Да се каже дека Малиот Принц нема поента е богохулење
Јас мислам дека прочитав премногу книги прерано, и премногу книги прекасно. Битно е кога се чита една книга, и штета е што на релативно малку книги им го погодив моментот.
Прво што ми текнува е Мајсторот и Маргарита, за таа книга имам прашувано и на некоја друга тема. И Фауст-првиот дел, која мислев дека ја сфатив, дури и рецензија пишав овде (не ја читајте) но после кога читав критики сфатив дека сум во заблуда
И друго увидов пред некое време. Многу е послесно да ја разбереш книгата и да сфатиш зошто авторот го напишал баш тоа и што мисли позади тоа ако претходно прочиташ барем кратка биографија. Одзема од автентичноста читајќи го делото, но функционира.