Тебе ќе те пуштиме од кај баба ти да најдеш 300 милиони евра за дупката во буџетот што ќе се направи откако ќе ги укинеш акцизите и данокот и тоа само за една година. И кога буџетскиот дефицит ќе биде околу 10%, тебе ќе те пуштам да ги спасуваш. За Америка што речесиси и да нема некој големи давачки за горивата и има логика , заради тоа што Америка е 3 производител на нафта во светот им одговара да си ја потикнуваат потрошувачката на гориво зошто они го произведуваат а ние што ќе потикнуваме увоз. А плус ние немаме нафта, од кај да вадиме.
Знаеш дека сме 21 век и за 3 секунди секој факт можам на Google да го проверам ?
Америка се 12 по производство на нафта
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_oil_production најголем дел од увозот на нафта им е покриен од Канада,Нигерија и Венецуела.
Дефицитот се решава со укинување на 4 министерства ( Информатичко општество,труд и социјала,економија и уште кое сакаш едно бирај јас би идел со образование и едно 10 агенции да кажеме јас би идел прво по тие од етнички соживот ) отпушташ 30К државни паразити и ОП нема дефицит.Како магија пуффф
Може и да укинеш возила за целата државна администрација и влада ако тие 30К не стигаат отпуштени.Колите да се продадат а секој нека си се снаоѓа за превоз.
Со цени од 40-50 денари литар бензин пола Бугарија,Грција,Србија и Албанија ќе пуни на наши пумпи.Секој камион што иде на паралелата на Македонија ќе помине низ Македонија.Од Турција што идат до Германија ќе поминат низ нашата држава само да напунат фул резервоарот.
Тоа знаеш ли колку промет ќе биде не само за бензиските туку и за пазарите,маркетите,хотелите,рестораните .бутиците и сите други бизниси со услужна дејност.Само од патарини ќе се соберат еден тон пари.Да не зборам што нашите транспортери ќе станат едни од најконкурентни на Балкан и ќе се вработуваат уште луѓе како возачи исто така и индустријата ќе има поголем профит заради намалени трошоци за транспорт.
Знаеш ли само колку бензиски ќе никнат и колку вработувања ќе има во нив.
Али фитната е што 30 К вработени во приватен сектор може да гласаат за кој било.30К во државна администрација ,Е НИВ ГИ ИМАШ ВО ЏЕП.