Топ 10 диететски производи што функционираат

  • Креатор на темата Stef Bachatero
  • Време на започнување

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Мислам дека ти воопшто и не знаеш што кажа погоре, затоа постојат генетичари кои студирале на Харвард .
Тие генетичари не работат во грчката ординација и не дрпаат 300 евра за бескорисни тестови.
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
Биолошкиот примерок се испраќа од Македонија во Америка и таму се вршат анализите . Потоа резултатите од 16 страници со печат и потпис и лого од Америчката лабораторија ги разгледуваат светски нутриционисти и цел тим одлучува што треба поединецот да превземе, што да јаде а што да избегнува и кои вежби да ги применува . Ова нема никаква врска со Грција . Многу се корисни овие анализи бидејќи мене многу ми помогнаа. Како што кажав пред тоа пробував секакви дити и ништо друго не ми делуваше . Уште еднаш ќе потврдам дека мене многу ми помогнаа ДНК тестовите бидејќи исхраната според мојата ДНК е најправилна . Повеќе нема шанси да применам совети и диети од " квази " т.н. стручњаци.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.775
Поени од реакции
12.239

Ако е вака како што тврдиш дали може една молба - да излисташ листа на намирници по количини и видови оброци за една недела? Ако ти го пратиле на хартија не е тешко да го искенираш или накратко да напишеш за неколку денови. Најверојатно таму пишува кои состојки, колку грама дневно во комбинација со кои оброци...
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Биолошкиот примерок се испраќа од Македонија во Америка и таму се вршат анализите . Потоа резултатите од 16 страници со печат и потпис и лого од Америчката лабораторија ги разгледуваат светски нутриционисти и цел тим одлучува што треба поединецот да превземе, што да јаде а што да избегнува и кои вежби да ги применува . Ова нема никаква врска со Грција . Многу се корисни овие анализи бидејќи мене многу ми помогнаа. Како што кажав пред тоа пробував секакви дити и ништо друго не ми делуваше . Уште еднаш ќе потврдам дека мене многу ми помогнаа ДНК тестовите бидејќи исхраната според мојата ДНК е најправилна . Повеќе нема шанси да применам совети и диети од " квази " т.н. стручњаци.
Напиши го тој план што ти го советувале баш сакам да го погледнам.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Ако е вака како што тврдиш дека токму грците ти помогнале со днк тестот и диетите дали може една молба - да излисташ листа на намирници по количини и видови оброци за една недела? Ако ти го пратиле на хартија не е тешко да го искенираш или накратко да напишеш за неколку денови. Најверојатно таму пишува кои состојки, колку грама дневно во комбинација со кои оброци...
Напиши го тој план што ти го советувале баш сакам да го погледнам.
http://motivirajse.wordpress.com/2012/08/11/316/
Читај и учи.Генетските податоци што ти ги земаат немаат никаква врска со диеатата.Напротив тоа што велам и ќе го правам е да се тестираат луѓето за инсулин сензитивност.Луѓето што се дебели имаат ниско insulin resistance,додека кај луѓето што тешко се дебелеат и тешко да се здебелеат имаат спротивно ниво и затоа тешко складираат масти.Значи луѓето што сакаат да ослабат треба да отидат да се проверат за инсулин сензитивност и од тука може да се прави исхрана базирана на тоа.Во студијата е најдено дека највеќе губење на масти и одржување на тежината имало кај Аткинс модифицирана со 30% јх.Другото прочитајте го и гледајте го и ќе разберете.300 евра што нема врска со науката,повеќе со здрав разум и дека колку помалку јх внесуваш толку повеќе ќе слабееш.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Фала Стеф, твојот блог ќе ми го смени животот како не сум го знаел порано ;).
Се зависи што сакаш да постигнеш зголемување мускулна маса сооднос јх/пр/масти 50/30/20,топење на масти со интензивен тренинг и одржување мускулна маса 40/40/20 топење на масти без тренинзи и одржување мускулна маса 15/30/45 со нормално пешаџење или џогирање.Се е до соодносот на јх и инсулинот.Ништо повеќе.Не е голема наука :)
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
токму ваквиот пристап на исхраната е погрешниот. Значи не треба да не интересира што јадат другите, туку ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ НИЕ, А ШТО ДА ИЗБЕГНУВАМЕ. Тоа може да постигне исклучиво со препорака на светски нутриционисти според резултати од анализа на својата сопствена ДНК. Се друго е погрешно.
 
B

Black Guard

Ти порано колку килограми имаше вишок и за колку време го изгуби вишокот,понатаму дали користеше диета,вежнање,топачи на масти или комбинација??
 
За 1 година од 115 на 90 кг 25 кг сум стопил сало.Топачи на масти сум користел и не се ефикасни.Диета плус интензивен тренинг е тоа што ти треба.
--- надополнето: 21 август 2012 во 20:10 ---
токму ваквиот пристап на исхраната е погрешниот. Значи не треба да не интересира што јадат другите, туку ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ НИЕ, А ШТО ДА ИЗБЕГНУВАМЕ. Тоа може да постигне исклучиво со препорака на светски нутриционисти според резултати од анализа на својата сопствена ДНК. Се друго е погрешно.
Ти постирав и пак инат за некои работи.Днк тестот нема никаква врска со исхраната и што треба да јадеш.Не сум некој голем експерт користам чиста логика.300 евра за да ми кажат дека треба да намалам на исхрана па извини ама не сум глуп ама и тука има милион луѓе што го знаат тоа ама не го прифаќаат затоа што краткотрајно се задоволуваат.Ти постирав и ти пишав дека прават инсулин сензитивност тест и ја базираат исхраната врз тоа.Треба уште многу години да се истражи и да најдат каде е правилната исхрана за човекот.Само за илустрација сите племиња што се надвор од агрикултурата немаат ни леб ни шеќер и немаат никаков проблем со дијабетис тип 1 или 2 или кардиоваскуларни заболувања а 60% од исхраната им е масти.Тие луѓе кога ќе се еманципираат во модерното општество и кога ќе се хранат според модерниот начин веднаш добиваат тие две големи болести што нема лек.Коинциденција не мислам така.Тие што највеќе профитираат се индустријата и агрикултурата кој на масовно профитираат од житариците.Не велам дека сите житарици се лоши но само што мајки ми ја натерав 52 години жената скоро во менопауза намали 7 кила без никаков посебен режим и никогаш не сум и рекол немој ова или она да не јадеш.Јади нахрани се убаво и шетај низ парк не мисли на калории.Си запнал за нешто што сеуште е во рана фаза.Само на креатинот му требаше 20 години да го докажат дека нема никакви негативни ефекти и навистина функционира.Ако веќе ме прашаш со тие 300 евра би купил 3 работи мерач на калории,3 вида на ластици,1 медицинска топка,1 јаже за скокање и секој ден 20 мин би правел вежби за цело тело плус со ластиците и ќе бидам ѕвер без никакви експерти да ми кажуваат за тоа и ќе ми останат пари да частам нешто на страна.Размисли малку и секогаш биди скептик.Ако тебе ти помогнало не значи на сите дека ќе им помогне.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Jas samo ke kazam ova...kako toa porano ziveele lugjeto bez ovie dodatoci vo ishrana i trista brojki i bukvi na ambalazi pa pak nemalo rak, i drugi degeneretivni bolesti i ziveele nad 100 godini?
Spored mene se sto ni treba si postoi vo prirodata, samo treba da znaes sto baras.....ovosje, zelencuk, normalno neprskani i prirodni, otkachi seker, sol, stetni masla, mlechni proizvodi, i site industriski hrani vo konzervi i paketi i ke si zivees normalen i zdrav zivot.Nikoj ne umrel od jadenje na zelenchuk ovosje i nekoe malo procentche meso(normalno organsko)
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
Човечкиот мозок е најнеистражениот орган во човечкото тело. Многу тешко се адаптира на новитети и тешко ги прифаќа. Од друга страна има толку многу паметни луѓе што размислуваат напредно и се претопуваат во масата. Ги прифаќаат новитетите кои ги нуди модерното време и напредните технологии. Сепак живееме во модерно време а не во камено доба. Ако некој сака да остане во камено доба , слободно нека биде така, но ако напредните луѓе ги следат светските трендови никој тоа не може ниту да го побие ниту да го сопре. . Револуцијата сепак пристигнува без разлика дали некои неиформирани филозофи сакаат да го спречат тоа или не . ДНК фитнес тестовите се применуваат и помагаат на многу луѓе во светот и кај нас за полесно да ја совладаат болеста на модерното време - дебелината. Најбитно е да се знае точно што му треба на твојот организам а не општо што му треба на сите заедно. Сите зборуваме за зеленчук и овошје , но не секој знае дека некои одредени овошја и зеленчуци не се пожелни токму за вашиот организам. Е за тоа да се дознае секако треба да се направат анализи. Ние со години сме живееле со некаков режим на исхрана кој ни го нудел модерното време , и мора на модерен начин да се справиме со штетите кои сме си ги нанесле слушајќи квази учители за исхрана.
 
Е така де ама за да не збориме од памет напиши каква е твојата анализа да ја видиме, да не погодуваме кога имаш нешто црно на бело.

Скенирај неколку листови, затемни го името и одма ќе се види има или нема смисол целата процедура.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Е така де ама за да не збориме од памет напиши каква е твојата анализа да ја видиме, да не погодуваме кога имаш нешто црно на бело.

Скенирај неколку листови, затемни го името и одма ќе се види има или нема смисол целата процедура.
Таков одговор нема да добиеш бидејќи членот е очигледно со намера да ја промовира својата фирма и нема да отстапи од тупење на сите теми со ДНК анализите.
Како што веќе кажав, да, генетската предиспозиција е битна, но тоа не се добива со ДНК анализа, туку со анализа на резултати од крвна слика, детално проучување на дотогашни заболувања/состојби, семејната историја итн. Така воедно и се добива соодветна диета, бидејќи ако, на пример, холестеролот е висок, треба да се избегнуваат јајца и месо со маснотии, ако е железото ниско треба да се воведат во исхраната повеќе видови зеленчуци кои содржат железо, и да не продолжувам со објаснување, сигурна сум дека ќе ме сфатиш.
sigurnost престани да алудираш дека секој кој не се сложува со тебе и не сака да плати 300 и повеќе евра за нешто што може да го добие за три пати помалку е глупав или заостанат.
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Човечкиот мозок е најнеистражениот орган во човечкото тело. Многу тешко се адаптира на новитети и тешко ги прифаќа. Од друга страна има толку многу паметни луѓе што размислуваат напредно и се претопуваат во масата. Ги прифаќаат новитетите кои ги нуди модерното време и напредните технологии. Сепак живееме во модерно време а не во камено доба. Ако некој сака да остане во камено доба , слободно нека биде така, но ако напредните луѓе ги следат светските трендови никој тоа не може ниту да го побие ниту да го сопре. . Револуцијата сепак пристигнува без разлика дали некои неиформирани филозофи сакаат да го спречат тоа или не . ДНК фитнес тестовите се применуваат и помагаат на многу луѓе во светот и кај нас за полесно да ја совладаат болеста на модерното време - дебелината. Најбитно е да се знае точно што му треба на твојот организам а не општо што му треба на сите заедно. Сите зборуваме за зеленчук и овошје , но не секој знае дека некои одредени овошја и зеленчуци не се пожелни токму за вашиот организам. Е за тоа да се дознае секако треба да се направат анализи. Ние со години сме живееле со некаков режим на исхрана кој ни го нудел модерното време , и мора на модерен начин да се справиме со штетите кои сме си ги нанесле слушајќи квази учители за исхрана.
Работава испаѓа сам си се убијал :D. Прво треба да знаеш дека во терминологијата НЕ се користи поим ДНК туку DNA. Не постои превод на кратенката, пошто почна да напаѓаш квази стручњаци па да те оправам малку.
Кога би бирал меѓу камено доба и модерни сајанс хикшн тестови без никаква цел би избрал камено време.
Инаку, онака од научен аспект ме интересира како се прави анализава, не мислам за наоѓање секвенцата на DNA, туку како определуваат кое овошје и зеленчук не ти одговара, нешто како алерго тест?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom