Пошто гледам дека пак не си сфатил, еве малце подетално ќе објаснам.
За да користиш physx, ти треба картица што го подржува тоа (нормално). НО, пошто nVidia се полакомија и мислеа дека ќе придобијат многу повеќе купувачи со тоа, ја купија компанијата што првично го произведуваше physx чипот (
Ageia) и почнаа да го имплементираат во нивните графички. Резултатот? EPIC FAIL. Кога излезе physx ниедна картица сама по себе не можеше да подржи игра со сите сетинзи на high + physx enabled (сите вадеа многу малце фрејмови). Само ентузијастите можеа да си дозволат да имаат една high-end графичка за графика, и една mid-end за physx.
Тргнувајќи од ова, можеш да заклучиш дека ти треба матична со 2 PCI-E слота, и процесор што би бил соодветен за 2 графички. Мац дури и да купува нов компјутер во иднина не верувам дека ќе купи уште една графичка само за да користи physx. Исто така, physx е доста преценета работа. Не вреди да се губат пола фрејмови од игра само за некои ситни детали.