BoogieMan
#%$!
- Член од
- 24 август 2006
- Мислења
- 364
- Поени од реакции
- 19
Дали ти уопште знаеш што е комерцијала?Нора Џонс сине... у тмурно врнежливо попладне со шоља Јаболко - цимет. Пако Де Лусиа додека учиш за испит... милиони продаваат, милиони... и ти ќе им кажеш нив дека се комерцијала, го прават тоа од нула години, Пако научил прво гитара да свири па да оди, малава пее блуз боље него Арета Френклин (која исто така сеуште продаа милиони) и тоа пошо и мерак, и ти се најде од едно мало место во североисточна Македонија да им кажеш дека се они комерцијала и не вредат... Абе иди летај пеперутки.
Тие луѓе прават музика...вистинска музика, која они заедно со група музичари со кои свират заедно ја создаваат.
Комерцијала се продадени души кој викаат ќе свирам што ќе дадат само пари да зеам.
За Металика зборат дека се фејкери и комерцијала....и се. Не можеш да кажеш дека бенд што ги направил Kill 'em All, Ride The Lightning, Master of Puppets па и ...And Justice For All би го ставил таму од еднаш мења продуцент и се решава целосно да го смени стилот. Демек одеднаш им текнува ај бе доста беше со трешов, ќе зееме сеа ќе свириме чил рокче за на телевизија.
Некој назад рече да бе сите ги сакавте Металика се до Load/Reload периодот па после ги замрзивте? Баш така друже, од Metallica се до St.Anger од колку и да има песни по албумите во тој период мене само Fuel ми се допаѓа.
Не е ова само со Металика, многу бендови го прават тоа. Гледајте ги Тrivium, Bullet For My Valentine, My Chemical Romance, Avenged Sevenfold и други такви бендои што драстично мењаат стил со секој нов албум се со цел да земат повеќе пари од продавање албуми и лејм хитчиња на MTV да им се вртат.
Глеј ги Dream Theater на пример, заедно со Cannibal Corpse се бенд од кој знаеш што да очекуваш, го знаеш нивниот стил на пишување песни и знаеш дека нема да добиеш испад како St.Anger на Мetallica или Are You Dead Yet? на Children of Bodom, а и DT и Cannibal ептен познати бендови, со спотови и со што ти знам други "комерцијални" материјали.
Така да другар ти Браун во погрешна прилика го цитираше.