bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 814
Јас побарав историчар кој заклучил дека албанците се кавкаски народ, но немаш....не ми давај српски или македонски историчари.....
Ако сакаш стотици странски историчари кои тврдат дека албанците се староседелци...
Зборуваш за први спомнувања, да, вистина е дека Ана Комнена првпат ги спомнува некаде 11 век, како што јас кажав дека тогаш албанците успеале да опстојат на непристапни региони како Мат (од каде потекнуваат ваши имиња и презимиња како Матеја Матевски-албанец) затоа што словенските народи се зајакнале многу....
Знам дека одвреме на време низ историјата територијата на албанците била релативна, кога се зајакнеле соседите, албанската теритојиа се намалува, се намалувал и влијанијето затоа сме спомнати доцна, затоа бил мал бројот и неважен за Византиската држава...а со слабеењето на соседите албанската територија се проширило...
Но СЕКОГАШ сме биле овде......
СЛОВЕНЦИТЕ НЕ СЕ ДОМОРОДНО НАСЕЛЕНИЕ............цел свет тоа го знае...
После исламизација на алб. повеќе се бореле против христијаните албанци............
Јас ти дадов стари византиски хроничари што пишувале за Албанците. Анна Комненина пишува дека Албански наемници се донесени во Драчката област за да го бранат Драч, но нема подетални информации од каде Византија ги донеле. Византиските хроничари сите народи ги имаат спомнато во раниот среден век, само Албанците ги нема, така што може да се каже дека Албанците се најмладите доселеници на Балканот. Стотици историчари спомнуваат дека територијата на Албанија била словенска земја во средниот век.
ИЛИРИТЕ БИЛЕ СЛОВЕНИЗИРАНИ или ПАК ИЛИРИТЕ БИЛЕ САМИ СЛОВЕНИ, зошто сите историски извори укажуваат дека Албанија била словенска земја во средниот век.
Целата книжнина од Хрватска, како единствена јужнословенска земја која не потпадна под турско ропство и целосна германизација и која имаше литературна слобода, е, на илирскиот т.е. словенскиот јазик. Хрватските интелектуалци до 20 век, својот јазик го нарекуваа илирски словински, сите јужнословенски народи ги нарекуваа “илирски“, а јужнословенските земји беа за хрватските интелектуалци илирски провинции. И самата идеја за создавање на Југославија, како заедница на јужнословенските народи беше наречена “илирска идеја“.
Во византиска географија од 10 век од анонимен автор, напишано е дека скити-словени го населувале целиот Епир (G. Müller, Geographi Graeci Minores, Paris, 1882, p. 574 (Извори за б'лг. историја, IX, с. 311). Византиската “Хроника на Monemvasia“ го потврдува фактот дека цела јужна Албанија (стар Епир) била словенска земја (Dujčev, I. Cronaca di Monemvasia. Palermo, 1976, p. 12–13.). Средновековната историја на Солун- “Miracula Sancti Demetrii“ спомнува само словени во денешна Албанија (lib. II:I,158, в: ГИБИ, III, с. 129.). Според византиски документ од 6 век, за Драч и северна Албанија се говори како словенска земја (ГИБИ, II, с. 129.). Византиските хроничари пишуваат и дека крајбрежните области Дирахион (Драч) и Никопол биле словенски (Ferluga, J. Gli Slavi del sud ed altri gruppi etnici di fronte a Bisanzio, In: Gli Slavi occidentali e meridionali nell'alto medioevo.t.I, Spoleto, 1983, p. 303–352.). Само да се погледа топонимијата во Албанија, станува јасно секому дека Албанија била исклучиво словенска земја во средниот век. Албанските топоними се чисто словенски како Кукуш (алб. Кукс), Белград (тур. Берат), Коњух (тур. Елбасан), Горица (тур. Корча), Лесковиќ, Ќоровода, Леска (алб. Леш), Кроја (алб. Круја), река Војунита (алб. Вјуса), планина Мокра, Девол, Вагенеција итн. Каде се археолошките артефакти од Албанците пред 11 век и каде е “албанската„ топонимија во средниот век?
Во 1308 г. е издаден “Анонимен опис на источна Европа“, каде за албанците е напишано дека “немаат градови, замоци, тврдини, укрепини и села, туку живеат во колиби и постојано се движат од место во место со своите дружини и родови (Белчовски, J. Опис на Источна Европа од 1308 година. В: Споменици за средновековната и поновата историjа на Македониjа, т.II,Скопjе, 1977, с. 470–473.). Како што сите знаеме, сите илирски населби биле утврдени уште во антиката, со куќи, палати, замоци и утврдувања.
Народ што за прв пат во сите историски извори се спомнува во втората половина на 11 век не може да биде староседелски, и, без релевантни археолошки и пишани историски извори, се` останато е ПРОПАГАНДА.
Второ, има многу остатоци од илирски артефакти и пишанија на илирски јазик. Илирскиот јазик според лингвистичката поделба е КЕНТУМ јазик. Албанскиот јазик е САТЕМ, што значи дека албанскиот јазик нема никаква врска со илирискиот јазик.Албанскиот јазик е најблизок со ЛИТВАНСКИОТ јазик, од групата на балто-сатемски јазици според некои албански лингвисти.
Македонскиот јазик е мешавина на сатем-кентум.
Понатаму, турските пописни дефтери се многу прецизни и даваат податоци колку припадници од секој народ живееле во секоја нахија и тоа дури во секое село, дури и селата на планините со по 2-3 семејства. Така на пример, во мијачкиот крај во 15 век посетоело само село Радостуше (Ростуше) со 4 рода и село Требиште со 7 рода/куќи. Турските пописи од 15 век спомнуваат дека Албанци живееле само во малата област Арбан или како турците ја нарекувале Арнаутлук; во 15 век никаде не се спомнуваат Албанци во останатиот дел на денешна Албанија како во Белград (Берат), Коњух (Елбасан), Кукуш (Кукс), Пресоленград / Епископ (Пешкопеја), Девол, Горица (Корча) итн. Тоа биле чисти македонски места.
Што се однесува до словените, Чудесата на Св. Димитрија Солунски, најстарата историја на Солун од 6 век, која се пишувала цели 3 века, никаде не спомнува дека словените се дојденци, туку дека цела Македонија била поделена на Склавинии- кнежества, а жителите на кнежевствата Византија ги нарекувала Склавени (словени). Во денешна Албанија, познати се од историските извори кнежевствата Војунити (северна Алб.) и Велегезити (јужна Алб.).
Арбанаси никаде не се спомнати до втората половина на 11 век.
--- надополнето: 22 август 2012 во 15:27 ---
Не е битно на кое место Словените го поминале Дунав. Битно е дека исти артефакти се најдени тука и во денешна Украина, Полска, Русија и тн. кои датираат од 5 век cca, а кои претходно ги немало на територијата на денешен Балкан и сегде каде што се населиле Словените.
Интересно е што не те интересира на кое место го поминале Дунав: Готите, Аварите, Черкезите, Бугарите, Куманите и др.
Се извинувам за off-topic, ова е мој последен off-topic коментар!
Нема врска.
Сите артефакти пронајдени во Македонија до 9 век биле чисто од итало-ромејската (византиската) кулутура (како кај сите стари народи (Иван Микулчиќ, "Средновековни градови и тврдини во Македониjа", Скопје 1996 год., стр. 28-31). Дури од 9 век, почнуваат да се јавуваат и артефакти типично словенски, поради фактот што словенските просветители (Наум, Ангелариј, Климент и Сава) се враќаат од Моравија во Македонија и пренесуваат искуства и културни продобивки од Моравија. Ако словените се населиле во Македонија од 4 до 6 век, како тоа тие имале иста култура со Византија?
Кас нас историјата е извитоперена.
Интересно е зошто никој не ги интересира кои се власите? Власи не се спомнуваат до 10 век и никој не сака да каже кој и од каде ги донел власите на Балканот??!