Сакаш да ти го кажам НАЈГОЛЕМОТО ПОСКАПУВАЊЕ ?
Годишна инфлација од 2-4% ( имаме и година со 8.3 % во 2008 ) од 2006 имаме вкупна инфлација од околу 17-18%
Ај ги молам нека се јават сите што од 2006 до денес имаат покачување на примања од 18% .
Уште поинтересно е што одиме накај Стагфлација-тоа е состојба во која имаме пад на БДП проследен со Инфлација.
И друга работа треба да им се појасни на некои кои се во тешка заблуда-во пресметките за инфлација не влеваат цените на алкохол,Цигари козметика и луксузни производи,туку пред се прехранбените основни продукти кои се
поскапени(зејтин 2006 беше околу 59-65 денари,шеќеро денес е над 45 денари па дури и лебот ќе поскапува што е смешно поради природата на производот,понатаму млекото е поскапено и неговите продукти(затоа јадеме растителен срање кашкавал-претходно јадев вистински),месото.живинарски производи т.е јајца,змачи покрај прехранбените производи тука се и ценитте за домување па и градење,доградба на дом за фамилија-да не зборам дека трособен стан во Скопје е тооолку скап што со истите пари во Барселона имаш петособен стан значи цените се напумпани до немај каде.
Друг факт ова е галопирачка инфлација и да СК2014 придонесе донекаде со пуштање пари во оптек НЕПРОДУКТИВНО-иако имаме и милиони девизен излив за леарниците во странство.
Сега бројот на туристите е ирелевантен,владата си правеше проекции за 3% раст ама испаѓа дека најоптимистичка варијанта е 1%.
БИП БИП БИП НЕПИСМЕНА РАЈА НА РАДАР!
.
Како прво би те посоветувал да го поправиш речникот.
Како мое внуче ќе враќа? Да се разбудиме? Ние или ти? Данок ја плаќам и богами помал неголи некогаш кога не ни се градело во Македонија
Кога било тоа,ами сети се на хидроцентралата козјак и матка-тогашните влади не градеа споменици или да плаќаат реклами.А порано да не ги спомнувам,порцеланка,ОХИС,Југохром,ФЕНИ тоа се Гиганти-денес нема НИТУ ЕДЕН ТАКОВ а ни зборат за Странски директни инвестиции(СДИ) кои кај нас не се над 180 милиони евра а во Албанија близу милијарда(околу 700 милиони со пораст) исто е и во Бугарија и таму имаме милијарди-ова се должи на НАТО членството најмногу.
тие пари секако ги дава секој граѓанин и е должен да ги дава, безразлика дали постоело Скопје 2014 или не
Да точно а во име на граѓаните парламентот и владата кога се предложува буџет и се гласа
се должни буџетот да биде развоен,да овозможи подобар квалитет на живеење т.е животен стандард и најважно парите да бидат правилно алоцирани-ако со тие 300 милиони евра го покривавме увозот на струјата немаше да има повисоки цени,но уште подобро ако се гасифицираше РЕК Неготино и се започнеше проект за нуклеарна централа се почнува со 250 милиони а најчесто и државите кои го градат реакторот даваат кредити па имајќи ја предвид енергетската криза и зголемената потреба за енергија ем ќе извезуваме+ цената на домашната енергија ќе биде конкурентна и привлечна посебно за инвеститори.
а заради проектот никој нема да враќа од свој џеб повеќе пари или помалце. Не постои начин 1000$ секој граѓанин да враќа
А поскапувањата,Горивото поскапе исто и електричната енергија а за да се произведе леб,јогурт СЕ потребна е ел.енергија а за да производот се дистрибуира до маркети продавници потребен е транспорт и гориво што значи зголемувањето на продажните цени на производите се должи најмногу на енергетскиот удар,Крајно нерационалното фрлање 300 милиони евра и сето тоа ние го плаќаме со повисоките цени а пази иако данокот е рамен со повисока цена даночната основа е уште поголема значи ем не дупат ем уште повеќе им даваме.
ти или си дете неписмено 13 години или некој со основно образование
Повторно обрни внимание на речникот.
задолжени пари си ги враќа владата
Не туку Народот не јас ма секој економист ќе ти одговори исто.
народот може да осети ако владата крене акцизи, ако поскапи данок, комуналии, напротив тоа или е исто или е смалено, а поскапувања од приватни фирми, дури и ЕВН е приватна не е потег на владата туку на фирмат
Данок не се поскапува туку имаме пораст на даночна стапка или нејзино намалување.
Околу акцизите-па ги зголемија зарем не памтиш-зголемувањето на цените на Цигарите(и пак тутунарите поебани),цигарите се непотребни и се луксуз затоа акцизата е околу 70% слично како и алкохолот и козметиката,посебно кај козметиката,најчесто амбалажата ја плаќаш и името на брендот а другото е...хемикалија.
а,плус цел свет е во криза Грција пропадна исто сценарио ја чека Шпанија , излезете од комунистички филм дека државата треба да работи за вас, не вие треба да работите за државата,
Пастирот нели велеше со контрамерките кризата не одмина, и плус веќе има подобрувања во глобалната економија,Благ пад има во кина за прв пат после неколку години раст дури до 11%.,
Не е точно,во Грција сеуште се живее подобро отколку било која балканска држава,пак има 13-та плата и низа бенефиции ти не знаеш дека над 348 милијарди евра влегоа во Грција за период од 3 години-тоа се вика Економски чадор на ЕУ,значи Грција не пропаѓа,друга важна работа е резервниот фонд(кој расте константно а дури и САД понудија милијарди за ЕУ исто и Кина) така да шпанија не е проблем.
Пријателе проблем е што кај нас секој трет е сиромашен,невработен ние имаме 30% невработеност имајќи предвид дека студентите не влегуваат во пресметката доста паметен потег на власта за да ја скрие фактичката реална невработеност со перењето мозок за ќебап факултети и сега имаме повеќе образовани отколку Шведска и Јапонија а годишно 18 000 завршуваат средно за 5 години тоа се 90 000 ако одиме со реално запишување и чат пат некој работи барем 60 000 невработени + ќе има па наместо 33% невработеност ќе имавме минимум 37-39% што би го урнало Митот во кој сеуште многумина веруваат.
ЕДИНСТВЕНО тие пари што беа за скопје 2014 дадени можеа или во инфраструктура да се вложат или во реновирање, но со оглед на нашиот национален статус се прави една црвена линија која неможе да ги замени сите пари на светот.
А што зарем бронзата ќе те направи патриот и ќе ти покаже дека си македонец??
Ќе те мотивираат шмизли,лавови и разноразни тракатанци,просјаци да бидеш ГОРД МАКЕДОНЕЦ.
НЕ-дефинитивно.
Ќе бидеш Горд кога ќе работиш,ќе имаш минимум 5-600 евра плата(просечна зборам) па ќе можеш да си дозволиш и моторно возило а ако немаш желба и не мора,но ќе имаш добра економска состојба,услови за да оформиш семејство,да си платиш образование а каматата за градење на куќа со толкава плата нема да ја осетиш-ЕТЕ тогаш ќе бидеш ГОРД МАКЕДОНЕЦ кој вреди и има за што ДА СЕ БОРИ,а денес ако некој ја нападне државава кој ќе се4 бори-ШТО ќе брани...газдата кој го експлоатира 12 часа за 8000 денари,со што да биде горде кога не може сметки да си плати,кога не може да отиде на театар....дете од гордост НЕ СЕ ЖИВЕЕ.
А и нашиот идентитет никогаш не бил загрозен како што е сега бидејќи и за време на
СФРЈ не бранеа патриотизам,печатење на рацин,мисирков,Историја на Македонците(а денешната ја избришаа оти албанците сакаа така да бидат СТАРОСЕДЕЛЦИ-тоа не е наука штом политиката одлучува) за разлика од порано кога знаеше дека си Македонец ги знаеше борците,писателите денес си
загрозен бидејќи се врши тешка лоботомија почнувајќи од михајлов,до некој Воин на коњ(кој е тој воин нека пишат ако имаат муда) и сега доаѓаме во ситуација да се запрашаме и расправаме дали бил Александров заедно со Михајлов за Македонија,или Бугарија понатаму дали сме ЧИСТА античка крв што е теоретски а со тоа и практично
НЕВОЗМОЖНО, ниеден народ не е чист и тоа ми е јасно и јас немам проблем да бидам микс од античките племиња и новодојдените словени ама ако некој рече нешто вакво може да дојде и до конфликтна расправа(мене ми се слули со еден абдал кој ме убедуваше дека сум антички а он има БГ пасош-пази лицемерие) па на крајот испаднав предавник кога реков дека Македонија заедно со СФРЈ е земја која е коосновач на ООН и дека после победата над фашизмот,балистите и предавниците добивме право на Јазик,на слободни културни дејности,добивме друштва на Интелектуалци,на Писатели, МАНУ и.т.н ако ова ме прави предавник спореди како им било на Македонците во Егејска.
но во глобала проектот е на место.
Да и врбите како споменик и бродови,промашај е кој го уништи ДУХОТ на скопје а тоа е грев,згора на се и го направија повеќе да личи како циркус отколку метропола!!
Ако изгради асвалт тебе ќе ти се вратат парите? Или со новите патарини владата ќе зема уште пари. Ако се направи електрана ќе поефтине струјата? Не туку нема да увезува евн туку ќе купува од владава пак ти денар нема да видиш.
Ќе биде поевтина а железница со бугарија ќе ги намали транспортните трошоци за цели 50% ама наместо 70-100 милиони за Коридор 10(ако знаеш што е) кој ќе не стави и во поповолна геостратешка инфраструктурна позиција па и енергетска согласно плановите за гасификација.
Инфраструктурата т.е патиштата да, но пак ќе пофторам со оглед на националниот статус
Што со статусот,пак ќе повторам зарем ти треба бронза за да се чувствуваш како макиедонец??
Абе види воин на коњ и музејот на ВМРО мене не ми беа потребни за да се чувствувам како Македонец, не познавам луѓе кои биле несигурни во својот национален идентитет, па овие зданија да му го потврдат. Ама ете можеби конечно сретнав некој на форумов.
Прочитај погоре мене воинот ми го правдаа демек имам античка крв
А корист од проектов на надворешен план, не верувам. Слободно разубедете ме. Со факти се разбира, на као до сега со чукање во гради и повторување на политикантските фрази.
Јас набројав негативности сега дали ќе се согласиш е друга работа ама 6000 души не е Корист.
Тоа ако некој украл треба да одовара. Тоа се и твои и мои и пари на секој граѓанин на РМ.
Апсолутно-Криминал е крими8нал без разлика во која партија е,кој ешалон ако сме правна држава се што е спорно треба да се испита.
до 2006 не сакаа ни да помислат светска банка и другите фондови да ни дадат вакви суми тие не се ненормални да му дадат на некој што неможе да ги врати.
Како бе така,ММФ секогаш ни биле на располагање ако имало потреба во 2006-та немаше потреба а сега има "оправдана" за бронза-дај не се зафркавај.
Од ск2014 прво колку градежни фирми профитираа а покрај градежните уште стотици други се вклучуваат
Ајде бе 300 милиони,неколку за некои си уметници за кои првпат слушам и неколку смртни случаи од непочитување безбедносни процедури,профитираа сопствениците а кутрите градежни работници здравјето го оставија таму.
А што велиш за Козјак=800 милиони и плус дава струја, што велиш за Матка заедно прават милијарда-ете тооа е нешто корисно за сите.