Абе Ристо,не ти држи таа теорија.Не е тоа баш така во реалноста.
Земи го Косово за пример,по твојата теорија ситуацијата на терен требаше да биде потполно спротивна од она што реално се случуваше.
На едната страна имаше ~2 000 000 косовски Албанци,со голем процент на младо,воено-способно население,наоружано до заби.
На другата страна имаш воено-полициски сили,во најголем дел составени од редовна војска и резервисти кои се нон-стоп бомбардирани од НАТО авијацијата,герилски напаѓани од УЧК и уфрлените специјалци на НАТО силите, и фронтално напаѓани од армијата на Албанија.
Значи ефективата им е развлечена до максимум и пак на терен правеа што сакаат.
Вооружени цивили/луѓе тешко може да и се спротистават на организирана воена формација.Сите такви обиди на Косово завршија самоубиствено.
Прво не се 2 милиони повеќе се накај милион-милион и двеста највеќе.Второ кога почнаа НАТО да бомбардираат Србите се вкопаа не би рекол дека се бореа.Трето ако си им го видел оружјето половина и повеќе со карабини беа опремени од бог знае кога.А и Косоварите го правеа истото што го правеа и кај нас удри бегај и чекаа да дојде од страна некој и се да победи никогаш не се ни обидоа да застанат негде и да се борат.
Секако мроа да се земе и во обѕир дека најголем дел од таа герилска војна беше водена од страна на криминални групи кои не служат за борба туку за давање причина.Они ќе масакрираат едно село од друга страна војскава регуларна ќе се изнервира ќе измасакрира друго и ете ти војна.
Гајле им беше колку ќе им умре од нивниот народ се додека одредени нивни криминални групи не си ги отстварат своите целите.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Еве ти од друга страна мои примери:
Војната Израел - Хезболах во Јужен Либан 2006.
Хезболах е организиран на следниов начин.
Целата популација е вооружена и секое населено место си се грижи за својата одбрана.На Хезболах војската се состои од тренирана војска која е составена од единици со специјално вооружување ( снајперисти,анти-оклопни единици,тешки митралези,минофрлачи ) и артилерски единици ( поточно ракетни системи најчесто мобилни ).Тактиката на користење самоубијци комплетно ја имаат напуштено посебно од кога се поврзани со Иран.
Хезболах е нешто како централна власт.Сите си живеат како сакаат али има правила и договори кои мора се почитуваат, ако некој ги прекрши Хезболах интервенира и пресудува кој е во право а после и казнува ( казните се начесто дефинитивни ). И секое населено место самото си е задолжено за одбрана од надвор.
Во војната Израел интервенираше со огромна војска ( 30 000 војници во врвот на конфликтот ) додека Хезболах има само 5000 - 10 000 борци под директна своја команда.
На крајот на конфликтот Израел имаше 125 жртви и двајца заробени + 700 ранети и 55 онеспособени тенка.
Хезболах имал 400 жртви и 1200 повредени.
Војната заврши со повлекување на Израел и неисполнување на ниедна цел што и значи ПОРАЗ.Хезболах во моментов ги чисти последните остатоци од Суни паравојските и Алкаеда во Либан и ќе бидат единствената друга организирана група освен Христијаните.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Истото се случи и пред некој месец во Ирак кога регрутската армија на централната власт во Ирак проба да влезе во делови од државата кои се под контрола над тамошната паравојска која се вика Махди и е структурирана на истиот начин како Хезболах а со тоа и Швајцарија.Патем оваа Ирачка војска е неколку пати подобро вооружана од нашата.
Толкав пораз доживеа Ирачката влада што Америка се понуди да прати специјални единици да им помогнат. Чим влегле во градовите со своите светкави тенкови и оклопни возила немало прозор и ќош од кој не биле нападнати притоа за истото време Махди паравојската им го нападнала а после минирала и целиот пат назад за излегување и не можеле ни да избегаат.
Целиот конфликт завршил со победа на паравојската и комплетно напуштање на нивните територии од целата централна власт.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Прво грешката што ја правите е што мислите дека сите ќе идат како индивидуи во одбрана на своите домови.Тоа не е вистина освен ако не живеете во пустелија.Секој има свои пријатели,роднини комшии и само е природно они да се здружат и да го бранат тоа што е нивни.Кога има некој пожар во зграда одма зимате сами кофа да гасите или прво ги известувате сите комшии и ги викате да помогнат со гасење ?
А во секој случај подобро да го имаат оружјето и да им се даде можноста да се бранат одолку да немаат ништо.