Читам и сум изненаден, ми делува како да мислите дека државата сака да останат младите тука. Ова не е случај. Се отвораат факултети насекаде, се запишуваат 90% од завршените средношколци (во мојата генерација имаше само 9 одлични од сите класови, меѓу кои и јас, само 5-6 се запишавме на факултет), тие факултети сите и ги завршуваат... За да студираш ти требаат пари, па каде и да е факултетот, односно ќе потрошиш некоја пара, а со нашата ситуација, ретко кој нема да се задолжи. Кога ќе го завршат факултетот, младите се соочуваат со проблем, пазарот на работна рака е презаситен од тие профили (независно кои).
Постојат три опции во тој случај:
- Да пробаш да оствариш сопствен бизнис (во кој случај плаќаш рекет на државата и додатно се задолжуваш);
- Да се вработиш за мала плата и да работиш нешто што не си ни сонувал кога си се запишувал на факултет, да не збориме за работни часови и осигурување;
- Да си го фатиш патот настрана, каде би работел како под бр.2 додека стигнеш до бр.1.
Бр.1 знаеме дека за да е остварлив, повторно треба да се задолжиш. Бр.2 не го сакаме поради тоа што сме „академски“ кадар. Останува број 3. Стратегија која не ми изгледа како задржување на младите во државата.
Сето погоре напишано, се разбира важи за обичните смртници кои сепак се мнозинство.
На крај да кажам дека проблемот сепак е и до нас, младите, кои мислиме дека се треба да ни биде дадено готово. Јас еве завршив машински факултет, и работам на струката, во родниот град. За оваа работа чекав 3 години, но сепак останав. Не можам да речам дека ми цветаат рози, но се живее некако, единствено нешто што ми недостига е автомобил, но работам само 2.5 години, а во тоа време го реновирав спратот од куќата во која живеам (значи стратегија ми е да останам), па следно е купување автомобил. Во тој рок од 3 години во кои бев невработен, јас запишав магистерски студии, и завршив уште неколку курсеви со меѓународен сертификат. Да, ти треба такво нешто бидејќи опција 3 секогаш е опција.....