- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 323
- Поени од реакции
- 7
1.Јаболката џабе и годинава ко шо слушам (ако воопшто се продадат).
2.Компирите тешко да се продадат. Никој не прашува.
3.Кромидот засега велат српски има на кванташки а нашиот никој сеуште не го бара. Пролетоска исфрливме 6-7 милиони килограми(голем срам), в пролет можда 5. Цената е ирелевантна. Никој не прашува.
4.Доматите уште ги има зачудо и уште се преефтини. Ако.
5.Житото беше џабе. Додуша субвенциите ги покрија трошоците. Профит нема.
6.Пиперката се продаде цела по ефтина цена(40% пониска од лани). Слана сегде падна на 15 октомври. Природен ризик но солидни загуби. Имаше многу и квалитетна пиперка. Но:
7.Момчило Ивановски од Бонум најверојатно сака да пери пари со помош на институциите па еве и оваа година не престана да купува медиумски простор за да каже како тоа немало количини кај нас за да му дозволат некаков бесцарински интервентен увоз како што ете му дозволиле лани, што е сосем апсурдно со оглед на тоа колку пиперка купија Бугарите и лани и годинава. Овој криминалец и неспособник ништо друго не кажа а често го гледаме на телевизија. Еве последно на иста маса еден до друг со новиот заменик министер кој е можда полош и од криминалецот Кристијан Делев, Момчулче кажа нормално: немаме количини, голем проблем. Ова само како пример за гад. Си перат пари љугето на штета на земјоделството.
8.mzsv.gov.mk пак го снемува негде. Знам зошто: бидејќи се кријат содржините! Бидејќи транспарентното работење може да спречи кражби а мачкалуците да разоткријат афери.
9.Постои само сајтот на: http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp. Оваа агенција за рурален развој е перачница за пари. Одобренија за барања за повраток на инвестирани средства оваа година добиваат само оние кои секој ден му висат на директорот над главата со виша партиска препорака - обично манипулатори. Ретко вистински посветени земјоделци кои имаат план и намера да се шират добиваат одобрение. Тријат раце криминалците, бидејќи в година фазла ќе има да се дели, па ете и ипард фондови - супер е, омразата кај народот расте, мнозинството вистински земјоделци се неинформирани и незадоволни. Се се работи тајно и без теренска обука, теренски предавања, теренски семинари за секој селанин.
10.Никој не знае кој што колку и за каде произвел (индивидуален сектор). Администрацијата троши и си зема високи плати а не работи апсолутно ништо. Никогаш не цапнал службеник(ниту еден) на терен за да види како изгледа една нива, да праша кои се проблемите и да собере податоци.
11.Млекото купено од земјоделците ја има најниската можна цена но во супермаркетите не е баш ниска. Луѓето уште кукаат заради Сведмилк, срамот на Македонија оваа година.
12.Бруки, дебакли, невидени потфрлања на Владата во сектор земјоделство. Иако даваат субвенции, иако се фалат со голем буџет, кои се резултатите? Дали го зголемивме производството и профитите на земјоделците? Полошо за земјоделството во Македонија не памтам да било. Сиромашните ситни земјоделци(70%) се презадолжени по банките и само тонат во сиромаштија. Трговците го бричат народот а не инвестираат ни денар. Нам не ни требаат мизерни субвенции, ами учители по сметководство ни требаат на терен и еднаков третман за сите, и нам ни треба организиран пласман и чисти општини со обновена патна инфраструктура.
13.Ај да видиме баш со тутунот шо ќе биди. Уште тука ако се олцни нешто, значи некој многу вешто работел на сотирање на нашето земјоделство, и ете, речиси го сотрел. Во секој случај мислам дека нема да ги дадат најавените 60 денари по килограм. 45 можда, 60 тешко. Многу е изедено за плати, горивце, телефонче и други неземјоделски луксузи.