H
HITCH
Гостин
Ау, ни остана само Чековски во репрезентацијава... Помогни Боже!
Тој Србинот имаше македонско потекло, поточно татко му Македонец и му извадија пасош и државјанство па не би се сметал за странец. Само во припремите за Литванија го шутнаа што беше малце чудно затоа што со брзи постапки бркаа за да го донесат.Еден странец по екипа може само.Нема шанси Бо или Грин да не играат заради некој висок србин.
И Илиевски е стар ова му е последна сезона или претпоследна како професионален кошаркар се очекуваше и он да се пензионира али имаше надеж дека барем во Словенија ќе игра.Коби Брајант со 34 години играше за Америка сега летово а овој Антич со 30 години се повлекува од репрезентацијата ја остава репрезентацијата на цедило, изгледа на сите нив на Илиевски на Антич им е страв на европското да не ни се случи катастрофа како во Венецуела па уште сега си ги пакуваат партаалите да бидат запамтени како херои, ама херој не станува само со една битка! Гечевски го оправдувам има над 34 години ама за Илиевски и Антич никако, а Илиевски не му првпат да искочи педер еднаш не играше за кфалификации на сите тие натпревари.
Чековски до 50 години ќе играАу, ни остана само Чековски во репрезентацијава... Помогни Боже!
Успехот што ќе го постигнат постари кошаркари и Николов и Магдевски ќе биде ист, тврдам. Но искуството што би го стекнале Николов и Магдевски ќе биде скапоцено. Така ја мислам.мали се Николов и Магдевски,по 16 години мислам..За некоја година да.
Без Бо игравме и во Полска па за малку не влеговме во четврт финале.Во секој случај го имаме и Грин како замена кој и беше играчот со кој ги имавме клучните победи во квалификациите за идење во Литванија.Гечевски го заврши своето, јасно ми е, човекот сега може рекреативно да игра у Јадранска лига. Но Илиевски и Антиќ ...
Владо можеше да остане, да не идеме до САД, еве Литванија. Јасикевичиус игра на 36 години и тоа игра во Барселона, а игра и за репрезентација. Да замена е, но неможе Илиевски да биде нечива замена, како тоа што го правеше Гечевски во Венецуела.
Не сум револтиран воопшто од Антиќ, го разбирам. Сакаше да биде и остане ѕвезда по 4-тото место во Литванија, му беше тешко да се симне од коњ на магаре. Спортист е, ваљда знае дека некогаш ќе го величаат некогаш ќе го плукаат. Бар со неговата Звезда е така.
Очекувам Костовски и Стојановски да играат на плеј позицијата, ако не и Мираковски. Искрено јас би експериментирал, би внел младинци на местата од Гечевски, Илиевски и Антиќ. И тоа Николов и Магдевски.
Неверувам дека Бо би се откажал. Ако се откаже, очекувајте дека завршивме со Европските првенства 3-4 циклуси.
Костовски не игра во МЗТ. Претпоставувам мислиш на Марковски.Се надевам дека Костовски ќе се усоврши оваа сезона со МЗТ во Јадранската лига.
Прочитав негде пред еден месец дека го купиле од Куманово али изгледа нема ништо од тоа.Костовски не игра во МЗТ. Претпоставувам мислиш на Марковски.