Матура

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
Знае ли некој како треба да биде пополнета уплатницата за тие 300 денари што треба да се уплатат на сметка на факултетот, конкретно за „Јустинијан први“ ?
300,00 денари на жиро сметка:
Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје
Банка: НБРМ
сметка: 100000000063095
сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
приходна шифра: 723012 програма 41 (од страната на правен факултет)
а цел на дознака како што приметив на сите факултети е : надомест за упис - сигурно е исто и на превен ;)
 
Абе прати стисни инаку ништо, ја прати стиснав 100 пати до сега, може да ја поправаш дур не ги дајш документите...

и јас истото го направив, мислам дека нема везе дали 100 пати имаш стиснато прати...
 
на пријавниот лист (не интерниот), на вториот лист каде што пишува поени од успехот од средно образование и матура тие табелите треба да се пополнат или не затоа што на интернет пополнив све и пишува дека за тоа пополнувале комисиите на факултетот ? за УКИМ


И јас се прашував истото, ама бидејќи таа универзитетска пријава ќе мора рачно да ја пополнуваш, сигурно ќе ни кажат дали треба да ги пополниме табелите...

Ист случај беше и кај мене, треба повторно да го пратиш.

Инаку да прашам за уплатницата, треба ли да ја испринтаме од последната страна на електронското пријавување или пак рачно да пополниме ?

Мислам дека ќе мораш да си купиш уплатница и рачно да ја пополниш... Јас така направив...
 
Неможам да го најдам линкот до делот на факултети.мк кај што се гледаше лани како биле примени, со колку поени.. кои итн

Ако знае некој кај се наоѓаше нека прати линк. Фала
 
Дали ја пополнивте таа изјава за кофинансирање од документите за печатење? Ова се однесува на економски факултет пошто очигледно за различни факултети имаат некои различни документи.
Проблемот со оваа пријава е што кажува дека треба да се согласиш да студираш до кофинансирање и да плаќаш 400 евра, но притоа не пишува дека тоа ќе биде така во случај да не влезеш на државна квота. Тоа ми беше малку чудно па викам да проверам и некој друг да не имал сличен проблем.
 
Инаку кога ќе се пријавиш електронски кога ќе ја испратиш пријавата одма ти даваат код или се чека ? Да знам дали уште сега да ја пуштам пријавата или дури утре рано, оти се двоумам уште :)
 
Инаку кога ќе се пријавиш електронски кога ќе ја испратиш пријавата одма ти даваат код или се чека ? Да знам дали уште сега да ја пуштам пријавата или дури утре рано, оти се двоумам уште :)
Ако мислиш на бројчето, бројчето го имаш на претходната страница, таму кај што ти го дава интерниот пријавен лист (на тој чекорот пред тоа кога го имаш копчето Прати) и горе имаш број: тој и тој, а после ти се појавува и одма кога ќе се логираш број: тој и тој
 
гледав на тв.
уписен рок траел од денес (16ти) до другиот петок (24ти)
јас мислев дека е 2 дена уписниот рок :confused:
 
гледав на тв.
уписен рок траел од денес (16ти) до другиот петок (24ти)
јас мислев дека е 2 дена уписниот рок :confused:
На уким е денес и утре и толку е првиот уписен рок, а на вести кажале дека е до 24ти изглеа зошто на тетовскиот универзитет како што читав првиот уписен рок е од 22-24 мислам беше.
 
како поминавте на уписите? има ли овде некој на медицина што предаде документи?
 
Некој жиро сметка за административната такса?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom