СРАМНО: Офицери на АРМ се поклонија на споменикот на УЧК

Статус
Затворена за нови мислења.

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
ГШ на АРМ се огради од чинот на Бесими во Слупчане

Како може АРМ да се оградува од акциите на министерот за одбрана?
Како армиjaта се оградува от своja министер?! Па нели армиjaта е подчинета на министара за одбрана?! Излегува дека има две армии - една на министар за одбрана и една на ГШ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Како армиjaта се оградува от своja министер?! Па нели армиjaта е подчинета на министара за одбрана?! Излегува дека има две армии - една на министар за одбрана и една на ГШ?
Ај не се праи на удрен, демек за Канада збориме.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.037
Како армиjaта се оградува от своja министер?! Па нели армиjaта е подчинета на министара за одбрана?! Излегува дека има две армии - една на министар за одбрана и една на ГШ?
А ти тука провокатор ли си нешто ? Немаш друга обврска ? Кај нас многу работи се ДВОнаменски :) Иначе за твојата "мајка" погрижи се милион турци , Македонци и ред друго има емигранти што би правеле вие знаеш на Тракија и е многу лесно да се отцепи само не дошол ден :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Иванов по тридневен молк, успеал да дознае само како што се вели во соопштението на неговиот кабинет, униформираните лица кои салутираа на борците на ОНА не биле од армискиот состав, туку од кабинетот на министерот за одбрана.

Претседателот Иванов побара од надлежните расветлување на случајот и утврдување на постоење на злоупотреба на службената должност. Претседателот на Република Македонија бара од сите фактори да не ја злоупотребуваат Армијата на Република Македонија и употребата на армиската униформа за политички, партиски, или какви било други цели, се вели во соопштението од кабинетот на Претседателот Иванов.
И додека Иванов бара да се расветли случајот, од Владата експресно му одговорија – Груевски нема да го повика на одговорност ниту Бесими, ниту министрите што со него се поклонија на споменикот на борците на ОНА. Во соопштението од Владата велат, посетата на Слупчане била приватна режија на како што велат лица кои во моментов се членови на Владата. Бидејќи велат ниту Владата ги испратила на таков настан, ниту зборувале од името на Владата, ниту настанот имал официјален државен карактер.
Владата не може да преземе мерки кон лица кои во своето слободно приватно време и во приватен ангажман, се појавиле или зборувале на некој настан. Појавувањето на определени лица и она што било зборувано на тој настан, не ги одразува политиките и позициите на Владата и не може да се стави во корелација со официјални ставови и погледи на Владата, се вели во соопштението од „Илинденска“...
-
http://www.24vesti.mk/ivanov-veli-ima-prekrshuvanje-na-procedurite-gruevski-nema-da-bara-odgovornost
п.с. повторно се поставува прашањето : Има ли пилот во авионот ?!!
Стварно вилицата ми падна...лица во униформа на АРМ до министарот за одбрана,а председателот вели,тоа не са от армискиот состав,а от кабинетот на министара. Тоа е министар за одбара и раководи со АРМ или со нешто трето?! Во кабинетот на министара униформени лица не са припадници на АРМ? Па какви са тогаш?!
Тоа стварно е тотален нонсенс.
--- надополнето: 17 август 2012 во 01:11 ---
Ај не се праи на удрен, демек за Канада збориме.
Оградуване на армиja-тоа си е парекселанс преврат. Утре може да не се подчинат на истиот министар за одбрана. За прв пат во живот гледам и чувам вакво нешто.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Оградуване на армиja-тоа си е парекселанс преврат. Утре може да не се подчинат на истиот министар за одбрана. За прв пат во живот гледам и чувам вакво нешто.
Да, де. Ехеј чекај, ќе видиш сешто...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Како армиjaта се оградува от своja министер?! Па нели армиjaта е подчинета на министара за одбрана?! Излегува дека има две армии - една на министар за одбрана и една на ГШ?
Министерот нема никаква одлучувачка, ниту наредбодавна моќ во АРМ. Армијата е потчинета на Претседателот, а министерот треба да се грижи да има постојана и коректна комуникација на релација ГШ-Влада, да ги води административните работи и да се грижи за буџетот и набавките во армијата. Министерот нема ниту право на пристап во многу објекти на армијата што бараат посебен безбедносен сертификат.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
и протести имаше, и 200000 потписи се собираа, но ништо, уставот не сакавте да го смените...
Но да ве прашам сите, дали мислите дека воопшто треба/може да има помирување меѓу нас?
Треба да има, ама мислам дека барем во скоро време не е возможно.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Јас убаво велев дека Македонија е оддамна поделена, само внатрешно, а не територијално.Албанците имаат тука автономна држава.ВМРО-ДПМНЕ па и сите политички партии во Македонија се оддамна свесни дека ова ќе се случи откако тие поставија министер за одбрана, само ова е класично перење на мозокот на обичниот граѓанин на кое за жал многумина паѓаат.И оваа реакција што ја вршат ја вршат само со цел да не ги изгубат гласовите на наредните избори.На ДУИ им е сеедно; било која партија да дојде на власт они пак ќе бидат во коалиција со нив зошто тоа стои како договорено во Рамковниот договор од 2001 година, што значи ништо не губат вака само добиваат.
Ова е само перење мозок и ништо друго, а ВМРО и нашиов ни од Марс паднат премиер ништо нема да превземат.
--- надополнето: 17 август 2012 во 09:14 ---
Министерот нема никаква одлучувачка, ниту наредбодавна моќ во АРМ. Армијата е потчинета на Претседателот, а министерот треба да се грижи да има постојана и коректна комуникација на релација ГШ-Влада, да ги води административните работи и да се грижи за буџетот и набавките во армијата. Министерот нема ниту право на пристап во многу објекти на армијата што бараат посебен безбедносен сертификат.

Како тогаш министерот има во својот кабинет членови со чинови добиени од АРМ, ако тој е задолжен исклучиво за цивилна работа?Зошто комуникацијата на релација помеѓу АРМ и Влада на Република Македонија не претставува ништо друго освен цивилна работа и за таква работа треба да бидат ангажирани само луѓе од цивилниот сектор .Значи пак тука има некаде некоја грешка, а според ова ќе испадне дека и грешката е намерна.
А и на министерот не му е потребен сертификат за влез во објектите кога веќе има свои луѓе да го известат за работите кои ги содржат нашите воени комплекси, хангари итн. ;)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
И Албанија и Косово ќе ја делат државноста ако третина од населението е неалбанско,
Во косово помалку од 10% срби имаат поповолни права од албанците во Македонија, и таму косоварите биле принудени да праваат остапки, и ги направија и не кукаат цело време...
Како бараш помирување од нас кога државата е во ваши раце???
Помирувањето не бара моќ, бара само разумност и визионерство
Абе паметњакович Косово не е држава протекторат е да беше држава ќе имавте фудбалска репрезентација..... ќе бевте примени во обединети нации итн, а никат нема да станате држава затоа што за секој обид да прогласите држава 2 од 5 те постојани членки на советот на безбедност Кина и Русија ќе стават вето така да ова е максимум што можете таму да го добиете е таму протекторат и црна дупка во Европа. Македонија е држава и ова што го добивте е премногу начекавте предавници од типот на Владо Бучковски и Борис Трајковски да ја водат војната кој повеќе личеа како Министер на одбрана и претседател на УЧК отколку што беа вистински бранители на Македонија( секој што подбро е запознаен со 2001 знае кој предавници се и колку македонски бранители погинаа заради Бучко и Трајковски) па ви дозволија да ви го дадат рамковниот договот најштетен договор после букерешкиот, и пак не сте задоволни! За вас само сила е мајката и поништување на рамковниот договор и бркање на сите рамковни од безбедносните сили и ликвидација на сите рамковни радикали кој сонуваат за голема Албанија и преставуваат закана за Македонија.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Офицерите кои салутираа во Слупчане може да добијат и отказ

17
АВГ 2012​
09:56​

Mајор Беким Максути, раководител на сектор за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, капетан Хајрула Аслани од секторот за логистика, постариот водник Фатмир Рамадани од логистика во АРМ и воениот полицаец, професионален војник Беким Љатифи – ова се имињата на униформираните лица кои во понеделникот во униформи на АРМ салутираа пред споменикот на УЧК во Слупчане.
овој Беким Љатифи го најдов на фејсбук https://www.facebook.com/bekim.latifi.330
ја објавил и веста на неговиод ѕид, не разбирам албански ама коментарите негови и на другарите му се хаха хехе и тн.
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Офицерите кои салутираа во Слупчане може да добијат и отказ


17
АВГ 2012
09:56

Mајор Беким Максути, раководител на сектор за меѓународна соработка во Министерството за одбрана, капетан Хајрула Аслани од секторот за логистика, постариот водник Фатмир Рамадани од логистика во АРМ и воениот полицаец, професионален војник Беким Љатифи – ова се имињата на униформираните лица кои во понеделникот во униформи на АРМ салутираа пред споменикот на УЧК во Слупчане.
овој Беким Љатифи го најдов на фејсбук https://www.facebook.com/bekim.latifi.330
ја објавил и веста на неговиод ѕид, не разбирам албански ама коментарите негови и на другарите му се хаха хехе и тн.
Можно е?Не бе немора што,после е*ење нема каење,џабе сеа откази оставки.Да не беа неколку медиуми,и фејсбук,се ќе поминеше нечујно.Битно е што грција ќе банкротира месецов,ако не наредниот сигурно.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
А зошто тие да добијат оставка? А министерот? Неговиот партиски шеф? Премиерот? Во војска и во (македонска) политика постои збор - команда....одговорноста е кај тој што му текнало да ја направи оваа провокација....
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Вака веќе не оди!


На конкретен чин од конкретен човек со полно име и презиме што извршува државна функција, нацијата доби одговор од колектив. Се скри ли шефот на државата, личноста проф. д-р Ѓорге Иванов зад „стафот“? Исчезна ли Никола Груевски во толпата од министри, заменици, први, втори и трети секретари? Тој постојано има што да ни каже лично


Фатмир Бесими, официјално министер за одбрана на Република Македонија, а приватно припадник на УЧК, одговори на мојата дилема поставена пред две-три недели за тоа дали Македонија има функционална и ефикасна одбрана. Односно, дали во случај на војна рамковната армија на Македонија ќе ја брани земјата или ќе дејствува под команда на своите племенски водачи. На прашањето дали министерот и офицерите ќе примаат наредби од македонскиот претседател или од косовскиот, односно албанскиот или американскиот, ми одговори и министерчето ама и кабинетот на шефот на државата и Владата. Со соопштенија. На конкретен чин од конкретен човек со полно име и презиме што извршува државна функција, нацијата доби одговор од колектив. Се скри ли шефот на државата, личноста проф. д-р Ѓорге Иванов зад „стафот“? Исчезна ли Никола Груевски во толпата од министри, заменици, први, втори и трети секретари? Тој постојано има што да ни каже лично. Кога нѐ потсетува, на пример, на некое ветување што го остварил. А бидејќи ги има над илјада спакувани во проекти, сме го виделе и слушнале најмалку илјада пати. И, оп, го снема баш кога беше нормално, очекувано да биде и виден и слушнат и разбран. Една рамка без слика - илјада збора!

Што си мислат нашиве „државници“, бе? Дека колективната одговорност е доволно широка за да го покрие срамниот факт дека Македонија пред 13 години под закана и уцена потпиша капитулација чии плодови ги собираме топтан?! Кој го есапи, кому му вреди пусулчето на анонимниот колективен орган во кое извршната власт се оградува од учката со државна функција што ја обезбедува охридската криминална рамка! Го третираме како лекарско уверение издадено од непрофесионален и корумпиран матичен лекар што официјалниот печат го става по барање на некој забушант што работи и државно и приватно. Демек, Бесими министерот во Слупчане не отишол официјално, ами приватно. А приватно можел да си прави што сака. По устав! Е па, вака: Фатмир приватно може да ја секса жената му. Може приватно да сере во својот клозет. Ама не може ништо друго. Оној што извршува државна функција не се дели на приватна и јавна личност. Кога ќе се начука приватно министерот Бесими, се начукал министерот. Кога приватно ќе згази со автомобил пешак, на суд оди министерот, а не приватното лице Бесими. Кога ќе облече униформа на УЧК, не е приватно лице, туку државен функционер. Јасно ли е? Државата Македонија преку ова човече завчера се поклони и положи цвеќе на паметникот на паднатите учки што ѝ објавија војна на Македонија. Министерчето како извежбан ладнокрвен провокатор им одговори со прес зад официјална говорница. Со постапката го градел соживотот. Па се разбира дека ќе биде ладнокрвен и спокоен! Тој убаво знае дека Груевски и Иванов не му можат ништо. Џоле ќе ја штител униформата, па нафркаа како и секогаш десетарите во министерскиот кабинет, а командантите се мајтапат со државата и нејзините претставници што ние ги избираме. Го слушнав и оној од плејадата турбоинтелектуалци Алберт Муслиу, кои медиумите рамковно (над 20 отсто) ги активираат како „експертски“ гласови, како ни препорачува да не сме ја провоцирале Грција за нашите докажани пријатели да го омекнеле Самарас. Па, нормално дека ќе нѐ заебаваат секакви шушумиги кога им дозволуваме.

И така: шефот на Владата и шефот на државата ја здрапаа дури во Турција за да го избегнат рамковниот, а овде победничката УЧК заедно со дипломатскиот кор на „меѓународниот олеснувачки“ оркестар ни приреди уште едно славеничко издание.

Да не беше вмровецот Владо Поповски да го преповтори оправданието за сопственото „експертско“ учество во креирањето на срамната рамка во која се дави Македонија, не ќе имаше кој од власта да каже макар еден збор.

Е, ама има „државотворната“ партија. Таа не зборува, туку лае, ’ржи. Иако не ги оправдувам, ниту па им го признавам како олеснителна околност, овие од власта барем се чувствува дека се срамат или дека не се ни среќни ни искрени кога ги набројуваат предностите на рамковниот. Оние другите, од опозицијата, активните учесници во поразот на асномска Македонија во 2001 година, немаат брате ни срам ни перде.

Со цел памет излегол оној напуван Стево Пендаровски божем има сертификат за дијагностичар и кобајаги прашува дали во Владата постоел дуализам, а потоа веднаш дијагностицира дека во Македонија постоел политички паралелизам. Не за џабе народот рекол дека она од што умниот се срами, за будалата е гордост! Па, така и Пендаровски. Кога беше службениче на оние што, спротивно на Уставот, потпишаа капитулација во недефинирани воени услови, не ги виде ни дуализмот ни политичкиот паралелизам запишан во еден нелегитимен гангстерски ултиматум спонзориран од евроатлантски структури. Не го виде ни во свинштините на социјалдемократската влада произлезена од 15 септември и гооооолемата победа над Македонија во 2002 година како што беше територијалната поделба. Ич не му падна на памет за политичкиот паралелизам кога неговата партија беше дел од владата за национален спас, а дејствуваше како логистика на УЧК, и тоа преку министерот за одбрана Владо Бучковски. Ајде да ве потсетам на Радуша и неизвршувањето на наредбата на врховниот командант од страна на министерот за одбрана. Тогаш премиерот Георгиевски мораше да се обрати преку МРТВ за да го открие резилот и да ги спаси од клање опколените бранители.

Тогаш не типчиња како Пендаровски, ами лично циникот Георгиевски изјави дека тој „е премиер само на една третина од Владата“. Што мислите, дека Груевски е на чело на цела влада? Штом Иванов во истата минута не побара разрешување на Бесими, а Груевски не потпиша акт за разрешување, штом обвинителот не поведе дело за прекршениот устав, не правам муабет ни за паралелизмот, ни за дуализмот во Македонија што истите „олеснувачи“ и „демократори“, од евроатлантскиот полусвет по либанскиот, босанскиот и македонскиот „успех“, го инсталираат во Ирак, Авганистан, Либија, а сега сакаат и во Сирија.

Јас знам и ете кај мантрам 11 години. Не ја бидува, господо! Рамковниот не ја спасува, ами ја дави Македонија. Државата нема стопан. Македонскиот народ е единствениот на кој гангстери му го оспорија правото да има своја држава. Како и пред сто години. Рамковниот ја збриша и ја обезвредни победата во Втората светска војна. Рамковниот ни ја уништи преговарачката позиција со Грција во спорот околу името. Тој и натаму е темпирана бомба што кој сака може да ја активира за свои потреби. Политичкиот албански корпус во Македонија не е лојален на Македонија туку на сеалбанските интереси. Погледнете ги само како се собрани сите на купче. Нема да најдете ниту еден Албанец што јавно ќе го искритикува ваквиот потег на Бесими. А видете ги само мрсулковците во македонскиот блок. Врие од титопетковци и пендаровци. Со ваков рамковен и вакви учки треба само некој да ги поддржи од надвор и тие ќе ја уриваат Македонија без око да им трепне, и тоа на ист начин на кој сега, нели, градат соживот. Ни амнестирањето злосторници против човештвото, она за што нема опрост меѓу нормалниот свет, не помогна, не ги очовечи макар до толку учките и нивните логистичари во интелектуалата да се скурдепсаат. И што е најсрамно, рамката други ни ја скроија, ама самите решивме своерачно да ја сошиеме и да си ја навреме. Така и ни кажа нам, на 13 новинари од Македонија, и ген-секот на НАТО, Џорџ Робертсон, во Брисел: „Никој не ве тераше да го потпишете и по него да си го смените Уставот“. Ете, тоа е тоа! Ќе чекаме некој да се охрабри и да каже дека ова срање не функционира.

Автор: Mирка Велиновска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8171283353&id=13&prilog=0&setIzdanie=22658
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Види ја ти Мирка конечно нешто реално да напише, ваљда и неа веќе и прекурчи од популизмот и ренесансата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom