Почна поскапувањето на лебот

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување

Чаре?


  • Вкупно гласачи
    69
S

Sagan

Гостин
Заради зголемените трошоци за струја и горива како и недоволните количини пченица, лебот во Велес денес поскапе за 5 денари. Се очекува од први септември новата цена да важи во цела Македонија. Моите искрени честитики до сите сограѓани.

Поскапе лебот. Од денеска велешани за една векна плаќаат 25 денари наместо досегашните 20.
Освен најголемиот производител Жито Вардар, цената ја корегираа и дел од помалите пекари. По цена од 20 денари се уште се продава лебот од Жито Лукс.
Инаку поскапување има само кај белиот леб, останатите видови и белите печива се продаваат по иста цена.
На почетокот на неделава мелничарите заговараа повисока цена на лебот. Бараат покачување за околу 2,5 денари. Најавуваа дека тоа најверојатно ќе се случи идниот месец но цените ги зголемија веднаш.
Производителите на леб, барањето за поскапување го оправдуваа со недостигот од пченица во државата но и намалените приноси. Неофицијално, цената е формирана и заради поскапувањето на горивата и струјата.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/veleshani-ke-jadat-poskap-leb
 
И зејтинот е исто така поскапен, а овие помалите ем земаа дел од колачот на Жито Вардар и им правеа проблеми доста време (со тоа и им намалуваа профит) сега и они качиле иста цена со ЖВ.. за инат сега не им купувам на нив иако купував.
 
таман го научив мачето леб да нејаде ми умре, ете таква ќе биде и со народот
 
25.07.12

" Владата ќе обезбеди одредена количина македонска пченица од стоковните резерви ако има потреба да се задоволат домашните потреби и да се спречи евентуалното поскапување на лебот.

- Сите шпекулации на медиумите во изминатите денови околу наводното поскапување на лебот се нереални, пусти желби на некои субјекти од млинско-пекарскиот сектор или средство за уцена кон некого. Во овој момент има доволно количина пченица по солидна цена која генерално, ги задоволува потребите на земјоделците и која воедно не би требало да влијае врз формирањето на цената на лебот - рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. "

Не ни треба леб, ќе јадеме колачи!
 
Покачени цени на:
- Леб
- зејтин
- брашно
- млеко
- млечни производи
- струја, а и укината евтина дневна тарифа
- парно покачено и ќе плаќаат оние кои не ги куристат услугите на топлификација
- бензин

Уште шо треба да покачат за да се собереме на масовен протест?
 
Покачени цени на:
- Леб
- зејтин
- брашно
- млеко
- млечни производи
- струја, а и укината евтина дневна тарифа
- парно покачено и ќе плаќаат оние кои не ги куристат услугите на топлификација
- бензин

Уште шо треба да покачат за да се собереме на масовен протест?
со кој да протестираш,све шпиуни и партиски гомна.
 
со кој да протестираш,све шпиуни и партиски гомна.
E ако де нека се шпиуни, знаеш ли колку се невработени у државава? Знаеш ли дека и тие треба да плаќаат? Ако нишо друго продукти за живот треба да купат. Ама го чекаат лидерот. Небаре Александар, Гоце, Даме, Карев имале лидер? Не бре, они се бореле за државата со која некои куртони денес си играат курташак и градат споменици на грбот на живи луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom