- Член од
- 21 март 2012
- Мислења
- 3.277
- Поени од реакции
- 3.055
Во право си за се освен за болдираното.Тоа и е најголемиот проблем на Македонија.
Државата е најголема компанија и сите нормално очекуваат да се грижи таа за нив. Затоа и на изборите им се обрнува толкаво внимание, ретко да постои човек кој не зборува за нив со силни емоции.
Решението на ваквиот проблем е невозможно, затоа што тоа ќе значи помала улога на државата, а тоа на никој не му одговара.
Не им одговара на политичарите затоа што нивната позиција ќе стане загрозена и не толку лукративна, не им одговара ни на граѓаните, затоа што неуспехот за обезбедување на благосостојба ќе биде само нивен. Секој сака да постои некој виновник кој ќе го обвинуваат или некој кој ќе се грижи за нив ко да се мали деца тоа е толку длабоко всадено, да е невозможно да се излезе од таа спрега на љубов и омраза кон државата.
Наајголемата вина, покрај историскиот социјалистички менталитет, е и тотално погрешната насока на образованието и медиумите кога се работи за економија и политика.
Излез не гледам да има, освен во тотален крах на државата и евентуално нејзино реконсолидирање со многу помали ингеренции.
Мислам дека ова решение ќе биде можно за некоја година, кога бранот на незадоволство од разочараноста на граѓаните на западните земји против државниот социјалистички елемент кој ќе пукне поради немање на финансии, ќе се прелее и во Македонија.
Кога економскиот крах ќе дојде уплашените и глупавите на власт ќе го донесат првиот диктатор со харизма кој ќе им вети дека ќе поправи се.Од економски крахови секогаш излегувале само поголеми диктатори никога повеќе слобода.