Човечкиот мозок е најнеистражениот орган во човечкото тело. Многу тешко се адаптира на новитети и тешко ги прифаќа. Од друга страна има толку многу паметни луѓе што размислуваат напредно и се претопуваат во масата. Ги прифаќаат новитетите кои ги нуди модерното време и напредните технологии. Сепак живееме во модерно време а не во камено доба. Ако некој сака да остане во камено доба , слободно нека биде така, но ако напредните луѓе ги следат светските трендови никој тоа не може ниту да го побие ниту да го сопре. . Револуцијата сепак пристигнува без разлика дали некои неиформирани филозофи сакаат да го спречат тоа или не . ДНК фитнес тестовите се применуваат и помагаат на многу луѓе во светот и кај нас за полесно да ја совладаат болеста на модерното време - дебелината. Најбитно е да се знае точно што му треба на твојот организам а не општо што му треба на сите заедно. Сите зборуваме за зеленчук и овошје , но не секој знае дека некои одредени овошја и зеленчуци не се пожелни токму за вашиот организам. Е за тоа да се дознае секако треба да се направат анализи. Ние со години сме живееле со некаков режим на исхрана кој ни го нудел модерното време , и мора на модерен начин да се справиме со штетите кои сме си ги нанесле слушајќи квази учители за исхрана.