Книга што не сте ја сфатиле?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Мајсторот и Маргарита. Ме напна книгава, ја почнав и не ја ни довршив :cautious:
Аааууу ДА...тешка апстрактна книга, дефинитивно...Повеќе истовремени дејствија,не можев некако да поврзам доста работи ... ја прочитав,ама мислам дека треба неколку пати да се прочита за да се разјасни :) Можеби некогаш :)
 
Дискутирав со психијатар за психолошкото значење на "Гримус" од Салман Рузди , јас не го препознав треба да ја препочитам , меѓутоа ако некој ја читал книгава нека каже како ја разбира , или интерпретира ...
 
Не дака не ги сфатив, ама Сто години самотија од Габриел Гарсија Маркес и Тврдоглави од Славко Јаневски во средно ми беа ептен тешки, планирам летово на двете да се навратам.
 
http://www.poets.org/viewmedia.php/prmMID/18993

The Wasteland од Т.S. Eliot
не е книга ама сепак ме намачи, и тоа во трета на факултет. По две недели мозгање и рисрч успеав некако да ја стокмам за на испит... Се ок, али V. What the thunder said... ме уби.

И уште една. Ми стаса на домашна адреса бесплатно, како подарок за членството во една издавачка куќа. Се викаше Анастасија, од Владимир Мегре. НИШТО не сфатив. Значи се нешто за дрвја, за кипарисите во Сибир, сето исплеткано и несврзано. Некој друг ако ја прочитал неа или друга од Мегре нека го сподели со мене откровението :D
 
Анастасија е само првиот дел од серијата Ѕвонливите кедри на Русија. Мислам дека се вкупно 9 такви. Можеби треба да се прочитаат и другите за да се сфати комплетно. Имам зачитано само извадок од оваа првата, интересни се размислувањата за тоа дека човекот не треба да му робува на јадењето и да живее за да јаде, туку да јаде за да преживее.
 
Да, да, тоа треба во книга да ти го кажат за да го знаеш хехехе,
Се зафркавам, ноу хард филингс, везе немам што се пишува, може е ок само јас не издржав да ја дочитам, ми беше клише и романтизам истовремено а тоа е blah, blah...
 
Нормално, сите го знаеме. Не е поентата да ти кажат нешто што веќе не си го знаел, чисто ги пренесува размислувањата. Башка не е ова book for dummies. И едно е да не се сфаќа, друго е да не ти се допаѓа и да не можеш да ја дочиташ. ;)
 
Игзекли ;) А плус беше и фри бук :D Сепак, не постои толку лоша книга па да е waste of paper... Се вреди да се прочита !
 
Многу одамна "Малиот Принц", мислам во 4то одделение дека беше
Можеби треба некој ден да поминам до библиотека...да видам што книга била :D
 
Мостот на Дрина .. Почнав да ја читам, ама од 110 страна не мрднав.. Дали не бев дорасната за таква книга.. не знам ни јас што ми стана, ама сега некој пари да ми дава, не седнувам да ја читам.
 
Крајот на 1984 од Џорџ Орвел.
Дали Винстон умира вистински или хипотетички?
Некој да ме просветли :) ?
 
Да се каже дека Малиот Принц нема поента е богохулење:cautious:

Јас мислам дека прочитав премногу книги прерано, и премногу книги прекасно. Битно е кога се чита една книга, и штета е што на релативно малку книги им го погодив моментот.
Прво што ми текнува е Мајсторот и Маргарита, за таа книга имам прашувано и на некоја друга тема. И Фауст-првиот дел, која мислев дека ја сфатив, дури и рецензија пишав овде (не ја читајте) но после кога читав критики сфатив дека сум во заблуда :)
И друго увидов пред некое време. Многу е послесно да ја разбереш книгата и да сфатиш зошто авторот го напишал баш тоа и што мисли позади тоа ако претходно прочиташ барем кратка биографија. Одзема од автентичноста читајќи го делото, но функционира.
 
Не знам дали не ја сфатив зошто ми беше досадна или до мене е :icon_lol: ама Фотографија е книгата што јас не ја сфатив...Т.е не ја сфатив поентата зашто читам толку глупави книги :eek:
--- надополнето: 27 август 2012 во 13:44 ---
А и да...Малиот принц се сеќавам дека не ја сфатив, ама тоа за во 5то мислам беше :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom