- Член од
- 6 декември 2011
- Мислења
- 2.027
- Поени од реакции
- 3.357
Стартно за болдот:Кога велиш годинава имаше поефтини цени од минатите години, треба автоматски да направиш споредба со лани и годинава. Не со Грција и тамошни цени. Значи реченицата за да ја аргументираш треба да извадиш цени и докази дека навистина е поефтино. Цена на пијачка лани/годинава...цена на смештај лани/годинава...цена на лежалка лани/годинава...цена на транспорт лани/годинава...цена на бензин лани/годинава... и така во една табела ние ќе видиме дали лажеш или не лажеш
Дека било 250/300 денари од вечер не верувам, освен ако не било во Лескоец тоа.
Ако под журки се подразбираат Аца, Саша Матиќ, Жељко Самарџиќ и компанија тогаш ќе се тргнам од темава.
Сега ти сакаш и стапката на инфлација да ја земеме во предвит... во Скопје поефтина да не е нафтата?
Леандра ги постирав цените на оваа година, и тврдам дека превозот, смештајот и влезниците се намалени во однос на минатите години во Охрид, не сум од Марс па да зборувам на памет. Пред 4 години држев шанкови во дискотеки, цените тогаш на одредени пијалоци беа повисоки од оваа година, односно слични како во Скопје на кеј, зошто имаше премногу туристи. Абе на скопскиот Џони Лајв влезница беше 200че, а сега 100че или без платен. Пример шекер камиказа беше 500че, оваа година 400.. Б 52 беше 150, сега 120. Сега зависно во кој дискотеки одиш, ама скопјанското пиво секаде е 100че. Така го давав јас така и беше и пред 4-5-6 години, а пред 7 беше 80 пред 10 години беше 60 а за време на ЈНА немаше. Лежалките лани беа 200, оваа година 150, цената на транспортот беше по 10/20 денари поскапа од минатата... да те потсетам за инает од другите.
Смештај 300че кај мини маркет, во Лескоец нема апартмани. Апартмани по 20 евра Силекс горица.
И не сум јас завод за статистика да правам табели во ексел и да одам да се распрашувам за точните цени, ак сакаш некоја слика со срцина, пеперутки и со цвеќиња во фотошоп да ти израборам, ќе се потрудам ...иначе зборувам од општо познавање и искуство.
За журките и јас не слушам Матиќ, Аца, Ера Ојдариќ или Голубица али знам колку беа картите зш имат флаери на сите бандери, одма до некролозите. Ако сакаш џез или рок оди кај паткана во Дак, таму влезот ти е без пари, и е многу фино местенце.