Многу сте негативно настроени према 8600GT/9500GT доста солидни картички на времето (па и денеска). Секако за одредени резолуции и одредени игри. Пред да купам Sapphire 6870 имав прилика да користам 8600GT (со пасивен ладилниk Asus EN8600GT Silent/HTDP/512M) и 8800GT(којашто ја најдов за релативно пристојна цена со гаранција т.е. ја купив и моментално се наоѓа во старата машина
). Можам да кажам дека тој модел (Asus EN8600GT Silent/HTDP/512M) беше сосема доволен за да ги играм сите игри кои ги играм моментално (HoN, LoL и Warcraft III/DOTA) на резолуција од 1280x1024 на max (не сум сигурен за AA и АF на колку ги имав наместено во HoN т.е. не беа на max ама сеедно немам некоја поголема замерка во однос на игривоста т.е. минималниот framerate беше над 60FPS. Така да реално моментално и немам некоја поголема потреба од 6870кава која ја имам, понекогаш ќе симнам некое demo на некоја игра за да видам дали има нешто што вреди да купам ќе го поиграм demo-то неколку часа и тоа е тоа, графичкава во глобала ми е неискористена најчесто (дури и сум во двоумење да ја продадам 6870кава и да ја оставам 8800GT во овој компјутер кој моментално го користам.). Секако зависно од потребите 8600GT во никој случај не би ја препорачал на некој којшто игра FPS пуцачини, но за такви user-и како што сум јас работа би му завршила и 8600GT, секако кај мене донесувањето на одлуките се повеќе да се испроба продуктот
да се направат комплет bench-ови да се види колкава е моќта на продуктот и во најчест случај продуктот останува неискористен
"ќејфот" на користење на графичката е при тестирањето
инаку немам време како некогаш да играм со часови некое добро solo игриче да го пројдам крајот
сега строго МОВА игри зависно од тоа кога ќе ме побараат за игра доколку сум слободен ќе одвојам некој час на HoN/LoL/DOTA и тоа е тоа. Инаку морам да посочам дека тој модел на 8600GT кој го наведов погоре не е за да се чува во затворено куќиште т.е. препорачувам да се mount-ува 1/2-fan-а на самата графичка, јас ја користев некој период во HAF932 и немаш потреба од додатно ладење (вадеше солидни резултати и температури), но во случај да имаше потреба од OC никако без додатен fan.
Инаку да имам малку повеќе време на располагање ќе гледам да направам review на компонентите кои ги поседувам еден по еден, да напишам по некоја линија текст која би била информативна на оние кои го посетуваат форумов и да пласирам по некој bench.