Кој е Бог?

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1.Ај те молам кажи дека се заебаваш за првиод дел.

2. Не се плашат??? АХА. Значи лекциите од типот ако не го послушаш тоа што ти го кажал се само онака. Нема да те казни или слично само ке те искара.
Немој да се лажеш сите кои се верници се тоа само поради стравот да не бидат протерани у пеколот т.е. можеш што се мене тиче живеј у бајка, ама да ти кажам реалноста е многу поинтересна, а башка кога би бирал помегу библискиот рај и пекол би го избрал пеколот подобри луге има таму, а во рајот би требало да бидам со убијци, силувачи и други криминалци кои се покајале за своите дела. И тоа дали се лузери или не незнам само запрашај се дали тие лузери го смислиле компјутерот, интернетот итн. Се надевам дека ја свакаш глупоста на ова.

3. трет дел.
Не мислиш дека пишуваш нешто само за да го напишеш тука.
Нели библијата вика дека сите сме божји деца. Од тука следи дека уште од рагање сум бил поврзан со Бога а после било оставено на мене дали ке тргнам по друг пат или ке останам на тој.
Исто има и една реченица која ми се свига: Бог ме направил Атеист кој си ти да го критиковаш тоа :).

4.Не се плашам и ке ти кажам зошто.
Има една книга која се вика Hagakure и таму у еден дел вика: Смртта е можен исход на секоја битка прифати го тоа тогаш и со отсечена глава ке можеш на поразиш уште 2-3 противници. Оваа реченица многу лесно може да се генерализира за секојдневна употреба.

1. Зошто би се заебавал?:P

2. Хмм, тоа е твој избор:P околу пеколот и рајот. Не гледам никаква глупост, бидејќи ниту знам што е пекол, а што е рај, за да карактеризирам нешто како глупост.

3. Јас стално пишувам колку за да напишам нешто. :)
Не ми е познато што вели библијата околу тој дел, ама сигирен сум дека не си бил во врска со Бог, за да ја раскинеш.

4. Не ми е позната таа книга.
Хмм и ти заради таа реченица сакаш да кажеш дека не се плашиш од смртта и дека не ти е страв кога ќе дојде истата?
Како ќе ја генерализираш у секојдневието?

А животот го сакаш ли, согласно тоа дека ти е сеедно кога би настапила смртта?
 
M

Muranyi

Гостин
Зборуваш за човечката природа тоа не е личност.
Бог не гледа на човекот како природа дали е хомосексуалец, хендикепиран, генијалец..., туку како личност и пред него сме сите исти(нема Јудеец, Елин. машко, женско...).
Нема предодреденост, т.е. предодредени сме за богови ако сакаме.:)
Либериј,не ме сфаќај погрешно,но јас навистина се трудам да те разберам ами некако тешко ми оди:)Велиш Бог не гледа дали човек е хомосексуалец,зарем хомосексуалноста не беше забранета во Библијата?Велиш дека не би сакал да бидеш во заедница со Бог кој убива луѓе,нели во самата Библија има многу примери каде Бог го истура бесот врз луѓето(и должни и недолжни),Содома и Гомора,потопот и слично.Ова е момент кога логично ми се наметнува прашњето,за кој Бог пишуваш ти?
Инаку,вака на прв поглед,ми се допаѓа начинот на кој ти го перцепираш Бога и каков би требало тој да биде според твое видување.Сигурно не тиранин како во гореспоменатите примери.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018

Мојата перцепција е компатибилна на христијанската, православна црквена претстава за Бог.
Сите оние надворешни, нецрковни, несериозни, најчесто на лична штета заради тој несериозен пристап, итн. толкувања, не одговараат на Вистината.
Затоа јас се согласувам со таквите видувања бидејќи тоа не е Бог, Кој е.
Нема проблем воопшто не те разбирам погрешно, напротив, те разбирам.:)
Старозаветната претстава за Кој е Бог, за мнозина е сопка и за жал остануваат долу, наместо да станат и продолжат и се соочат смело без страв кон „ Страшниот Бог“.
Моето видување за С. Завет кое ме прашуваш, главно се базира дека не треба да ја апсолутизираме нашата сегашна цивилизациска, хуманистичка свест, димензија со старозаветната и да ја вчитаме во неа, во која ако би му рекол на некој израелец, моавец, филистеец..., еј дечки немој така, не е убаво, тој бледо би ме погледнал и би ме скратил за глава...
Бог во една таква сурова, крвава атмосвера треба да најде начин човекот да го направи Бог, а тоа значи да не му ја повреди слободата, затоа делува во тогашниот историски, цивилизациски контекст како што делува, а нам не ни одговара, како што и ние за нашите потомци нема да бидеме компатибилни по поведение.
Ние со нашата самодоволност, ограниченост без Бог не гледаме всушност одредени работи какви последици може да имаат, затоа често Бог не ни удоволува...како и што вели: „ не знаејќи, зло барате“.
Ај засега толку... се надевам ме разбираш.:)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Либериј,не ме сфаќај погрешно,но јас навистина се трудам да те разберам ами некако тешко ми оди:)Велиш Бог не гледа дали човек е хомосексуалец,зарем хомосексуалноста не беше забранета во Библијата?Велиш дека не би сакал да бидеш во заедница со Бог кој убива луѓе,нели во самата Библија има многу примери каде Бог го истура бесот врз луѓето(и должни и недолжни),Содома и Гомора,потопот и слично.Ова е момент кога логично ми се наметнува прашњето,за кој Бог пишуваш ти?
Инаку,вака на прв поглед,ми се допаѓа начинот на кој ти го перцепираш Бога и каков би требало тој да биде според твое видување.Сигурно не тиранин како во гореспоменатите примери.

Те цитирам тебе, ама у суштина прашањето е до сите.

Зошто секогаш го врзуваат сите и верници и неверници, Бог со напишаното во библијата?

Мора ли да биде таа врска?

Можно ли е Бог без библија?

Како може Бог, семоќен ентитет, во корелација со човечки написи за него, веројатно многу пати менувани?

Мене тоа не ми оди во глава некако.:)
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Бог е Универзумот (свесна или несвесна сила) и ич кур не го боли за нас (треба да го има за да го боли)

Поважни се газилион други работи во универзумот од сиротите нас. Како на пример, контролирање на стапката на ентропија. Нема да се бафта дали некој се помолил денес наутро, украл пари од банка, или ја мамел жена му со соседтката.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Бог е Универзумот (свесна или несвесна сила) и ич кур не го боли за нас (треба да го има за да го боли)

Поважни се газилион други работи во универзумот од сиротите нас. Како на пример, контролирање на стапката на ентропија. Нема да се бафта дали некој се помолил денес наутро, украл пари од банка, или ја мамел жена му со соседтката.
Пак издаваш лични работи:cool:
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Пак издаваш лични работи:cool:
Пак те сакаме, без разлика. Бог е малку презафатен за да оформи и даде мислење за твоите постапки, затоа не му се грижи многу :D
--- надополнето: 18 август 2012 во 22:41 ---
Пак те сакаме, без разлика. Бог е малку презафатен за да оформи и даде мислење за твоите постапки, затоа не му се грижи многу :D
А јас сум му неговиот педерски портпарол Кукумјавче.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Бог е Универзумот (свесна или несвесна сила) и ич кур не го боли за нас (треба да го има за да го боли)

Поважни се газилион други работи во универзумот од сиротите нас. Како на пример, контролирање на стапката на ентропија. Нема да се бафта дали некој се помолил денес наутро, украл пари од банка, или ја мамел жена му со соседтката.
Како ме погоди сега,не ми се верува,потполно се сложувам со тебе(y)Секоја чест.

Ја па мислев со болдот те погодил:cautious:
 
M

Muranyi

Гостин
Те цитирам тебе, ама у суштина прашањето е до сите.

Зошто секогаш го врзуваат сите и верници и неверници, Бог со напишаното во библијата?

Мора ли да биде таа врска?

Можно ли е Бог без библија?

Како може Бог, семоќен ентитет, во корелација со човечки написи за него, веројатно многу пати менувани?

Мене тоа не ми оди во глава некако.:)
Мојот пост се однесуваше кон Либериј,кој е христијанин и затоа прашањето беше поставено во тој правец,врз основа на тоа што пишува во Библијата.Сепак,јас пак морам да повторам и да признаам дека ставовите на Либериј и неговата престава за Бог,кои ми се допаѓаат,не ми кореспондираат со христијанскиот концепт за Бог,кој во многу наврати(во Стариот завет) е преставен како тиранин,масовен убиец итн.(да не претерувам).
И јас прашувам,можно ли е да дебатираме за постоењето на Бог и настрана да ги тргнеме светите книги?Едноставно,не оди на таков семоќен ентитет да му препишуваме човечки особини,кои итекако се очигледни и во Библијата,за Куранот муабет да не правиме.
Иако не верувам дека човекот би можел нешто да знае или спознае за таков семоќен Креатор.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Те цитирам тебе, ама у суштина прашањето е до сите.

Зошто секогаш го врзуваат сите и верници и неверници, Бог со напишаното во библијата?

Мора ли да биде таа врска?

Можно ли е Бог без библија?

Како може Бог, семоќен ентитет, во корелација со човечки написи за него, веројатно многу пати менувани?

Мене тоа не ми оди во глава некако.:)
Бог е присутен во човечката историја и тоа во жив, личносен дијалог, инаку би западнале во деизам.
Библијата не е божество, ниту ограничување, но писмено предание од историско, пророчки, дидактички... карактер и е дело на тој однос Човек-Бог и е во нивна служба, практика...
Присутните антропоморфизми во библијата се заради Божјата икономија и примордијална желба да го соедини човекот со Себе за да го обожи(да биде Бог).
Оттука библијата е корисна алатка доколку се користи правилно.(y)
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Кога ќе купиш производ кој не ги задоволува критериумите кој ги предвидел призводителот, не ја гледаш вината во производот (креацијата), туку во во производителот (креаторот).

Како сакаш врти ја поентата, останува фактот дека христијанскиот концепт за Бог се стреми да создаде чувство на грижа на совест кај луѓето. Чувство дека човекот треба да се искупува, да бара прошка и да се чувствува должен да поднесува сметки за своите постапки. Постапки кој се последица на особините дадени од истото тоа семоќно и сезнајно битие.
Премногу човечки, премногу суетно и премногу апсурдно за битие кое треба да биде совршено.
Иако човекот многу напреднал во науката и техниката,
во духовното сеуште стои на почетокот.:(

Со твоите зборови наликуваш како Адам.
Тој немаше да згреши ако Бог не му ја дал жената која го прелажала.:facepalm:

Чуството за грижа се јавуваат тогаш, кога човек не е во можност да ја промени состојбата на оние кој директно произлегле од него и одговорноста за нив и нивната иднина директно зависат од самиот човек.(семејство)
Тогаш се јавува грижа на совеста

Некој сакал преку книгата да го ослободи човекот од тој тежок товар.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Мојата духовност е сосем добро и нема потреба од твоите оценувања. Незнам зошто се чувствуваш повикан да ме исправаш на повеќе теми и да ми кажуваш на кого наликувам, каде грешам и што не сум сватил.

Поентата во мојот пост е што во христијанството на човекот му се припишува наследниот грев, затоа нели мора да се кае, да бара прошка и да се смета за грешен. Тоа е наметнатото чувство на грижа на совеста.
 
Kako prvo,
Tvoja duhovnost nemash,bidejki sledish tuga duhovnost postavena od vash soodveten prorok.
Da imash svoja duhovnost,najnapred treba da ja rodish,da ja izrasnesh I da ja stavish na visoko da im go osvetluva patot na drugite.

Sigurno imash slushnato,ne im go pravi na drugite ona shto nekesh tebe da ti go pravat.

Kako vtoro,ne mu se prepishuva nishto kako nasleden grev, bidjki vo osnova na nivnoto veruvanje,eden dojde I gi zema nivnite gervovi na sebe .

Preispitaj ja tvojata poenta.!
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Kako prvo,
Tvoja duhovnost nemash,bidejki sledish tuga duhovnost postavena od vash soodveten prorok.
Da imash svoja duhovnost,najnapred treba da ja rodish,da ja izrasnesh I da ja stavish na visoko da im go osvetluva patot na drugite.

Sigurno imash slushnato,ne im go pravi na drugite ona shto nekesh tebe da ti go pravat.

Kako vtoro,ne mu se prepishuva nishto kako nasleden grev, bidjki vo osnova na nivnoto veruvanje,eden dojde I gi zema nivnite gervovi na sebe .

Preispitaj ja tvojata poenta.!
Поентата на самата духовност е да најдеш своја вистина и тоа што ќе ти го храни духот. И таа духовност која ја проповедате не е негова, па како таква, што ќе му е? Си знае он добро што е духовност и како треба да ја негува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom