Инаку, вака како тргнала работата.. се по изгледно е дека и Волкот ќе го напушти Арсенал. Тој исто како и Робин претходно, има моментално уште една година од договорот, а веќе цело лето не успеале да го договорат за нов.
http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2190170/Theo-Walcott-signed-new-Arsenal-deal--Arsene-Wenger.html
Знам дека повеќето овде, вклучително и мене го хејтаме поради начинот на кој игра, последниов период, година..
али сепак е дете на Арсенал и само би значело колку сме плитки како клуб, управа, доколку и Волкот го напушти тимот, во кој цел живот играл.
Има уште 10 дена за да се договорат двете страни. Некој посебни шпекулации и нема дека некој тим е заинтересиран, освен Ливерпул каде што пред некое време прочитав дека биле заинтересирани. Тоа е тоа. Робин отиде, Сонг, можеби Волкот.. настрана се, мислам дека донесувањето на Подолски, Жиру и Казорла, се падна во сенка на овие кој веќе го напуштија тимот. Од друга страна и повеќе од потребно е повторно да се одврзе ќесето и да се донесе шпиц/крило и замена за Сонг. Доколку ова не се случи, според мене максимумот оваа сезона, што можеме да го извадиме со ваков тим и ангажираност, е 4тото место, со многу пожртвуваност и среќа.
Не драматизирам, едноставно на крајот свртевме круг и повторно сме на почетокот.