Ако разумски судам самиот ниедна војна не е решение самата по себе туку извор на нови проблеми. Ама ке зборувам формално-правно.
.
Ете ти го Ирак-решено,раст 12% наскоро вавилон повторно ќе се издигне а сега купија и абрамси па и се вооружува-сегашен Ирак е различен од тој истрошениот од декадната тешка војна со Иран па заливскиот конфликт и санкциите-и садам имаше санша да се Откаже исто како слобо и немаше да бидат нападнати.
1) Работите одат вака. Се обидуваш да ме дриблаш. Ти пишав јасно без толкување меѓу редови. Под претпоставка дека „хуманитарна војна“ е оправдана. Зошто НАТО интервенираше во СРЈ,
а не во Руанда? Нели се оние темелот на западната демократија? Сите луѓе треба да се вреднуваат исто. И оној човек во Руанда и оној на Косово има право на живот. Дали НАТО-државите имаат двојни стандарди? Или интервенираат само кога имаат интерес. Молам одговори.
Нема дриблање Во прашање се и ресурсите и расположливите средства а во африка имаш 13-15 војни таман работа НАТО да се меша во Сите од каде финансии па војната во Ирак исцрпи над 500 милијарди долари!?!?
Друго во руанда конфликтот и геноцидот се случи за нецели 3 месеци каде поради пропаганда самите цивили ги убиваа своите соседи-они сами се убиваа и тука е најголемиот парадокс,дури потоа настапи геноцидот(систематски) кој зеде околу 500 000 силите беа вооружувани од "Хумани" земји како Кина и Русија.
И си замешал нешто многу важно а тоа е
Real politic theory според која околностите во Руанда и низа држави беа различни,важни еволутивни ставки за НАТО имаше после самитот во Рига-а да не зборам за Денешен НАТО-
зарем не ти е јасно дека НАТО полека се трансформира во воено крило на ООН-бидејќи силите на ООН не успејаа да спречат геноцид,во Босна имаше,во Руанда имаше Белгиски контингент има и Х примери каде ОН силите не ја вршат работата.
2) Според повелбата на ООН, како највисок правен акт на Обединетите нации во член 2. став. 4 изрично пропишува дека сите членови ке се воздржуваат во своите меѓународниодноси од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава или однесување кое не е во согласност со целите на ООН.
ПА напоменав
и нато има сличен член кој бара првен мировна солуција и на истата и дава приоритет и Садам,и Милошевиќ,и Талибан немаше да бидат ѓубриња поради кои страдаа милиони ако беа спремни првиот за преговори,вториот за да дозволи инспекции(ама фактите се тие(АЛ-Хусеин балистичките ракети беа кошмар за Израел и Турција цела декада затоа на турците им фуфкаше да го чепнат северот) а Талибанците да го предадат бин ладен-
Очигледно е почитувана Повелбата на ООН како со барањето за мирно решение како приоритет(колку го молеа САДАМ,колку СЛО(БО,единствена разлика е со талибанците бидејќи стапи член 5 на сила а 12/9 НАТО доби амин за оправдан напад(нејсе авганистан секогаш бил хаос,и пред НАТО,пред Совјетите,Британците...и ќе биде хаос)
и тој Амин за напад е согласно повелбата-правото на Самоодбрана.
Членот 53 во истата Повелба утврдува дека никаква акција врз основа на регионални аранжмани или од страна на регионални орагнизации не може да се превзема без дозвола на Советот за безбедност.
Нато не е тука предмет.
Тие организации се пред се за економска трговија,договори истото мислам важи и за подолу цитираното.
А ова мислам дека грешно си го протолкувал
But no enforcement action shall be taken under regional arrangements or by regional agencies without the authorization of the Security Council, with the exception of measures against any enemy state, as defined in paragraph 2 of this Article, provided for pursuant to Article 107 or in regional arrangements directed against renewal of aggressive policy on the part of any such state, until such time as the Organization may, on request of the Governments concerned, be charged with the responsibility for preventing further aggression by such a state.
Очигледно е дека мерките (measures) се невоени и во насока на спречување конфликт и можат да вклучат Ембарго,Блокада(значи економски,претежно,па психолошки и разузнавачки не се исклучени за напредокот на санкциите и ефектот-колку е рајата незадоволна толку полесно се кутка диктатор) и сл со цел да се примораат крвниците да го сватат она што го напоменав Real politic theory,ако не го сваќаат(или се прават на тошо) страдаат невини луѓе.
Бомбардирањето од страна на НАТО значеше и прекршување на неговиот сопствен акт. Членот 5 од Договорот за формирање на НАТО определува дека функцијата на Алијансата е исклучиво одбрамбена, а не воена интервенција во регионите зафатени со граѓанска војна и внатрешни немири
Членот 5 се аклтивира само при напад значи случајот со Агресијата врз САД и помошта со Аваксите и тоа веднаш(немаше ни час после ударот во кулите леталата веќе беа накај северна америка),но имаше АМИН од ООН-резолуција 1244 она што на почетокот се сметаше за неисправно се покажа точно.
НАТО нема мандат за воена интервенција поширока од одбраната на територијата на Алијансата.
Ама ви велам не сте запознаени,има нова политика на т.н
Preemptive strike што во превод значи
секоја закана е пожелно да биде елиминирана,или неутрализирана или во превод дури и помагање на терористи,логистика ја прави државата потенцијална Мета еве Иран со поддршка на Хезболах и развој на нуклеарно оружје-треба да го решат проблемот и се надевам наскоро ќе успеат по изборите ако и ромни го бива како Буш посебно за надворешна политика и обезбедување поддршка(бидејќи Обама гледам го прави НАТо дводимензионално,паралелно),еве моментално Турција е загрозена од Сириските(и ирачки) балистички ракети но НАТО има план,имено стелт база близу до ракетната војска во јордан и брза акција за неутрализирање на балистичкиот потенцијал на Сирија но лично верувам дека тоа ни на сон нема да го направат.
Поради употребата на забранети оружја како касетни бомби и оружје со осиромашен ураниум НАТО ги прекрши и основните норми на Женевските конвенции од 1949 и на Дополнителниот протокол од 1977.
Ова е точно,сосема т.е 100% си во право но дали знаеш зошто се користи ураниумот,при збогатување во центрифуги имаме каскадна реакција од 1400 други реакции т.е одделувањето на У-235(кој е погоден за фисија) од У-238(кој е осиромашениот) се врши на прилично едноставен концепт но практично комплексен бидејќи има вртежи од над 1500 вртежи/секунда(90 000 минута) и на тој начин го принудува У-235 да се одделува од сиромашниот изотоп,па понатаму во наредната центрифуга иде чистиот У-235 и пак се врши истиот процес и така процесот оди од 1000-1400 центрифуги во зависност од тоа колку сакаш да го збогатиш ураниумот-нокако што примети кај последните центрифуги е високозбогатениот ураниум кој се користи за енергија додека остатокот е У-238 кој во природна состојба НЕ Е РАДИОАКТИВЕН над нормала(го нема јакиот У-235) затоа и го користат како оклоп тенковите и како муниција и забарите го користат е сега при нагла промена на околностите-притисок,температура на пример доаѓа до ослободување на алфа и бета честици односно погоден тенк или Испукан куршум од А-10 или Абрамс ма и друг тенк со кинетички пенетратор користи осирокмашен ураниум.
Конкретно за бомбите со Осиромашен ураниум ја оправдувам употребата-нема да глумиме лицемерие и ако целта ми е да уништам објект подземен со муниција,рачни противоклопни системи и Противавионски(а мојата армија е на 15км од локацијата судир е можен) тогаш нема подобра опција од осиромашен ураниум,фактот дека се напаѓа бункер или штаб па дури и касарна со подземен сектор
јако фортифициран и изграден да издржи класична бомба,но бомбата која има школка(или основа) од Осиромашен ураниум е многу потешка од класичната бидејќи У-238 е мноогу потежок од челик така да бомба со Осиромашен ураниум веројатно ќе пенетрира внатре во објектот бидејќи од поголемата тежина не само потенцијална туку и кинетичката енергија е зголемена па така ќе пробие и експлодира внатре во комплексот.
Радијацијата се состои од алфа и бета честици и не би рекол дека Ирелевантна туку дека е релевантно извршувањето на мисијата-боље спречити него лечити.
П.С и Русија и Кина,Турција СР Југославија исто користеше касетни бомби,а Германија и Турција употребија најмногу Осиромашен ураниум-америте гажаа со стратешките најмногу и томахавки.
Да не те потсетувам на Арачиново и извлекувањето на терористите од селото, одбивањето на предлогот на тогашната влада за тампон-зона од косовска страна и др
Ние ги пуштивме(кој даде наредба да се прекине оган врз нив,посебно по белите знамиња,дури и да има бели знамиња за терористи не важат истите правила и третман како војници така да требаше да продолѓи операцијата,а одложувањето и белите знаменца баш доведоа до нивна евакуација со АМИН од нашата Влада-прифати ја реалноста тоа е покварена нација без никакви лидери само клонови.
Околу Чивок-от,не оставал оружје туку контејнерот бил повторно земан мислам дислоциран на косово за каде и бил наменет-чивок-от имал проблеми.
4)...криењето на оружје. Аааа да.
Да и посебно комуникациите,многу јака мрежа имаа србите што и во пракса им овозможи и без воздушна надмоќ на копно да бидат на оптимална ефикасност и минимални да не речам смешни загуби-мислам на хардвер.
На 3 мај 1999 година, со три ракети и повеќе касетни бомби е погоден автобусот на „Ѓаковица превоз“ полн со патници. Автобусот се движел по патот Ѓаковица-Подгорица. Од ударите загинале 17 патници, а 44 добиле потешки или полесни повреди.
На 14 мај 1999 година беше бомбардирана колоната на околу 600 албански бегалци кај местото Кориша, општина Призрен. Од бомбардирањето загинаа најмалку 81 лице, од кои само 18 беа идентификувани. Тешки телесни повреди добија 34, а лесни 36 лица.
На 31мај 1999 година беше нападнат санаториумот за лечење на бели дробови во Сурдулица. Од бомбардирањето загинаа 19, а беа повредени 33 лица. На овој ден беше бомбардиран и Нови Пазар, со 11 загинати и 20 повредени граѓани.
Познати ми се случаиве и станува збор за колатерална штета.
За негов мандат не призна под уставно име,добивме покана а за активниот и сериозен ангажман да не зборам.
Секој што оправдува убиства на недолжни цивили мора да си го преиспита мислењето.
Да и да разбере дека се нужно зло,не може без колатерална штета иако се трудат со JDAM,и низа прецизни орудија кога некој користи жив штит-посебно авганистан..
Инаку да оф-топик сме но барем можеме да дпјдеме до заклучок дека сепак меѓународниот систем се балансира(бтв србија доби 100 милијарди како отштета имај го ова предвид) и дека истиот е базиран на одредени правила,норми ,договори,па би те прашал ти како анархист
како го замислуваш системот во пракса секако???