За извидување имаат 3 беспилотни летала ,ама како што кажав за извидување и шпионажа
Што ќе извидуваш со 3 не можеш еден дел од која била граница да покриеш.
Еве според мене како би требала да биде војската организирана и позиционирана во државава.Ова е секако само на кратко.
Прво треба да и се даде улогата назад да ја патролира границата,Второ да се подели на 4 полка и 3 бригади.Полковите по 1200 луѓе а бригадите по 600. луше.
Градење по 2 бази на Албанската граница (Дебар и Тетово ( Шар Планина ) ) и по еден на таа со Косово ( Скопска Црна Гора ) и Србија ( Кумановско ) .Базите би биле надвор од населените места со комплетна инфраструктура во која е вклучено и сместување за нивните фамилии.
Бригадите би биле во ист принцип на бази во Прилеп,Штип и Велес.
секако воена авијација примарно составена од хеликопетери за транспорт ( Sykorsky UH-60 x 4 / Kamov Ka-60 x 2 и 4 Huey ) + за воздушба подршка од 3-5 Ми-24 ( зошто се најефтина верзија а и се супер за потребите )
+
и сопстевна десантска единица не поголема од 240 луѓе која би можело во 2 наврати да биде префрлена каде било.И која би служела како брза подршка на полковите или бригадите.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Полковите би била базирани на специјални единици со модерна опрема,лесни возила и лесна артилерија за полесно движење по границите ( кои се реално се планински региони па би можеле да бидат користени и коњи за движење ) со дронови за извидување на теренот и воздушна подршка од по еден или два ми-24 по полк.Во случај на војна би требало да бидат способни да дејствуваат комплетно независно од својата база.
Бригадите во Прилеп,Штип и Велес би биле сите со одбранбени задачи и тоа во Велес би била задолжена за воздушна одбрана додека во Прилеп и Штип би биле инжињерски бригади со анти-тенковски и артилерски единици во нив.
Тенкови освен Шведски Stridsvagn 103 кои чија главна цел е анти-тенковско дејствие и тоа во шуми и ридови ни се непотребни зошто секоја земја против нас би имала воздушна супериорност а со тоа секаков тип на оклопни возила и тенкови се непотребни.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
За ваква армија воопшто не ни се потребни големи пари .Базите може да се изградат со пари од продажба на старите огромни непотребни бази.
Опремата е скоро целосно пешадиска и секој способна оружарска компанија би можела да ја направи а сигурен сум дека и некоја странска би се нафатила и да се префрли ( посебно кога во Америка има илјадници такви ) ,Униформи и останата опрема од тој ви исто имаме домашно производство.Машински и Електро факултет не одма али за 2-4 години би можеле да направат и домашен дрон за набљудување.
Се што би ни било потребно се возила и хеликоптери ,двете можат да бидат купени од кого било дали Русија,ЕУ ,Америка,Израел а за камиони може и од регионот ако не и домашно производство.Шведските тенкови се ефтини исто како и артилерија.
Единственото нешто кое би ни направило дупка во џепот се хеликоптерите и противавионската заштита кои чинат навистина многу пари. посебно скапа би била флотата транспортни хеликоптери.
Целата Армија не би била повеќе од 8-9 К војници при што би решиле и огромен дел од проблемите со внатрешната безбедност.Плус на Македонија најголем проблем во однос на надворешен напад се порозните граници и мали групи/единици кои би правеле хаос и заседи во одредени региони.Со ваква разместеност на војската проблемот со инфлитрирање на мали единици од надвор би бил во најголем дел решен додека нашата армија која исто така би била базирана на мали единици и познавање на теренот би можела ако е потребно да ја искористи истата тактика на инфлитрирање мали единици кај соседите.
Југот и Истокот пак треба да им биде дадена комплетна легализација на оружје полуавтоматско а со дозвола и автоматско.А место МВР да добијат општински шерифи што би ги бирале на избори кои би биле комплетно непартиски и задолжителен.На гласање само добиваш бел лист со печат дека е официјален и пишуваш кој според треба да биде шериф или не пишуваш ништо.