WTF,OMG,LOL... на некоја од локалниве телевизии (или не беше локална...:raz
дадоа стар и заборавен филм пред некој ден...кој сам по себе не се заборава...
Полињата на смртта (1984)
Енивеј, Камбоџа, Пол Пот, Кмерите, Новинари заробени во Пном Пен на денот на влегувањето на најбестијалниот режим на 20-от век каде знаење странски јазик и носење очила биле capital offence факти кои делуваат нестварно на прв поглед но бројката од 1,7 милиони убиени граѓани на Камбоџа од 7 милиони население за време од неполни 4 години владеење на сојузникот на Мао и Кисиџер не оставаат простор за сомневање, заедно со преживеаните кои се спасиле од бескрајниот ужас по навлегувањето на Виетнамската армија во 1979.
Тешка драма, нестварна фотографија, глумата исто, Сем Вотерстон и камбоџанскиот актер Хаинг Нгор
cuc
заедно со Џон Малкович, Џулијан Сендс, Крег Т. Нелсон, Патрик Малахајд...
Делува многу отрезнувачки посебно имајќи предвид дека многу вредности кои ги краселе ликовите базирани врз реалните личности кои поминале низ сиот пекол - денес не постојат за 30-тина години се преселиле во светот на минатото и светот на старите (тотално заборавени) филмови...
Режисер Ролан Жофе, познат и по друго ремек дело - филмот „Мисија“...