Кајганџиско дарување крв

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Ајде бре да се собереме во Велешани да даваме крв аман!
ама на Велешко езеро,на него му треба итна трансвузија за да опстане
што ќе капне на земјата - нека капне во водата............аман.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
имам 16 години... смеам ли да дарувам крв на оваа возраст? а баш би сакал
А на 15 години, баш сакам да давам крв..а и да запознаам некој кајганџија у живо + прошетка до скопје нема да биде на лошо :)
Треба писмена потврда од родител дека ти дозволува да даваш крв, ама дури и родител да ти даде потврда не верувам дека од трансфузиологија ќе ти дозволат. Јас лани кога сакав крв во школо да давам едвај ми дозволија и ми рекоа сум бил на границата, а имав 17 и за некои 5-6 месеци ќе полнев 18 години.
Најдобро е да си почекате уште некое време па после ќе си давате крв.

Иначе ако се прави некоја акција после 15ти септември може и ја да учествувам :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Абе а вистина е она шо викаат после дарување крв поубаво си се чувствувал ? :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
колку што се сеќавам,во доцните “60 и првите “70 години во школо,
доаѓаа екипи за дарување крв,кој ќе даде крв покрај што тој ден е ослободен од настава,добиваше и некој мал сендвич.Но и ова се
сеќавам дека да се зголеми „крводарителството“,се даваа и цигари,
кој во тоа посиромашно време се купуваа на парче-комад од трафиките.
Не сум баш сигурен во ова но мислам имаше вакви појави (неправилни)
Инаку кај што работам еднаш-два пати годишно се дарува крв,доаѓаат екипи од трансфузиологија.Потоа за дарителите следува два дена одмор.
Поради ова и доста се одлучуват да дадат крв.Повеќето млади.
КРВ ЗА СКОПЈЕ
26 јули 1963 година (градот е разрушен)
Београд- до 16 часот околу 1.000 граѓани дадоа крв.
Сараево-до 17 часот преку 10.000 граѓани се јавиле да дадат крв.Секоја минута крв за Скопје даваа по 10 граѓани.
Приштина-Само во текот на денот за Скопје е пратено 1.190 боци со крв.
Зајачар- повеќе од стотина граѓани веќе прошле во станицата за трансвузија на крв - крв за Скопје.
Нови Сад-Во фабриките е стопирано произвоството,и работниците со автобуси се пренесуват во болниците каде даваат крв за Скопје,која веднаш со авиони се испраќа за Скопје.
Титоград- Одзивот за давање на крв за настраданите во Скопје е масовен.
Овие горе наведени сигурно не добија сендвич и цигари и два дена одмор.
Тоа не треба да се заборави,нам ни помогнаа кога најповеќе ни требаше.
ДАРУВАЈТЕ КРВ.
 
B

Black Guard

Гостин
Абе а вистина е она шо викаат после дарување крв поубаво си се чувствувал ? :)

Нема врска во смисол на физичко задоволство,но јас дарувам уште од средно и Да после дарување чувството е добро бидејќи помагаш а таа крв ќе се користи за да спаси нелиј живот.

Можеп да даруваш кога сакаш,никој не ти брани треба да си 17+ над 55 килограми,да немаш сланокрвност,да не си моментално под било каква терапија вклучувахќи антибиотици,седативи па и аминокиселини и креатин исто така ќе те прашаат и дали си педер било усмено или писмено бидејќи педерите бемаат право да даваат крв поради ризикот од вирусни инфекции како хепатит Ц,ХИВ и бактериски гонореа,сифилис бидејчи се промискуитетни-И гледај поледните две недели пред да дадеш крв да намилиш алкохол пороци ако ги има како никотин или кофеин,да дадеш што е можно поквалитетна крв(живот е во прашање) јас порано така правев и при перење мајка ми ја утна,легитимацијата буквално се раствори...распадна и сега како ме поебаа баш поради тоа што крв сум давал во повеќе градови од 14 пати дадена крв ми признаа само 4 т.е тие кои беа на повик.

Ако имаш желба да даруваш трансфузија е местото каде треба да одиш во општа болница спротиво од Црквата е(бог да чува до болницата има црква),порано од 8-9 часот најдобро и да не претераш уште сабајле со многу шеќер и кафе,инаку можеш да даваш крв на секои 3 месеци(така правев првите 2 години) али не е препорачливо т.е на 4 месици општо има согласување дека не е негативно за организмот инаку сега сум малку разочаран поради ова непризнавање ама тоа е тоа,моја вина е документ не се чува во заден џеп на панталони кои одат за перење),исто така можеш и да им оставиш телефонски број па кога има потреба ќе те викнат јас веќе преминав на тој пристаоти ти кажуваат има пациент,оа треба операција за два дена и ако можеш да помогнеш искрено не наоѓам причина зошто да не.

Планирам наскоро да донирам и коскена Срж иако некако процедурата е како да се изразам НЕстандардна но иако се мали шансите да има некој човечки организам со ДНА како мојата би го спасила, само се надевам нема Ф15 зависност од кофеин:tapp::tapp: но константно го на,алувам,откажав и енерџи ама кафето беее како:(


Али ајде полека,валеријана и маточина многу помагаат.(y)

П.С ако си Нула тоа е причина + да дадеш крв бидејќи е најретка и секој може да ја прими не само што е ретка туку се случува и да има дефицит,исто ако имаш некој твој другар или другарка со нула(и да не е нула) повикај ги заедно ќе дадете крв а додека даваш ме се напрегај,не зборувај(малце може) и полежи барем три минути после давањето крв оти видов еден мажиште абе стана и го прашуваат како си, овој само што рече добро и падна,јас чекам минута али во седечка позиција,исто ти е али во главно дај му бар минутка на организмот да надохнади-мозокот сака многу крв:)


Потоа за дарителите следува два дена одмор.
Поради ова и доста се одлучуват да дадат крв.
ОК е ако работат треба одмор но мотивот не треба да биде отсуство од настава туку самиот хуман акт.
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Ако има нешто викајте, Rh0 Негатив
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
јас иам 18, неам досега дарувано а сакам да дарувам бидејки иам многу јака крв и понекогаш ми излеват брунки (акни) од јаката крв, а иам ретка крва група како шо ми кажаа АБ негатив
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.616
Поени од реакции
767
јас иам 18, неам досега дарувано а сакам да дарувам бидејки иам многу јака крв и понекогаш ми излеват брунки (акни) од јаката крв, а иам ретка крва група како шо ми кажаа АБ негатив
Појди ако си од Скопје државна болница или воена болница и ќе можеш да даруваш крв или ако си од некој друг град прашај во околната болница не е само добро за тебе туку и за тој чив живот значи од твојата крв
--- надополнето: Aug 19, 2012 6:05 AM ---
Ако има нешто викајте, Rh0 Негатив
Нема потреба да чекаш некој да те викне појди и дади крв
--- надополнето: Aug 19, 2012 6:07 AM ---
Абе а вистина е она шо викаат после дарување крв поубаво си се чувствувал ? :)
Да се чуствуваш подобро,можеби со твојата крв си спасил нечив живот а што е подобро од тоа чувство да спасиш нечив живот.
 
M

Muranyi

Гостин
па и аминокиселини и креатин
За ова првпат читам и мислам дека грешиш.Туку за книшката,можеш пак да си ја извадиш,Клиника за трансфузија води евиденција за сите твои дарувања.Барем мене ми извадија нова кога ја изгубив.
--- надополнето: 25 август 2012 во 16:59 ---
Абе а вистина е она шо викаат после дарување крв поубаво си се чувствувал ? :)
Поубаво се чувствуваш затоа што си направил хумано дело,но претпоставувам алудираш на тоа дали се чувствуваш физички поубаво-јас лично не,истиот ден се чувствувам малаксан и си го поминувам во кревет.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Минатиот пат кога сакав да дарувам крв ми рекоа да се вратам дома >_<
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Најверојатно ти бил слаб хемоглобинот,па затоа те вратиле(ако не си стигнал до пополнување на листата).
Тоа не може да знаат без да те проверат. Него ме испратија со зборовите (тебе ти треба повеќе крв, кај си зел да даруваш ... -__-). Знам дека сум слаб, ама не сум до толку слаб ... Ми идеше да го рашамарам тој дрндупката таму.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Тоа не може да знаат без да те проверат. Него ме испратија со зборовите (тебе ти треба повеќе крв, кај си зел да даруваш ... -__-). Знам дека сум слаб, ама не сум до толку слаб ... Ми идеше да го рашамарам тој дрндупката таму.
Се праел пекмез..
 
M

Muranyi

Гостин
Тоа не може да знаат без да те проверат. Него ме испратија со зборовите (тебе ти треба повеќе крв, кај си зел да даруваш ... -__-). Знам дека сум слаб, ама не сум до толку слаб ... Ми идеше да го рашамарам тој дрндупката таму.
Тоа е друго,но многу непрофесионално од нивна страна.Не им замерувам,таков народ сме:)
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
па и јас на прв поглед изгледам слаб, ама сепак се осеќам таман... а имам јака крф
 

Kajgana Shop

На врв Bottom