Јас ќе убијам некој ради сонов...2 дена легнувам рано,неможам да заспијам до 8 сабајле
ко дебил,лежам со затворени очи а СЕ слушам...
чаре ?
1. една цела вечер и цел ден ич да не легнеш ни дремнеш, послем следната вечер да си легнеш порано ( во тој час што сакаш да ти биде од сега натаму) . другар го практикува ова кога завршува летото,а почнува факс ( за да си го ресетира природниот часовник, да не заспива во 3 сабајле него во 11-12)
2. ако ти пречат други звуци, симни си од интернет бел гаусов шум AWGN , попознат White Noise , и пушти трака од саат време, тоа ги убива другите звуци, плус те успива
( ова е јас го практикувам и би ти го препорачал Brown/Red Noise, тоа е исто како White Noise , но со многу помали фрекфенции , и попријатен е за слушање за разлика од White.)
3.Десанка шакич + топло млеко.
едит: Јас лично го препорачувам 2. (Brown/Red Noise) за сите, како најдобро нешто за убивање на сити страни звуци и галами и за успивање.
--- надополнето: 17 август 2012 во 11:51 ---
И јас имам по неколку периоди во годината обавезно да ми се случува ова. Еднаш имав голем проблем пошто одев и на факултет и в теретана а не можев никако да се одморам ни преку ден ни навечер никако не можев да заспијам, врвот беше кога не спијав една вечер цела и другиот ден пак бев активен и ми се чинеше дека тука е крајот, срцето одвај ми чукаше и го осеќав на која и страна да легнев, мускулите како внатрешно да ми трепереа итн. После тоа бев на болница ми препишаја лексилиум за во такви случаи, зедов еднаш едно апче колку да ја пребродам таа криза па после влегов во ритам. Али пак ќе кажам ми се случува во периоди од по 1 -2 недели и тогаш брате ништо не помага побрзо душа ќе испуштиш одколку да заспиеш.
за
сериозни проблеми со несоница , најдобро решение е
медитација!! проверено е и нема утка , но зависи дали би сакал некој со тоа да се замара, али најважното е што по природен пат си заспиваш, за разлика од лексилиумот и другите апчиња за спиење кои го пореметуваат циклусот на спиење, колку што знам заради нив може да не се везе во REM фаза...