А тоа шо Тељо и Куенка се форсираат, а немаат две чисти од фудбал тоа е друга приказна.
Куенка и така и така нешо покажува од време на време, ама Тељо незнам зошто упорно го форисраат.
Тељо е голем талент. Не може секој 21 годишен играч од Ла Масија да биде Меси, Бускетс или Тијаго.
Ако така гледате Ињеста не стана регуларен стартер до 24 години кога дојде Пеп. Кога Деко си отиде мундо депортиво и спорт претпоставуаа дека Кеита ќе игра на негова позиција. Исто и Педро кога имаше 21 година изигра само 6 утакмици за првиот тим. Следната година изигра 34.
На некои од талентите ќе им треба време и многу шанси за да станат врвни фудбалери.
Тељо моментално не е доволно добар за првиот тим точно. Ама ако поработи на финишот и на разновидноста на играта(да не иде на ист дриблинг цело време) ќе биде многу корисен за тимот затоа што е профил на играч каков што нема во Барса.
Никој освен него не може да игра широко крило. Сите од Меси, Виља, Санчез и Куенка инстинктивно тргнуваат накај гол кога ќе ја земат топката, а Тељо може да трча паралелно на аут линијата и со тоа да ја расшири одбраната на протиивниците и да им отвори простор на другите играчи. Нешто што многу ни фалеше лани. Затоа и почна Пеп да го користи.
Афелај нема да добие реална шанса во Барса. Крило не му е природна позиција, а во центарот нема да фати место од Чави, Ињеста, Тиаго и Цеск. Најдобро е и за него и за Барса да си најде друг клуб. Штета е затоа што е стварно добар плејмејкер.