Зарем треба да ги постирам цените на влезниците од дискотеките? Најскапата карта беше околу 12-13 евра Ван Бурен, Аца Лукас, Здравко Чолич и сл., а во грција обичен влез во дискотека е 10 евра. Во Охрид влезот за пена парти е 100че или 150че... не сум најдобро информиран за точната цена на влезниците, зш сум од Охрид море, и не им плаќам
Башка и ко ќе идете Охрид побарајте некој од охриѓаниве, може ќе ве обезбедат со гратиси па ќе го заштедите влезот.
За превозот барај ја рекламата на Галеб што гласи- за инает од другите.... Градиште 30 денари, лагадин 20 денари (така нешто беше)
Смештај имаше и по 250/300 денари од човек на ден. А комплетно луксузно наместен апартман имаше и за 20 евра од вечер, без разлика колку луѓе ќе бидат.
Абе нема потреба да се зборува, едноставно кога одиш во Грција тргнуваш со 500 евра, а во Охрид со 200 евра. Каде сакаш да истераш поквалитетен одмор. Ам дојди и во Охрид за 7 дена со 500 евра, и ѓупци ќе најмиш секој ден до на плажа
вака да те носат.
И уште нешто во гејлада носиш толку пари демек за секој случај, во друга држава одам.
А ние македонците парите што ги носиме за секој случај, ги трошиме во секој случај.
Наравоучение: колку пари, толку музика.