- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.089
- Поени од реакции
- 1.257
Датум: 18.01.2012, 17:51
Рикер категоричен: Покана за НАТО, откако ќе се реши проблемот со името

Република Македонија е постојана тема во НАТО, но поканата за членство во Алијансата ќе ја добие штом се реши спорот за името, истакна Филип Рикер, американскиот заменик помошник државен секретар надлежен за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот, по денешната средба со премиерот Никола Груевски.
Рикер, кој е поранешен амбасадор на САД во нашата земја, не даде прецизен одговор дали прашањето за прием на нашата земја во Алијанската ќе биде дел од разговорите на претстојниот самит во Чикаго.
- Македонија е секогаш на нашата агенда и е тема на дискусии во НАТО веќе подолго време. Како што знаете, по Букурешт повеќепати повторивме дека Македонија ќе добие покана за членство во Алијансата штом двете земји, Грција и Македонија, изнајдат заедно прифатливо решение за името. Тоа ќе доведе до консензус во НАТО што е и основата на Северноатлантската алијанса и за тоа зошто е одржан мирот во Европа по нејзинито основање, а воедно е и основа за Алијансата да напредува во иднина - рече Рикер одговарајќи на новинарско прашање.
Рикер нагласи дека и покрај одлуката од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Алијансата во однос на одлуките за прием на новите членови се држи до принципот на консензус.
- Одлуката на Меѓународноит суд на правдата е одлука на меѓународниот суд. Таа е факт. НАТО - Северноатлантскиот договор е правен договор самиот по себе, кој бара консензус за да се преземат многу свети и важни одговорности кои произлегуваат од членството. Обврската од членството во НАТО подразбира дека постојните членки, исто како и новите членки треба да бидат согласни за да го сторат тоа. Консензусот е причина зошто НАТО остана успешен и ефикасен како што е - посочи Рикер.