RebelMk
₪ ₪ ₪
- Член од
- 18 октомври 2010
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.037
Фала ти многуКажи ѝ дека имаш и другари, со коишто ќе сакаш понекогаш да го поминуваш времето, исто како што таа има другарки со коишто го поминува времето. Ако ти бара да одите заедно на шопинг, на пример, побарај ѝ и ти нејзе да дојде кога ќе се собирате со другарите за гледање/играње фудбал, одење во кафана или слично, па види како ќе изреагира.
Кажи ѝ исто така дека си машко и имаш очи, што значи дека од време на време ќе видиш некоја друга девојка што во тој момент се дотерала и се направила многу згодна поради кого и да е. Ако девојка ти има проблем со тоа, нека ти раскине веднаш, зашто ќе полуди од љубомора.
Исто така кажи ѝ дека, дури и да видиш некоја друга девојка што е згодна, дури и ако те возбуди (визуелно), ништо нема да направиш со таа девојка, а целата возбуда ќе ја зачуваш за девојка ти и ќе ја искористиш за супер сеанса со неа. И така направи. Ова бара извесна самоконтрола, но размисли дали ја сакаш девојка ти. Ако ја сакаш, ќе ти успее.
А ако и тоа ѝ е проблем на девојка ти и не може да ти верува дека ќе имаш самоконтрола, раскинете па секој нека оди по својот пат.
Поздрав и со лесно.
--- надополнето: 16 август 2012 во 15:19 ---
Фала ти и на тебе за совет . Па да зет дома зет го гледам од чисто relax не дека сум прегреан за него туку ме опушта од нашето лудо секојдневие Баш последнава епизода доста ме потсети на нас ... јас сум тој нон стоп што нешто докажува објаснува а таа само се лути Сепак уште еднаш ФАЛАИскрено, морав да го отворам чичко Гугл за да видам што е тоа "назли и нико". Кога сфатив дека се ликови од турска серија (а требаше да ми текне и така, но немаа големи почетни букви, па се збунав), не знаев што да си направам од себе. Ај да пишуваше девојка ти, може и ќе ја сфатев, иако не верувам. Ама ти? Назли и Нико? Озбилно?
Туку, љубомора од тој степен ретко или скоро никогаш не се искоренува. Ти си знаеш најдобро дали и колку ти смета, но ако е тоа до некоја алармантна точка, прекини ја врската или смени тарифа на мобилниот. Разбирам постојано скапување на телефон, но само од поинакви, далеку поинтересни причини од вашиве. Такво замарање вака со читање гуши, не па да се доживува. Ти ќе си решиш како ќе постапиш, но јас само да ти кажам дека што и да направиш - љубомората нема да и ја искорениш. Не е тука без причина, а причините никогаш не се од оние полни со надеж дека ќе се изгубат или засенат со нешто друго.
Или па гледајте ги и репризно Назли и Нико. Што повеќе им посветувате внимание, тоа повеќе работи ќе научите за животов, повеќе ќе се засакате и еден ден и со синџир ако се врзете - нема да ви е чудно и болно.
Се` најдобро.
--- надополнето: 16 август 2012 во 15:21 ---
Со секоја друга девојка постапувам нормално не флертувам а ниту се однесувам грубо или пак како заврзан со синџир пред нив баш е нормално . Али ќе излезе моменти кога во нашето друштво ќе дојде некоја девојка не ради мене туку ради некој мој другар што може тој сака да има нешто со таа девојка може му е само другарка а таа одма помислува како секоја е за менеИма патолошка љубомора и ако е тоа, не знам што е лекот.
Има и друга ствар: ако си премногу џентлмен со другите женски. Значи треба да се знае дека таа е на прво место, а после неа сите други.
--- надополнето: 16 август 2012 во 07:54 ---
Kaiser
Хаха! Многу сакам кога на тема љубовни проблеми некој ќе почне да ми зборува за хардвер и софтвер. Поздрав