Фан клуб: РК Пелистер

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.984
Поени од реакции
74.045
Нема потенцијал во овие кутри дечиња таму шо ке се резилат на теренот , пример видетего Манасков кој има ми се чини 20 год , каков играч е се гледа дека детето ке биди ,или стојчевски и да не набројавам повеќе . Овие нашите се дрва невидени само проблемот не е во нив туку во тој шо ги ставил да играт . Јас незнам кога ке има прес да кажат шо ке прат , вака е срамота шо прат само ко пички се кријат и не излегват и ко ке излезат 2 мин ке поплачат и толку.
Стојчевски има 27 години иначе... :)
Плус од што е голем талент, го избркаа од Металург (бар така најавија...).

Чурлевски малиот солидно изгледаше, мада со таа висина тешко дека ќе напредуваше уште многу. Сепак за наша лига сигурно ќе биде добар играч...
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Јас незнам кога ке има прес да кажат шо ке прат , вака е срамота шо прат само ко пички се кријат и не излегват и ко ке излезат 2 мин ке поплачат и толку.
И шо ќе кажат на пресот? Кој како го помина летниот распуст? :D
И пред 5 години да го видиш пресот и последниот прес се идентични... Празни ветувања, чекање да дојди спонзор, тешка ситуација дрн дрн...
Нема надеж бе дечки, и то шо беше од екипа некоја си, се урна, најдобро е никој повеќе да не стапни в сала и сами да бидат луѓето од управата истото како што Спиро го бојкотираа...
Веќе сите можни граници, линии, кредити ги надминаа... Секоја година иста приказна, еве го спонзоро, ене го спонзоро и опинци на крајот :facepalm:
Малце од малце да имаа грижа на совест и морал, ќе си се повлечеа досега па макар и да згаснел клубот.

Стварно не ја гледам поентата да играме со пропаднати таленти и да губиме со по 2-30 разлика од секоја екипа. И кој играчи да ги поддржам, тие што во билокоја друга ситуација немаше в сала да ги остават да влезат а не пак прв тим да играат, и згора на се си поставуваат некои си нивни услови... Не дека се тие криви што клубот е на вакво ниво, ама никој не ги тера со сила да играат.

Еве идат избори, моја прогноза е кој и да добие пак ќе си останиме на истото, дури и подолу ќе падниме... И да добие вмро нов мандат, одма ќе си се тргнат од фудбалот, и ќе чекаат пак да падни за да со малку средства го поможат за на наредни избори. И да добие сдсм, ни тие нема да се сетат на спортот во Битола.

Џабе се повторваме само, то па то истото...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
потполно си во право само незнам оти овде некој постојано плука по нив ... немале ни Р од ракомет ... па ако не се тие кој ке игра - да не влезат чкембарите да играт или стручните лица од кајгана кој само на форум се јаки за давање на мислења
???
Кој плука бе по децата....
За нивно добро се збора...да научат од историјата малце шо се случувало со нивните претходници....
Да не ја доживеат судбината на Папата,кој остана ВЕЧЕН ТАЛЕНТ.... (да мислат малце децата,а не да се занесват дека ќе станат звезди).....
И то Папата дотурка до прв тим,имаше уште мал милион многу поталентирани од Папата кои газеа се пред себе во младинска лига,деца кои беа буквално фрлени на улица,без да му се дај никаква шанса да се докажат.....(и работеа ко шанкери,келнери итн)...
Џабе тренингот толку години....и зошто?
За да играат некои таленти од Струга,Штип,Кавадарци,Велес......таленти кои ги напрајвме луѓе,кои немаа сол да си фрлат в очи,дојдоа со патики од 200 денари,а заминаа како репрезентативци од тука....и на прва шанса избегаа од Битола....
Си ја ебавме сопствената школа,си ги избркавме нашите деца кои ако останеа Пелистер немаше да служи како екипа за поправање на гол разлика туку ќе се бореше за врвот....
Лани при првата шанса за спонзор избркаа се од клубот..дел ги пуштија тренери,дел ги избркаа,се фрлаа пари,втори екипи се праеја,цел шлепер опрема од Германија...и зошто?
Демек преку ноќ ќе се прај гигант?со пуфкање ништо не се прај.....
И како по обичај не бидна ништо...
И после пак моли ги старите да се враќаат...:tapp:и ќе играме со децата...
Јас ти гарантирам дека утре ако се најди некој будала да влези во клубот сите топтан ќе летаат децата....
И пак се од ново....
Ова се прај зошто нема концепт и визија клубот,сами не знајме шо сакаме,де ќе прајме млади играчи,де Европа ќе играме....
Клубот нема никаква стратегија,имаа и пари лани видовме како ги спискаа,да фрлиш преку 100-150 илјади евра за 2 месеци....да фрчат капари,премии за странци....а играчите да не изиграат ниедна утакмица е то само ние го можиме:confused: .........значи не е се до парата,треба и план да се напрај шо ќе се прај со парите...
Со тие пари 5 години ќе имавме јака школа....со сите услови за децата......во Епинал ќе ги носеа в теретана,на базен,сауна,....
Ама ајде де....:tapp:
Да не го тупам...
Да си одат да си учат нешто децата,да си фатат некој занает дури се млади...не да си го ебаваат времето в сала....утре ќе треба тие да гледаат фамилија....
Оти мама и тато нема да џиткаат нон стоп париња за на кафе и за да бркаат шема и да частат пичиња во Позитив....
Ќе напрат по 30 години,а ќе немаат заработено ни банка...нема пари од спортот....после ќе ги видам кај ќе работат,за келнери ќе бидат стари:D
Ракометот бара премногу пари за да се успеј,правилна исхрана,витамини,теретани,припреми кои се изгор скапи,спортски режим на живот,и пред се јак клуб со спонзор зад себе....а не јадење нон стоп тостој и сендвичи кај Бомбата пред утакмица надвор......(вака прајме ние играчи):facepalm: ...клубот во моментот нема ништо да му понуди на децата....ама буквално ништо....само стари тренерки шо останаја од лани...:tapp:
Ти можи сега не сфаќаш шо сакам да ти објаснам,ама ќе ме сфатиш за некоја година....
 
Член од
23 април 2012
Мислења
434
Поени од реакции
629
слишнав дека ќе иделе нови засилувања од тинекс пролет и куманово !!!
 
Член од
23 април 2012
Мислења
434
Поени од реакции
629
нај озбилно е ова Вешо десен бек од тинекс пролет
ордев од куманово лев бек
батако од струга десно крило
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
И Спире Мавровски ќе идел...така разбрав јас:cautious: (пикер ќе игра)...:X3:
А Циле ќе му биди резерва....:)
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214
Вешо веќе стигнал од вчера тренира со екипата, а овие другите двајца не се дојдени !!!
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214
Јас брат знам многу многу малку хахаха, само така неколку пати ги имам видено кај шо тренират на стадион и вака по некјаинформација, друго не знам !!!
 
Член од
9 август 2010
Мислења
105
Поени од реакции
27
Вешовски и Ордев веќе се договорени со Пелистер, Батако чека да го изигра турнирот во Струга па после тоанајверојатно ќе потпише, исто има контакти и со Боби Андовски од Драчево
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Овај Ордев го памтам уште од времето ко играше во МРК Вардар.....
Набиено бате,не толку добра техника,мислам дека среден бек е,ако не се лажам и пикер играше по потреба:unsure: ...?...
Овај Вешовски ако добро памтам од прошлите утакмици со Тинекс не беше лош.....(ако е тој шо мислам)
И то крилцето од Струга не е лошо,лани ко играше за Борец ни закачи доста голој на финалето во Струга....
Состав кадарен за борба за 5,6 место и избегнување на плеј-аут...:D
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214
Денес и Кире Митревски се приклучи на екипата, ама со точако беше и не тренираше го видов !!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom