Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Ти па знаеш што е модерен објект. Прво научи врвките на патиките да си ги врзуваш,па после збори.
lol доброб ај тогаш дај ми слики од некој модерен објект, освен оној на плоштад :pos:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.456
Поени од реакции
5.871
Скопје 2014 - магнет за странските туристи

Дури 17 проценти повеќе странски туристи го имаат посетено главниот град во месец јуни, за разлика од истиот месец лани

Последниве две години, Скопје полека но сигурно станува се побарана туристичка дестинација на европската мапа. Доволно е да се прошетате низ центарот на Скопје, улицата Македонија или во Старата скопска чаршија за да забележите дека посетата на нашиот главен град е на агендата на се повеќе туристи. На овие места понекогаш се случува да поминуваат повеќе странци, отколку скопјани. Очекувано, главниот град е многу попосетен од странските, отколку од домашните туристи, но секако она што ги носи туристите во Скопје се вложувањата кои се имаат направено последните години во разубавување на градот.

Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, во месец јуни, главниот град го посетиле 14.313 странски туристи што е за околу 17 проценти повеќе од бројот на странци кои го посетиле главниот град во месец јуни, минатата година. Она што многумина од граѓаните го забележаа во пеколните летни денови на плоштадот Македонија беше големиот број на косооки туристи како неуморно ги обиколуваат и фотографираат новите спомениците и знаменитостите во градот. Воинот на Коњ со неговата фонтаната, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Портата "Македонија", Старата скопска чаршија и Скопското Кале се само дел од местата кои странските туристи ги имаат зачувано како спомен од Скопје во своите фотоапарати.
Туристичките водичи велат дека странските туристи кои го виделе новиот лик на метрополата најмногу се фасцинирани од фонтаната "Победа" и "Воинот на коњ". Според нив, гостите биле пријатно изненадени од начинот на кој е уредено централното градско подрачје иако го доживувале како премногу монументално. Освен фонтаната, туристите најмногу сакале да ги видат Спомен-куќата на мајка Тереза, Старата скопска чаршија, Старата железничка станица и Калето, особено навечер поради ефектите од осветлувањето. На агендата, странците неизбежно барале да се стави и македонската кујна и фолклорот.
За развојот на туризмот во главниот град, придонесоа големиот број проекти кои градот Скопје ги реализираше со цел да ја зголеми туристичката понуда на градот. Еден од овие проекти беше отворањето на повеќе сувенирници во центарот на градот, од каде велат дека интересот за производите е навистина голем.
Тие велат дека најпродавана копија досега беше, а и се уште е Воинот на коњ, а постои интерес и за другите модерни сувенири, како што е "Порта Македонија". Во трите градски сувенирници може да се најдат најразлични сувенири, копии, магнети и разгледници, чија цена е достапна за странските туристи како и за жителите, а нивната цена се движи од 60 до 500 денари.
Уште еден новитет во туристичката понуда на градот е туристичката линија за панорамско разгледување која функционира од минатиот месец и им дава можност на туристите со панорамскиот даблдекер да ги разгледаат градските знаменитости.

http://vecer.com.mk/?ItemID=FFF85B3CB22FB147AE90D0CCC42FB149


--- надополнето: Aug 18, 2012 3:29 AM ---


Со 60 денари сувенири , тешко да го оправдаш економскиот аспект на Скопје 2014.

Просечно минатата година странските туристи во Скопје престојувале 1,7 ноќи.

Ако Скопје 2014 го изградиле заради привлекување туристи , тогаш голем промашај им е.

Ни Софија со своите историски објекти не може да ги задржи туристите повише од 2 ноќи , а камо ли Скопје.

Но затоа туристите кои престојуваат во плажите , тие престојуваат повише ноќи.

Просечно странските туристи престојувале 3,3 ноќи во Охридско-Преспанскиот регион (југозапад).

Што е дупло повеќе него во Скопскиот регион.

Она што многумина од граѓаните го забележаа во пеколните летни денови на плоштадот Македонија беше големиот број на косооки туристи како неуморно ги обиколуваат и фотографираат новите спомениците и знаменитостите во градот.
Тоа е тоа , сликање и неуморно пешачење.

Да не не лажат дека Скопје станува побарана европска дестинација на туристите.

Ни за балканска дестинација не сум баш сигурен.

Колкав е тој раст од странски туристи , и кој го прави ?
За цела Македонија-

јуни 2011 : 33.767
јуни 2012 : 39.873

+ 6000

Најмногу овој раст е заради зголемениот број туристи од :
-Турција +3900
- Холандија +1700
- Бугарија + 600

И натаму 55% од туристите во Македонија се од соседството.

Само Холанѓаните се црната овца.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
--- надополнето: 18 август 2012 во 05:29 ---


Со 60 денари сувенири , тешко да го оправдаш економскиот аспект на Скопје 2014.

Просечно минатата година странските туристи во Скопје престојувале 1,7 ноќи.

Ако Скопје 2014 го изградиле заради привлекување туристи , тогаш голем промашај им е.

Ни Софија со своите историски објекти не може да ги задржи туристите повише од 2 ноќи , а камо ли Скопје.

Но затоа туристите кои престојуваат во плажите , тие престојуваат повише ноќи.

Просечно странските туристи престојувале 3,3 ноќи во Охридско-Преспанскиот регион (југозапад).

Што е дупло повеќе него во Скопскиот регион.



Тоа е тоа , сликање и неуморно пешачење.

Да не не лажат дека Скопје станува побарана европска дестинација на туристите.

Ни за балканска дестинација не сум баш сигурен.

Колкав е тој раст од странски туристи , и кој го прави ?
За цела Македонија-

јуни 2011 : 33.767
јуни 2012 : 39.873

+ 6000

Најмногу овој раст е заради зголемениот број туристи од :
-Турција +3900
- Холандија +1700
- Бугарија + 600

И натаму 55% од туристите во Македонија се од соседството.

Само Холанѓаните се црната овца.
Не плачи кога не ти иде од прилог..пошто ти си по статистики и бројки еве ти..раст за една година на + 6000 не е малку за град кој порано 6000 туристи за цела година го посетувале..така да shut up and cry..cry..
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.456
Поени од реакции
5.871
Не плачи кога не ти иде од прилог..пошто ти си по статистики и бројки еве ти..раст за една година на + 6000 не е малку за град кој порано 6000 туристи за цела година го посетувале..така да shut up and cry..cry..
Читај подобро друг пат , +6000 е нешто друго.

Во 2008ма кога немаше Скопје 2014 , во СКОПЈЕ престојувале 114.000 странски туристи.

Во 2011та кога Скопје 2014 доби форма , во СКОПЈЕ престојувале 125.000 странски туристи.

+11.000

Рачунај те молам своеволно , колку пари оставале овие 11.000 туристи за цела 2011та ?

Еве јас своеволно рачувам 100 евра од човек (повише него во Софија).

Заради Скопје 2014 , во Скопје влегле 1.1 милион евра повише.

Значи после 300 години ќе ги вратиме парите од проектот.

Го имав речено ова и претходно.

Истите туристи кои се сликаат во Скопје , потоа можеш да ги гледаш како се сликаат во Призрен или некој друг Балкански град , се работи за прошетка низ Балкан, еднодневни.

Призрен , град кој нема свој проект Призрен 2014 , успеа оваа година да привлече 3.000 странски туристи повише него минатата година.

Објасни ми како можеше Софија да привлече 50.000 странски туристи повеќе во 2011та во споредба со 2009та?
Бургас +200.000.

Странските туристи оставаат многу пати повише пари во Бургас него во Софија.
Во Софија престојуваат исто како во Скопје , една ноќ. Додека во Бургас 7-8 ноќи.

Како може Албанија секоја година да има повише и повише туристи , и кога се мисли дека тоа е максимумот , наредната година пак има повише туристи ?

Значи целиот регион доживува зголемен број на туристи.
А оправдувањето дека со инвестирање на 300.000.000 евра сме станале топ дестинација во Европа , тоа е лага , и неуспешен обид да се оправда проектот.

така да shut up and cry..cry..
После сето ова што го прочита , верувам пак ќе пишуваш на ова тема , но дека нема да плачеш не сум сигурен.

Плачи си Цитро плачи.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Не плачи кога не ти иде од прилог..пошто ти си по статистики и бројки еве ти..раст за една година на + 6000 не е малку за град кој порано 6000 туристи за цела година го посетувале..така да shut up and cry..cry..
:vozbud: Дури 6000, лелеее, па цело Доборошане отишло во Скопје на туризам.
Оваа бројка е мала и за Крушево или Берово, а не пак за милионски град како Скопје.
Ама и само 60 да имаше ти пак ќе ја величаше политиката на расфрлањето стотици милиони евра.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
:vozbud: Дури 6000, лелеее, па цело Доборошане отишло во Скопје на туризам.
Оваа бројка е мала и за Крушево или Берово, а не пак за милионски град како Скопје.
Ама и само 60 да имаше ти пак ќе ја величаше политиката на расфрлањето стотици милиони евра.
Порано колку имаше туристи по Скопје бе а? Бегаа како бела чума да имаше у градот. Никад порано немав видено странци да шетаат групно по Скопје,сега неколку пати имам видено.Ајде,исплачете се заедно со белокапиов нека ви олесни!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Никад порано немав видено странци да шетаат групно по Скопје,сега неколку пати имам видено.
И што дека? 6000 туристи по 100Е да имат оставено, тоа се 600.000 годишно. Владата фрли 300 милиони евра, за да ги вратиме ќе требаат само 500 години (и тоа да ги исклучам трошоците за одржување).
Ама тебе те боли qr, тоа од мој џеб ќе биде платено, ти и онака не работиш, нема од каде државата да ти ја земе третина од платата.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.456
Поени од реакции
5.871
Порано колку имаше туристи по Скопје бе а? Бегаа како бела чума да имаше у градот. Никад порано немав видено странци да шетаат групно по Скопје,сега неколку пати имам видено.Ајде,исплачете се заедно со белокапиов нека ви олесни!

Ако белокапиот рече дека да пиеш бензин е опасно по живот , за тебе тоа е поинаку ?

Убаво реков , ти пак ќе пишуваш на оваа тема , ќе се обидеш да го држиш истиот став , но нема да веруваш во себе за тоа што го пишуваш.

Пишувај и плачи.

Тие бројки што ти ги понудив те полудуваат.

За 300 години ќе ги вратиме парите. (ни за ова не сум сигурен , задолжени сме заради овој проект , ќе треба камати да враќаме , ќе треба да ги одржуваме заради проливот на птиците и рѓосувањето , како и за обезбедувањето)
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Јас лично сепак во глобале сум за Скопје 2014та но тоа со спомениците дефинитивно ми пречи. Значи не заслужува секој да добие споменик во центарот на главниот град. Видите во другите главни градови низ светот и кој личности таму имаат споменик. Никако не можам да сфатам како на пример поети, пејачи итн. можат да добијат споменик во Скопје и тоа во строгиот центар? Ај да речеме најглавните личности како Александар (ако го сметаме за наш и мислам најголем дел го смета), Самуил, Ченто, Гоце, Мисирков, Климент и Наум, ок тие до некаде ги разбирам ама Питу Гули, Личеноски, Прличко...па тие се чествуваат со именувајне на улицу и други градби ама не со споменици среде главен град?! Или па истакнати уметници или поети во потески паркчиња само биста со нивниот лик...сепак да му изградиш на некому споменик е огромна чест од државата, а за тоа дека можеле тие споменици да се постават и во родните градови на тие личности ич не правам муабет. И затоа па ни се случува наместо само споменик од Скендербег да имаме и споменици од некој Хасан Приштинци, некој први министри Албанци од првата влада во СФРЈ итн. кој не заслужуваат ни споменик во Тирана ама кај нас ќе им се даде. Да не правам муабет за спомениците над зградата на министерството за надворешни каде има бисти од некој историски личности од светот...па како што киниса на Садам и на Ким Јонг Ил нека им направат споменици, нели лидери биле.

Сумасумарум го поддржувам Скопје 2014 пошто поголем дел од него ми се допаѓа, на пример музејот, театарот, некој споменици па и портата иако на почеток тоа за мене беше чиста утка, но со бројката на спомениците и посебно личностите на кој им се дава споменици не се согласувам, а и не ми е само до парите, тоа е плус.
 
Член од
9 август 2012
Мислења
285
Поени од реакции
1.309
Туристите настрана , мислам дека ќарот од Скопје2014 ќе се добие кога администрациите ќе се преселат во новите објекти и ќе престанат да ги плаќаат сегашниве огромни кирии .
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ако белокапиот рече дека да пиеш бензин е опасно по живот , за тебе тоа е поинаку ?

Убаво реков , ти пак ќе пишуваш на оваа тема , ќе се обидеш да го држиш истиот став , но нема да веруваш во себе за тоа што го пишуваш.

Пишувај и плачи.

Тие бројки што ти ги понудив те полудуваат.

За 300 години ќе ги вратиме парите. (ни за ова не сум сигурен , задолжени сме заради овој проект , ќе треба камати да враќаме , ќе треба да ги одржуваме заради проливот на птиците и рѓосувањето , како и за обезбедувањето)
Ти глуп ли си бе? Не сумњам пошто знам дека толку ти сече,капацитетот ти е толку. 100 и кусур иљади туристи нека се годишно,секој нека остава цирка по 100 евра тоа се 10 милиони евра годишно. Ти што мислеше за 3 години Скопје ќе има туристи како Париз или Барселона по 50-60 милиони а ? Од кај ги извади 300 години орлу еден,кога за една година се вадат пари за еден објект или пола Уставен.. Факт е дека има зголемување , не е многу,далеку од посакуваната бројка,ама сеуште Скопје се гради,треба време за да се промовира и да го дознаат странците,со добра реклама и туристичка стратегија тоа ќе се среди, + нема да се плаќаат кирии како до сега за административните објекти..тоа се милиони заштеда на годишно ниво.
--- надополнето: 18 август 2012 во 16:15 ---
И што дека? 6000 туристи по 100Е да имат оставено, тоа се 600.000 годишно. Владата фрли 300 милиони евра, за да ги вратиме ќе требаат само 500 години (и тоа да ги исклучам трошоците за одржување).
Ама тебе те боли qr, тоа од мој џеб ќе биде платено, ти и онака не работиш, нема од каде државата да ти ја земе третина од платата.
:facepalm:

Ај што не разбираш ок е тоа,ама што не читаш убаво..тоа у 1 одд се учи..
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ти глуп ли си бе?

Ај што не разбираш ок е тоа,ама што не читаш убаво..тоа у 1 одд се учи..
Wow, Citro друже па ти си станал зрел за партиски портпарол. Кога немаш факти удри со дискредитации, те бил глуп, те не знаел да чита, те лажел, крадел.
Бројот од 6000 плус туристи во Ск оваа година ТИ ја извади, јас ти ја дадов математиката колку време ќе ни треба да си ги вратиме парите. Не знам зошто го мешаш вкупниот број на туристи, во предвид се зема само зголемувањето на бројот, кој според тебе е резултат на Ск2014.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Wow, Citro друже па ти си станал зрел за партиски портпарол. Кога немаш факти удри со дискредитации, те бил глуп, те не знаел да чита, те лажел, крадел.
Бројот од 6000 плус туристи во Ск оваа година ТИ ја извади, јас ти ја дадов математиката колку време ќе ни треба да си ги вратиме парите. Не знам зошто го мешаш вкупниот број на туристи, во предвид се зема само зголемувањето на бројот, кој според тебе е резултат на Ск2014.
Абе,збориме колку има зголемување од лани јули, со овој јули.. зголемувањето е,било,според Љуљзим ако може да му се веруе,6000 туристи..а ти ми рачунаш дека толку вкупно туристи имало,па послем викаш дека за 500 години ќе се врателе парите,џоа колку време под турско сме биле.. Вртиш бројки,правиш некои по твоја мера,само за да искочи по твое. А ја ќе ти кажам дека за само 20 максимум години,само од кирија што нема да се плаќа ќе се вратат парите за зградите што сега се вложуваат..пошто на толку административна багра да се смести + скапи кирии што до сега се плаќале е многу..у неколку милиони годишно се рачуна..туристи,имало/немало башка..тоа не рачунам.
--- надополнето: 18 август 2012 во 17:09 ---
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.456
Поени од реакции
5.871
Ти глуп ли си бе? Не сумњам пошто знам дека толку ти сече,капацитетот ти е толку. 100 и кусур иљади туристи нека се годишно,секој нека остава цирка по 100 евра тоа се 10 милиони евра годишно.
100 и кусур илјади туристи имало и во 2008ма.
Нас не интересира колку е вишокот. А тој е 11.000 странски туристи повише.
4.000 домашни туристи помалку.

Значи во ќар сме 7.000 туристи во Скопје. Сигурен си дека овие туристи се вишок заради Скопје 2014 ? Или пак заради општиот раст во цел Балкан ? (еве и Призрен има раст)

7.000 х 100 = 700.000 евра годишно

Сега ме натера да бидам подетален , и да ти ја влошам состојбата , не сме во плус 11.000 , туку само 7.000.

+ нема да се плаќаат кирии како до сега за административните објекти..тоа се милиони заштеда на годишно ниво.
Според партијата на власт , годишно за кирии плаќаат 1,8 милион евра.
Ако им веруваме дека е толку.
Тогаш по оптимист сум , парите ќе ги вратиме за 200 години.

Ти се плаче ли уште.
 
Член од
9 август 2012
Мислења
285
Поени од реакции
1.309
Не ми е јасно зошто се расправате толку , зошто морат потрошените пари да се вратат воопшто , државата троши средства на се и сешто па од се ли треба да има повраток , еве пример армијата купила куршуми и сега ние треба да очекуваме тие куршуми да ги оправдат парите и да ни донесат профит ? Јас Проектот Скопје 2014 не го гледам како инвестиција која треба да оствари профит , туку да им прати порака на сите оние што не оспоруваат дека ние не сме банана-држава за една употреба , туку сериозна држава која си држи до своето и има моќ да реализира нешто што ќе го науми . Верувам дека после овој проект многумина не гледаат со други очи , макар и негативно , макар и си мислат дека сме луди , ама сигурен сум дека повеќе не не гледаат со потценување , а мене повеќе ме боли некој да ме потценува отколку да мисли дека сум луд .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom