Колку вистина има во астрологијата/хороскопот?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Фолирант е ако преку таа техника сака да се прави астролог или видовит:) Едно е зезање и зафрканција, а друго е преку тоа да девалвираш цела една наука.
Во какви цели ја користи истата, оставам на негова совест...и карма;)
Хм, го знам дечкото многу добро и само ќе кажам дека имаш сосема погрешно мислење за него.

На темата: имам доста големо лично искуство со бајачки, гатачки, тарот, читање од дланка, гледање во гравчиња, топење олово, посети на оџи, вклучително и посета на дипломирани (и реномирани) астролози. Како дете имав нагазено на сугребано (тоа е место каде кучиња имаат гребено) кое, во комбинација со самовилски ветар и оградисување, може да резултира со летални последици. Значи кај мене проблемот беше од магиска природа и беше ефектно неутрализиран со комбинација од неколку методи: баење, перинатални, натални и постнатални астролошки прогнози, и носење долна облека наопаку. Имам само едно да додадам на темава за астрологија: има длабока вистина во сето ова.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Јас правам натални на луѓе кои нит ни познавам, нит сум ги видела, па се испоставува дека сум во право.
Тоа дури и некои скептици на темава го увидоа;)

Значи, cold reading може, но и не мора да има врска со астрологија и разни гатачи и бајачи. Да, таа техника ја користат фолиранти заради кои астрологијата е некојпат на лош глас. Не е фер да оцрнуваш цела дисциплина заради една преварантска техника која НИЕДЕН совесен астролог не ја користи, ти гарантирам.
Дисциплината нема никаква подлога, не постои научна позадина зошто е тоа така. Не постои валидна експериментална евиденција за тоа дека небесните тела, нивната позиција и движење на било каков начин влијаат врз луѓето. На пример, една од тие junk science фори вели дека што Месечината влијае на големите водени маси via гравитационата сила меѓу неа и Земјата, би било логично да влијае и на луѓето со оглед на тоа дека и тие се во поголемиот дел од составот, вода. Се разбира, ова не е никогаш евидентирано. Дисциплината се базира на post hoc и слични заблуди.
Задоволни муштерии имаат астролозите поради широкиот дијапазон на карактеристики во наталните карти, субјективна валидација од страна на муштериите, апофенија, пареидолија и слични себе-заблуди.
Астрологијата е единствено поддржувана од искуства на луѓе, нешто што никогаш не може да се земе како валидна евиденција за вистиноста на некој феномен.
Луѓето лажат, не помнат совршено и мозокот има тенденција да создава сопствени мемории како би пополнил дупки во сеќавањата. Исто така, луѓето имаат тенденција да обрнуваат внимание на работите кои ги потврдуваат нивните верувања и да ги игнорираат оние кои не го прават тоа. Confirmation bias.
Луѓето се селективни, често карактеристиките во наталните карти кои наликуваат на некоја која навистина ја поседуваат ги посочуваат како вистиносни, иако сепак овде не станува збор за wishful thinking.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Хм, го знам дечкото многу добро и само ќе кажам дека имаш сосема погрешно мислење за него.
За Стеф немам воошто лошо мислење, напротив, и хороскоп му имам гледано:) Не знам дали ги погледна претходните страни од темата, но си го имаме муабетот и мислам дека е ОК лик.
Зборував конкретно за злоупотреба на техниката cold reading, не за карактерот на Стеф;)
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156

Пастирај ја тогаш наталната карта на Стеф да видиме дали си во право. Стеф сигурно Венера ја има во првата куќа, и тоа во кревет. Ако не си го видела ова, не си легитимна гатачка!
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
На пример, една од тие junk science фори вели дека што Месечината влијае на големите водени маси via гравитационата сила меѓу неа и Земјата, би било логично да влијае и на луѓето со оглед на тоа дека и тие се во поголемиот дел од составот, вода. Се разбира, ова не е никогаш евидентирано. Дисциплината се базира на post hoc и слични заблуди.
Оф мори мајко, не ми се верува што читам:facepalm: Месечината не влијаела врз живиот свет (вклучувајќи ги и животните и луѓето).
Изгледа според тебе и земјата ќе да е рамна, а?
Да не сметаш можеби дека и Александар Македонски бил глуп што имал свој личен астролог?
--- надополнето: 15 август 2012 во 03:19 ---
Пастирај ја тогаш наталната карта на Стеф да видиме дали си во право. Стеф сигурно Венера ја има во првата куќа, и тоа во кревет. Ако не си го видела ова, не си легитимна гатачка![/quotе

Гатачка не сум, не мешај баби и жаби:)
Натална не смеам да презентирам без негово одобрение јавно овде.
Но Стеф има подзнак Шкорпија, кој му носи силна сексуалност;)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Оф мори мајко, не ми се верува што читам:facepalm: Месечината не влијаела врз живиот свет (вклучувајќи ги и животните и луѓето).
1.Изгледа според тебе и земјата ќе да е рамна, а?
2.Да не сметаш можеби дека и Александар Македонски бил глуп што имал свој личен астролог?
1.Не.
2.Споредуваш ниво на едукација од тогаш и сега? Во тоа време немало начин да се дебанкира астрологијата како квази наука.

http://en.wikipedia.org/wiki/Lunar_effect#Scientific_research_on_the_theory
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Green:
People that have green eyes are spiritual in nature. They really are vibrant individuals and yet compassionate at the same time, and are even identified as being quite creative individuals. Individuals with green eyes usually have very long lasting relationships and possess probably the most amount of love whenever they are in relationships. Individuals with green eyes can be associated with being incredibly good looking.

Пола потврдено.:cool: После наталната карта ќе кажам дали има вистина во овие работи. На слепо не би да коментирам.:pipi:
 
И пола од мене, makes it one whole. Абе викам ја има нешто, не е ова заебанција, ама иди докажи им на скептицине...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да не сметаш можеби дека и Александар Македонски бил глуп што имал свој личен астролог?
Ова со Александар, под услов ние да сме негови потомци, и не ти е некој аргумент...

:)
--- надополнето: 15 август 2012 во 03:26 ---
После денсингот пробав да ја отворам да видам што девојка е и каков карактер е.
Стефе, ме разочаруваш. Па не е таа конзерва со сардини да ја отвораш...
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
И пола од мене, makes it one whole. Абе викам ја има нешто, не е ова заебанција, ама иди докажи им на скептицине...
Ќе им докажам со наталната карта. Ако пред тоа не ја истакнат од Стеф.:sneaky:
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
1.Не.
2.Споредуваш ниво на едукација од тогаш и сега? Во тоа време немало начин да се дебанкира астрологијата како квази наука.
Вистинската астрологија е егзактна, а не квази наука, бидејќи во неа се користат математички пресметки. Колку ја познаваш истата, за да си дадеш за право да ја оквалификуваш така?
Јас ја изучувам десет години, кога ти ќе навлезеш толку во материјата, јави, па ќе продискутираме аргументирано.
Вака е џабе што и да кажам, ти веќе си имаш став кој ќе го тераш без оглед на реалноста.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Вистинската астрологија е егзактна, а не квази наука, бидејќи во неа се користат математички пресметки. Колку ја познаваш истата, за да си дадеш за право да ја оквалификуваш така?
Јас ја изучувам десет години, кога ти ќе навлезеш толку во материјата, јави, па ќе продискутираме аргументирано.
Вака е џабе што и да кажам, ти веќе си имаш став кој ќе го тераш без оглед на реалноста.
Ова се нарекува affirming the consequent. Имено,
If p then q.

q.

So, p.

Ова е формална заблуда во која можат да западнат дури и во научниот свет. Поентата овде не се состои во вистиносноста на самите изрази туку на целокупната поставеност на заблудата. Тоест, потребно е вистински, физички експериментален солиден background за да се валидизира вистинитоста.​
На пример, во игрите Покемон на гејмбој се користи математика. Дали е ова доволен доказ за постоењето на покемони?​
Станува збор за псевдо претпоставката дека доколку во нешто се користи математика, тоа веднаш станува релијабилна наука.​
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
На пример, во игрите Покемон на гејмбој се користи математика. Дали е ова доволен доказ за постоењето на покемони?​
Не, но е доказ дека пресметките се егзактни. Примерот не ти чини.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Не, но е доказ дека пресметките се егзактни. Примерот не ти чини.
Поентата е дека калкулациите немаат врска со информациите кои ги приушта астрологијата. Кажав погоре на што се должи нејзината "егзактност."
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Ова се нарекува affirming the consequent. Имено,
If p then q.

q.

So, p.

Ова е формална заблуда во која можат да западнат дури и во научниот свет. Поентата овде не се состои во вистиносноста на самите изрази туку на целокупната поставеност на заблудата. Тоест, потребно е вистински, физички експериментален солиден background за да се валидизира вистинитоста.​
На пример, во игрите Покемон на гејмбој се користи математика. Дали е ова доволен доказ за постоењето на покемони?​
Станува збор за псевдо претпоставката дека доколку во нешто се користи математика, тоа веднаш станува релијабилна наука.​
Вистинската астрологија е егзактна, а не квази наука, бидејќи во неа се користат математички пресметки.
Додај ја и оваа:
http://en.wikipedia.org/wiki/No_true_Scotsman
 
Kajgana Shop

На врв Bottom