат за 400-500 денари помалку – вели продавач на обувки.
Во маркетите, пак, грчките потрошувачи што порано не внимавале на цените, сега бараат поевтини производи.

- Ако купувале „ариел“, сега купуваат „оливер“, кој е поевтин. Не купуваат во големи количества, оти на граница им ја одземаат стоката. Грците си го штитат своето производство – велат во еден од поголемите маркети во градот.

Се перчат со македонски заби

Сигурно нема да згрешите ако отворите забна ординација во Гевгелија. Нема зима за стоматолошките ординации, оти на Грците им се многу поевтини услугите во Македонија. Постојано никнуваат нови. „Корона дентал“, „Ендомак“, „Вита-дент“ се некои од нив. Ги затекнавме заболекарите со полни раце работа. Пред ординациите паркирани автомобили со грчки регистарски таблички. Сестрите велат дека ги бараат сите услуги, но некогаш доаѓаат и само да си ги дотераат забите.

- Некогаш бараат да си ги избелат забите или да го исчистат забниот камен, но најчесто бараат пломбирање – вели персоналот.

Ги нема во Струмица

Во Струмица, за разлика од Гевгелија, не видовме ниту еден автомобил со грчки таблички. Струмичките трговци и пазарџии се жалат дека Грците ги нема во градот како што ги имало порано. Во една локална продавница за облека велат дека се ценкале како никогаш досега.

- Ако го споредам овој период со истиот лани, можам да кажам дека бројот на грчки муштерии е значително намален. Не ми се многу омилени, оти претеруваат со ценкањето. Бетер се од нашите. Сѐ им е скапо, само бараат да платат помалку. Најмногу купуваат вратоврски, кои чинат 300 денари – вели продавачката во „Нева“.

Во трговскиот центар „Глобал“ беше полно, но со наши муштерии. Пазарџиите велат дека нема работа како некогаш, кога со комбиња и со автобуси Грци доаѓале од граница во Струмица. Кафулињата и рестораните во трговскиот центар беа преполни, но Грци немаше.

- Минатата сабота, кога ни е пазарен ден, во мојата продавница дојде само еден Грк. Дошол, рече, само на прошетка – вели продавачка на зеленчук.

Струмичките трговци можеби немаат грчки муштерии, но општинарите најавуваат две нови грчки инвестиции во градот. Тони Милушев, раководителот на одделението за локален и економски развој, вели дека во последниве четири месеци бил зголемен интересот за инвестирање во Струмица кај грчките бизнисмени.

- Поради актуелната криза и грчката политика, сепак, се чувствува некакво намалување на бројот на грчки гости во градот, но интересот за инвестирање од страна на грчки компании не е намален. Две грчки компании ќе инвестираат во индустриската зона Сачево. Едната ќе биде предилница со бојаџилница, а другата ќе произведува кроасани – информира Милушев.

Тој додава дека во 2010 година општинарите се обиделе да соработуваат со Грција, но кај Грците немало интерес за соработка. Затоа, во последниве две години Струмица интензивно соработува со Бугарија.

Битолските забари мака мачат со ценкачите

Во Битола не се чувствува голема разлика во потрошувачката пред и по грчката криза. Во градот е раздвижено, на Широк сокак се слуша понекој како зборува грчки. Најмногу ги има во пазарен ден, во петок и во сабота, а доаѓаат од Лерин, Костур и од другите населени места што се наоѓаат во северна Грција.


Пред пет-шест месеци битолските стоматолози имале повеќе работа со Грци отколку сега. Д-р Димитар Наумовски вели дека, поради кризата, ценкањето е главниот дел од комуникацијата.

- Ти му велиш дека треба да плати 250 денари, тој упорно бара да плати 200 денари. И така на секое доаѓање – вели д-р Наумовски.

Сопствениците на битолските казина велат дека гевгелиските „Фламинго“ и „Принцес“ им ги земаат клиентите.

- Таму одат Грци, а кај нас Македонци од Егејска Македонија – вели сопственик на битолско електронско казино.

Франгов: Не е арно кога мечката игра кај комшијата
Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, вели дека не е добро кога соседна држава е во криза.
- Никогаш не знаете кога мечката може да заигра и во вашиот двор. Нашиот град зависи многу од парите на Грците. Недоаѓање во дуќани и во ординации не е добро. Но тие, и покрај кризата, се интересираат за купување земјиште за да инвестираат овде – вели Франгов.
Со македонска и странска инвестиција наскоро треба да почне да се градат хотел, казино и луксузен спа-центар во близината на селото Смоквица, најавува Франгов.
--- надополнето: 6 март 2012 во 12:39 ---
http://www.time.mk/read/3db52bd939/c455d0092f/index.html
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Абе автобуската уште не ви работи? :mad:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Градскиот пазар и автобуската станица ќе бидат дислоцирани, а на нивно место ќе се гради нов градски плоштад кој според понудените идејни решенија треба да биде со површина од 5000 метри квадтратни.
Под него е предвидено изградба на подземна гаража а над неа летна сцена на три нивоа, пространо шеталиште, фонтана и зелени површини.
Идејата за изградба на нов градски плоштад доаѓа на иницијатива на самите граѓани, велат од локалната самоуправа.
- Тоа фали. Гевгелија нема буквално такво плоштадно место кое што би наликувало на тоа што ни треба во Гевгелија, едно пошироко плоштадно подрачје за прочетки, за среќавања, за манифестации, вели Иван Франгов – градоначалник на општина Гевгелија
Со реализација на новиот плоштад, покрај тоа што централниот дел на градот ќе добие модерен и современ изглед треба да се реши и проблемот со сообраќајот и паркирањето во истиот кој претставува еден од најгорливите проблеми во последните години.
- Со тоа и ќе ни се растеретат гужвите сообраќајни кои што ги имаме пазарните денови и нормално во централно градско подрачје кога влегува автобус се прави гужва, а сега ќе ја имаме автобуската станица веднаш до железничката станица и ќе се оформи како еден транспортен центар комплетен, додаде Франгов
Целиот проект ќе се реализира со средства од општинскиот буџет.Доколку се оди според планираното, изградбата на новиот плоштад во Гевгелија треба да започне до крајот на годината ,а да заврши најдоцна за шест месеци.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/gevgelija-ke-gradi-nov-ploshtad
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Поздрав голем до Гевгеличани :)
 

vaga1985

Разочарена од се
Член од
30 јули 2011
Мислења
1.564
Поени од реакции
418
Специјален поздрав :)
 
Член од
15 април 2007
Мислења
27
Поени од реакции
1
Ного е замран во подфорумут за гивгилија. шо е работта, дали тоа фејсбукут е поинтересин од воа форум. мене ак ма пите некуј, ќе кажум не, оти на факбук само глупости и срања за пишат, никуј нема нешто паметно да каже.
бај д веј, поздрав за креаторут на во пофорум, оти са утепах да го најдум.
ак ви е ладно на зима на сите уф македонија, елајте кај нас ќи ва стоплиме, а ак сакте да видите снег, земајте си некоа слика :)
се надевам оти сите ме разбравте, оти тоа што го напишав и не е екстремен гевгелиски дијалект позззз;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom