Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
ДПМНЕ и СДСМ имаат редовна комуникација и најверојатно ќе одат со заеднички кандидат за градоначалник во Кичево и Струга. Ама касно почнаа.
Никогаш не е касно.

Подобро некогаш, отколку никогаш.
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Ти во матичната служба да не работиш.

Баба Ванѓа ми ги кажа имињата.

Не треба од обид за кражба на патарина да направиш меѓуетнички инцидент , тоа ми беше намерата.

Осовено што сите се со иницијали. (албанец со презиме на “Л“ не сум сретнал)

Можно е сите тројца да се православни, и сите други комбинации.
Абе бате, не работам,ама во Куманово горе доле се познаваме,зборам за Кумановци (не за Косовари и оние од Кумановско),инаку за поентата точно се слагам, некогаш ни се чини толку очигледна вистината за некој случај,а секогаш може да излезе нешто друго(ова од искуство го зборам).
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ќе одат ама не од љубов према Кичево на пример тука за да остане колачот кај ними ;)
Од огромна стратешка важност е Кичево да остане со Македонец градоначалник. Тоа е единствената причина зошто СДСМ ќе го поддржи кандидатот на ДПМНЕ. Интересот нормално постои, ама тој постоел од секогаш, па пак не можеле да се договорат за некои други општини.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Законот ќе биде донесен со гласовите на ДПМНЕ и СДСМ. ДУИ не го прашува никој. Гласовите на албанските партии не се доволни за да се донесе закон за припадниците на ОНА. Но, се согласувам дека и тоа не е доволно. Овој закон Груевски требаше да го донесе уште во 2006.

Инаку, и во моментов сме во политичка криза. Колку сериозна ќе видиме од тоа колку ДУИ ќе инсистира Бесими да ја задржи фотељата.
Објективно може да донесат таков закон , не реков не.
Но има некои субјективни околности во Македонија , без дозвола на албанците не е добро да се донесат закони.
Пошто потоа ќе идат нови политички барања после 10 години.
Оправдувањата на новите барања ќе бидат : Скопје 2014 , закон за бранители , нерамномерен развој , надгласање на парламент , непочитување на Охридскиот договор.

Исто како што денеска се спомнува Гостивар , Тетово , Бит Пазар.
Лесни за спроведување , тешки за иднината.

Љимани
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Објективно може да донесат таков закон , не реков не.
Но има некои субјективни околности во Македонија , без дозвола на албанците не е добро да се донесат закони.
Пошто потоа ќе идат нови политички барања после 10 години.
Оправдувањата на новите барања ќе бидат : Скопје 2014 , закон за бранители , нерамномерен развој , надгласање на парламент , непочитување на Охридскиот договор.

Исто како што денеска се спомнува Гостивар , Тетово , Бит Пазар.
Лесни за спроведување , тешки за иднината.
Подобро војна отколку федерализација. ;) Џабе фолираш, кога и тебе ти е јасно дека денес Македонците многу повеќе посакуваат војна.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Подобро војна отколку федерализација. ;) Џабе фолираш, кога и тебе ти е јасно дека денес Македонците многу повеќе посакуваат војна.
Зошто би војувале македонците ? против кого?

Реално војната до 2001ва и наштети на државата , требаше 5 години за да се вратиме во нормала.

Албанците војуваа пошто немаа што да загубат.

Мислиш дека македонците нема што да загубат ?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Зошто би војувале македонците ? против кого?

Реално војната до 2001ва и наштети на државата , требаше 5 години за да се вратиме во нормала.

Албанците војуваа пошто немаа што да загубат.

Мислиш дека македонците нема што да загубат ?
Да, денес Македонците нема што да изгубат, за разлика од Албанците.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Зошто би војувале македонците ? против кого?

Реално војната до 2001ва и наштети на државата , требаше 5 години за да се вратиме во нормала.

Албанците војуваа пошто немаа што да загубат.

Мислиш дека македонците нема што да загубат ?
Вас не ви се свиѓаше државата до 2001 сега на другите не им се свиѓа.Ете пробуваат по други начини да ја променат не иде......ќе формираме некоја воена формација и ќе се бориме за "човекови права"....

Македонците нема што да загубат и онака веќе ништо немаат,за разлика од вас.Секоја војна е win-win ситуација за македонците.Ако ја тепаат вие со се партали се губите од тука,ако ја изгубат Македонија ќе остане без еден дел од територијата кој и онака го нема под контрола,а тоа што ќе остане ќе има едно огромно гајле помалку.Секако македонците добиваат со било каков исход.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Што би загубиле на пример?
Да, денес Македонците нема што да изгубат, за разлика од Албанците.
Вас не ви се свиѓаше државата до 2001 сега на другите не им се свиѓа.Ете пробуваат по други начини да ја променат не иде......ќе формираме некоја воена формација и ќе се бориме за "човекови права"....

Македонците нема што да загубат и онака веќе ништо немаат,за разлика од вас.Секоја војна е win-win ситуација за македонците.Ако ја тепаат вие со се партали се губите од тука,ако ја изгубат Македонија ќе остане без еден дел од територијата кој и онака го нема под контрола,а тоа што ќе остане ќе има едно огромно гајле помалку.Секако македонците добиваат со било каков исход.

Да не сте станале на лева нога , што вака наопаку размислувате.

Вас ви пречи што албанците ги добија своите права , и ви се чини како да е крај на светот.

Иначе македонците ништо не загубиле во послевоената Македонија (освен во првите 5 години кога се лечеа економските последици од војната).

Не знам кој ви наметнува позиција на губитник.

Во 2007ма имаше 49.923 македонци во државните институции.
Во 2011та веќе имаше 77.879 македонци.

Е зошто сега не ви е убаво вас , кога за 4 години се вработиле 28.000 македонци само во државните институции ?

Лошо ви е пошто се вработија и 11.000 албанци ?

Што има да ве заболи за албанците , кога и вие се вработувате ?

=

Во неколку месечната војна , која зафати само некои региони , а сепак загубата за целата држава беше голема.

Таа година наместо да има раст на БДП-то од 4,5% , имаше пад од 4,5%. Штетата е 9%.

Бројот на туристи преполовен , односно , 300.000 помалку.

Бројот на вработени се намали за време на војната и после војната , за 80.000

Пад на странските инвестиции.

=

Ако сакаш војна , тогаш дали си спремен да платиш воен данок , раст на цените , губење работни места , и најважното дали си спремен да војуваш ?

Македонците имаат за губење , не малку, туку многу.
Албанците и онака имаат стапка на невработеност од 40% , и онака преживуваат со парите од печалбарите.

Странските инвестиции сите гледаме каде завршуваат , зарем би ги ризикувале тие ?

Оваа лошење во вашите желудници се должи на тоа што ги гледате албанците како ги добиваат своите права , не дека македонците ги губат своите.

Заклучок : Македонците немаат причина да војуваат.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Е зошто сега не ви е убаво вас
Зошто пред неколку месеци кога имав некоја работа во мвр, ми се појави еден со нос на шалтер и не можеше да ме разбере што му зборам/што ми треба. Не зошто не знае Македонски туку дека е така, малце троа, знаеш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Заклучок : Македонците немаат причина да војуваат.
Кажи им го ова на тие 35.000 што доброволно се пријавија да одат на вежби на резервниот состав на полицијата во последниве година дена. Ова е лицемерен мир, кој нема да опстои уште долго заради редовните провокации (нема врска со права и вработување на Албанците, туку со обидите за понижување) и тивкото работење во насока на проширување на Рамковниот, давање на некаков дух на истиот со цел федерализација.
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305

АБе Шапшан еден нека се вработат и 100 000 Шапшани ама нека се вработат со образование со знаење а некој на нива компир собирал и го гледаш во админстрација другиот ден немам ништо против да се вработат образовани луѓе Шапшани
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Зошто пред неколку месеци кога имав некоја работа во мвр, ми се појави еден со нос на шалтер и не можеше да ме разбере што му зборам/што ми треба. Не зошто не знае Македонски туку дека е така, малце троа, знаеш.
Нов бил изгледа , оди после 1 месец и препознај го , јас овие албанци што ги гледам , доста усешни се.

Кажи им го ова на тие 35.000 што доброволно се пријавија да одат на вежби на резервниот состав на полицијата во последниве година дена. Ова е лицемерен мир, кој нема да опстои уште долго заради редовните провокации (нема врска со права и вработување на Албанците, туку со обидите за понижување) и тивкото работење во насока на проширување на Рамковниот, давање на некаков дух на истиот со цел федерализација.
Џе бре , 35.000 ?
Јас прочитав дека толку добиле бугарско државјанство а уште толку работаат во Италија.

Јас детално ти објаснив зошто македонците не се во загуба со Охридскиот договор. Повели кажи ми ти што изгубија македонците овие години , чим толку им е до војна.

АБе Шапшан еден нека се вработат и 100 000 Шапшани ама нека се вработат со образование со знаење а некој на нива компир собирал и го гледаш во админстрација другиот ден немам ништо против да се вработат образовани луѓе Шапшани
Научи се да пишуваш , се до тогаш нема да ти реплицирам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Џе бре , 35.000 ?
Јас прочитав дека толку добиле бугарско државјанство а уште толку работаат во Италија.

Јас детално ти објаснив зошто македонците не се во загуба со Охридскиот договор. Повели кажи ми ти што изгубија македонците овие години , чим толку им е до војна.
Ви крие податоци заменик-министерот изгледа. :D
На толку со бугарско и уште толку нелегално надвор се најдоа пак да се пријават.

Детално ме мрзи. Партиските вработувања не се никаков аргумент во корист на Рамковниот, тие се уште еден кој оди против него. А накратко, Македонците го загубија суверенитетот. Се надевам ќе сфатиш дека прашањето зошто го загубија е глупо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom