TВ права за спортски настани

Член од
14 март 2010
Мислења
17.044
Поени од реакции
16.573
29.gif

Поарно тука да се дискутира за тоа што и каде ќе се пренесува на телевизиите кај нас или во регионот отколку на секоја тема наменети за првенствата, посебно да се објаснува што и како.

Фудбал
Премиер лига (Англиско првенство) - Спорт клуб/Спорт клуб +/Спорт клуб Прајм
Примера дивизион (Шпанско првенство) - Спорт клуб Прајм/Спорт клуб +
Бундес лига (Германско првенство) - Еуроспорт 2 (српска верзија)
Серија А - Арена Спорт (со сигурност), можеби и Телма, но шансите се мали.
Лига 1 (Француско првенство) - Арена Спорт
Лига на шампиони/Лига Европа - МТВ1 (со по 1 меч во среда од ЛШ и 1 меч во четврток од ЛЕ), Арена Спорт -останатите мечеви што нема да се емитуваат на МТВ1 (речиси сите)
Ередивизие (Холандско првенство) - Спорт клуб/Спорт клуб +
Руска Премиер лига (Руско првенство) - Спорт клуб/Спорт клуб +

Кошарка
НБА лига - Спорт клуб
АБА лига (Јадранска) - МТВ/Арена спорт

Тенис
Гренд Слем (Австралија Опен, Роланд Гарос, УС Опен) - Еуроспорт 1 и 2, Вимблдон - Спорт клуб
Мастерс куп - Телма, Спорт клуб/Спорт клуб +
Турнири од 500 и 250 - Спорт клуб/Спорт клуб+
ВТА турнири - Еуроспорт 1 и 2

Mислам дека побитните настани ги опфатив .
Ако има некој плус нека ме корегира, ќе додадам во почетниот пост.
 
Арена спорт? Не ја фаќам...
 
Arena Sport моментално е пуштена на web.MaxTV.mk бесплатно за Август и Септември. Arena Sport моментално ја има само преку компјутер а ја нема на ресиверите што идат со MaxTV. Не знам зашто.

Што е форава што на Arena Sport 1 македонскиве коментатори од МТВ коментираат?
 
Шо се пуштени безплатно само за нивните корисници, треба да се најавиш на сајтот .
Глупости !

А мислам дека ги има и на ресиверот пуштено, само треба да го рестартираш.
 
Нема Arena Sport на MaxTV, и по ресетирање ги нема каналите, сега проверив. А ги нема ни да ги земеш дополнително во спортски пакет: http://www.maxtv.mk/mk/196/TV_kanali.html

Можеби тестираат нешто па понатаму ќе склучат договор за прикажување на телевизор во стандарден пакет (малку веројатно) или со доплата (многу веројатно).

Сега за сега T-home има монопол во прикажување на најбитните првенства и лиги во фудбал преку Arena Sport/Sport Klub. Добро одиграно, ако сакаш да гледаш мора да платиш... :(

Едит: Ок дебилен сум и го ресетирав само рутерот а не ресиверот... ги има и на телевизор. :D
 
МТВ подобро нека не пренесуваат, како може само во среда натпреварите што се да ги земат, значи секој натпревар во вторник го испуштаме. :tapp:
 
вака ќе биде секаде во светот "Плати па гледај" ништо веќе не е беспари за жал :place:

и нека се премести темава во Телевизија и емисии таму и е местото
 
вака ќе биде секаде во светот "Плати па гледај" ништо веќе не е беспари за жал :place:

и нека се премести темава во Телевизија и емисии таму и е местото
Во светот одамна е овака, ние малце касниме. Па сеа ни е чудно, ама за стандардот што го имаме уште не сме за „плати па клати систем“ .
 
А ќе мора ли на макств да сум за да ја гледам ебената Арена Спорт ? Што со тие што се на Близу , Телекабел и останатите локални кабелски ? Стап претпоставувам !?
 
А ќе мора ли на макств да сум за да ја гледам ебената Арена Спорт ? Што со тие што се на Близу , Телекабел и останатите локални кабелски ? Стап претпоставувам !?
Ние ќе се сликаме....
Абе ајде па и вие, на сите можни стримови по интернетов, па шо ги е*ам и макс ТВ и кабелскиве, и Арена и Спортклуб.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom