Премногу е демотивирачки кога ќе се отвори оваа тема. Има премногу луѓе кои барат дури и најмали, небитни ситници само за да не се излезе на протест. Тоа само ме води кон заклучок дека поскапувањата не се големи до таа мера за да ги заболи сите, или пак се чека на некој од страна да ни ги среди работите. И ако излезам во вторник на протест, знам дека кога ќе се вратам ќе налетам на истиве мрчатори кои ќе продаваат лекции за вистински протести, ќе туфкаат зошто се собрале 100-200 души, ќе кукаат дека не не бивало за ништо, ќе ги окарактеризираат протестантите како опозициски потрчковци, соросоиди и предавници, плакатолепачи, ќе ни вадат статистики колку луѓе дремеле на плажи во Грчка и кур ги болело за струјата и лебот, ќе тврдат дека се чувствуваат понижено поради слоганот на протестот како тоа да е најбитно на светот итн итн. Лицемерие во своето најдобро светло!
Веќе еднаш кажав. Јас во вторникот не бев. Затоа и се држев на страна од темава. Немам апсолутно никакво право да коментирам нешто за тие луѓе кои излегле на протестот. Но гледам дека овде има еден куп луѓе кои како мене не искочиле, но си дават за право да критикуваат и да лепат етикети. Не знам само како немаат ронка срам. Како ова да се прави од лични интереси само на група луѓе... Како поскапувањата да не не засегаат сите... Не знам што се треба да се случи за овој народ да се обедини барем еднаш... барем еднаш! Жално, бедно.