А кој е Брацо оти појма немам ?

Инаку малце преоптимистички најави дека од 3-5 години ќе излезе Борец дури и во Европа ама ајде Македонска лига и се е можно.. малце повеќе пари ако има во тимот се може, иако задоволни ќе бидеме и со прва лига.
Како бе незнаеш?
Финансиер на многу тимови досега во Македонија...
Финансиер на Вардар во времето кога игравме со ЦСКА во ЛШ. Дали беше еден од гробарите (посочен како главниот гробар во тоа време) или главната улога во крадењето сепак беше на Камчев, ќе биде доживотна енигма. Го избркавме од Вардар за да дојде Трифун.
После тоа премина во Тетекс, ги врати во прва лига, им донесе куп трофеј, за повторно да се врати во Вардар.
Порано паралелно фрлаше пари во Вардар и во Цементара. Ако не се лажам ја има финансирано и Победа.
Кај и да влага некој нов спонзор прва асоцијација е дека се работи за него

Воглавно влага преку свои луѓе...
Последен клуб што го финансира му е Еуромилк Горно Лисиче...
Ама има врски и удел во многу Скопски второлигаши и третолигаши...
Кочо Димитровски е негов човек, си го носи кај што му треба. Лани беше тренер на Славија во трета лига север, пошто Брацо и овде имаше замешано прсти.
Во Борец ги донел појаките играчи на Бабуна и некои мласдинци од ФК Скопје.