Што да правите со погрешно гориво во резервоарот ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Barto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Возраст
28
Грешка на работникот на бензинската пумпа или ваше невнимание во резервоарот на вашиот автомобил се нашла погрешна врста на гориво. Што сега ?Доколку проблемот сте го воочиле на лице место на самата пумпа и во меѓувреме не сте го стартувале автомобилот.
Доволно ке биде само да го испумпате постоечкото гориво и да го исперете резервоарот и после тоа автомобилот можете нормално да го користите.Меѓутоа, ако ви се случило да го запалите моторот, или доколку сте поминале одредена километража можете да имате озбилен проблем.
Најлошо сценарио: Гасење на моторот по долго возење
Најлошата ситуација е кога нема да ја приметите грешката па после долго возење ке се изгаси моторот. Тогаш, кај новите автомобили, слободно можете да рачунате на трошоци за сервис од преку илјада евра.
Наиме, во тешки ситуации доаѓа и до оштетување на системот за довод на гориво, филтерот и пумпата за гориво како и инјекторите.
Најскапи, но во ист момент и најранливи се инјекторите додека, од другата страна филтерот за гориво готово мора да за замени доколку автомобилот е возен со погрешно гориво. Секако, оштетувањата се разликуваат во зависно од тоа какво гориво сте му ставиле во резервоарот.
Бензин наместо Дизел
238306_gorivo-foto-blic-andrej-isakovic_f.jpg

Оваа грешка може да има сериозни последици за “common rail diesel” моторите, бидеејки и најамала количина на бензин може да го изгори танкиот филм кој на подмачкува пумпата за вбризгување на гориво.
Овој проблем настанува бидеејки бензинот нема еднакви подмачкувачки својства како дизел горивото.
Најдоброто решение е испумпување на горивото од системот и резерварот, а потоа демонтажа и перење на резервоарот. Како што рековме, ова се однесува на современите “common rail diesel”, додека они старите конструкции значајно се толерантни спрема бензинот.
Дизел наместо бензин
231259_gorivo-afp_ff.jpg

Дури и смеса од само 5 % дизел може да нанесат скапа штета на моторо и катализаторот доколку автомобилот подолго се вози. Тогаш моторот ке почне нерамномерно да работи и да трокира.
Затоа, доколку дојде до грешка во моментот на ставање обавезно треба да се испразни системот за довод на гориво. После тоа резерварот треба и да се испере.
Бензин со пониска октанска вредност
227833_gorivo-ap_f.jpg

За модерните мотори ова не е проблем. Они имаат одговарачки сензор на основа на кој се одредува октанската вредност на горивата, и после тоа се прилаггодува мапата за палење.
Старите автомобили, би требало да се возат умерено и никако под полн гас додека резерварот не се потроши или испразни.
Бензин со повисока октанска вредност
227834_gorivo2-ap_f.jpg

Овде навистина не може да се дојде до грешка. Поголемата октанска вредност нема да наштети на моторот. Напротив, во поголемиот број случаи може да дојде до намалување на потрошувачката и благ раст на перформансите.
Што да правите ?
224126_gorivo-afp_f.jpg

Значи, доколку не сте го стартувале моторот нема да има проблеми. Побарајте помош на пумпите, вработените на повеќето бензински пумпи имаат искуства со ставањето на гориво, а некој од нив дури и не се опремени за такви случаи. Електричната пумпа за испразнување на системите за точењето на гориво и резеравор после што можете да ставите исправно гориво и да продолжите со патот.
Во случаите да таквата можност не постои на пумпата, ви преостанува да се обратите на службата за помош на пат или, ако авомобилот уште е под гаранција во најблискиот сервис.
Се во свое време, последиците на погрешното гориво може да чинат високи трошоци за поправка и замена на неопходните делови. Притоа, треба да се земе во обѕид дека осигурителните компании не покриваат вакви случаеви така да сите трошоци ке мора да ги платите од свој сопствен џеп.
И.
Темава ја отворам бидеејки налетав на еден пост, а и некна едно другарче се пожали дека на една велешка бензинска му ставиле бензин со раски/прашина и морало ремонт да го прави..Јас му реков дека треба да пријаави во рекламации но он ништо не направи...Што треба да се направи освен за автомобилот туку и за работникот на бензинска доколку он ја направи грешката ?
 
Работиникот му одговара на газдата т.е. на фирмата. А фирмата ти одговара на тебе ако згрешила нешто. Ако бил сигурен дека бензинот бил со раски тоа е барем лесно да се провери со доказ од автомеханичар одиш со надлежен инспектор(којшто во случајов не знам кој е надлежен:)) во посочената бензинска и се прави проверка на квалитетот на бензинот. Казните претпоставувам се многу гадни:) има и поправка да ти плати и на државата казна.
 
Брат се работеше за скутерче чиј ремонт чошта преку сила 5-7 илјади денари...и 2-кила бензин..
 
Брат се работеше за скутерче чиј ремонт чошта преку сила 5-7 илјади денари...и 2-кила бензин..
Ама зошто да ги дава кога не е крив. Без да пријавиш во инспекција тешко да ти ги врати парите газдата. Ќе ти рече не е така и оди докажи. До тогаш и ќе го смени бензинот...тоа е тоа. Друг пат нека не оди на таа бензинска(иако прашање е дали не може да се случи на друга истото...)
 
И јас ставам одтаму бензин веќе 1 година скоро секој 2-3 дена и го имаат еден од најквалитетните горива но ете..
 
Ако пријателчето го чувал нивото на гориво редовно на резерва, рѓата е од самите ѕидови на резервоарот!
 
И јас ставам одтаму бензин веќе 1 година скоро секој 2-3 дена и го имаат еден од најквалитетните горива но ете..
Барем пиши за која бензиска се работи да си знаат и други да не се заебат.
 
Барем пиши за која бензиска се работи да си знаат и други да не се заебат.
Брат секоја ден ставам од таа бензинска бе најквалитетни горива имаат, чудно ми дое шо стана само сонего..никој друг не се пожалил..Несакам да напоменувам бензинска.
 
Кој бензин најмногу ми го препорачувате и од која бензиска? Јас лично сум најмногу задоволен од 98ца од ЛУКОИЛ :)
 
Кој бензин најмногу ми го препорачувате и од која бензиска? Јас лично сум најмногу задоволен од 98ца од ЛУКОИЛ :)
Зависи, јас користам 95-ка Макпетрол/Лукоил :)
 
Зависи, јас користам 95-ка Макпетрол/Лукоил :)

98ца нема во Макпетрол, има 100ка. Пред некој ден наполнав 100ка од Макпетрол, ама искрено сум позадоволен од 98цата во ЛУКОИЛ. Иначе кога се споредуваат 95ките од двете бензиски, помоќен е оној од ЛУКОИЛ, дефинитивно.
 
Брат секоја ден ставам од таа бензинска бе најквалитетни горива имаат, чудно ми дое шо стана само сонего..никој друг не се пожалил..Несакам да напоменувам бензинска.
Кажи бе?Што се плашиш?
 
Божееее.... се плаши да пиши на која бензиска е неквалитетно горивото :facepalm:
Еве јас да го скршам мразот. Во Прилеп не турајте на БМ Оил, еднаш турив дизел и по неколку километри почна да ми трокира и ми изгасна сред возење колата. После не сакаше да запали никако, па морав на мајстор да ја носам. Ми рече дека еден кубик ѓубре извадил од доводот.
Од Салида Петрол исто така не им е којзнае што дизелот, ама сум немал вакви проблеми до сега. Последно, татко ми турил од таму и апла се гледаше оти нема сила колата да влечи на угорници.
Стандардно од Лук Оил турам дизел и влече ко нездрава колата и моторот помирно работи. Разликата се приметува многу добро.
 
Така ми се чини, или стварно луѓето почнуват да затупуваат?

1. На секое возило ко ќе го отвориш поклопецот на отворот за гориво, со големи букви е напишано : DIESEL FUEL ONLY или UNLEADED FUEL.

2. Дизелските отвори на бензинските станици се поголеми, бензинските се помали. Така да нема теорија во бензинска кола, да туриш дизел гориво. Освен намерно ако не го напрајш то. Зато ич не коментирам на тој дел.

Турање бензин во дизел возило... пред се се прај заради спречување на замрзнување на дизелот, а делува и како чистач на целиот систем за вбризгување. Обично се турат 4-5 литри бензин на 40-50 литри дизел, и то е то.

Е сега, ако туриш во дизел возило бензин, ненамерно или намерно... има неколку сценарија: благ микс, спомнав погоре... микс до 3:1 (во однос на дизел) можи да издржи било кој мотор. Ќе оди малку појќе од нормално, можно е да греј, мада ако се сети на време, и се дотури дизел во резерварот (како би се ублажил ефектот на бензинот) не е ништо страшно. Силен микс бензин со малку дизел, е то е веќе штетно за моторот. Мада ова важи за обичните културни механички дизелаши. Комон реил дизелот е башка муабет, тие имаат мала од неквалитетен дизел, за бензин ич непрајме муабет.

Темава ја отворам бидеејки налетав на еден пост, а и некна едно другарче се пожали дека на една велешка бензинска му ставиле бензин со раски/прашина и морало ремонт да го прави..Јас му реков дека треба да пријаави во рекламации но он ништо не направи...
Немој бре да ме јебеш... Раски/прашина, ќе заглават на 1500 места пред да дојдат до цилиндарот. Зато имаш филтер за гориво, сито во резервоарот, дизни или карбуратор. Поголема веројатноста е да те удри автобус во Кушкундалево отколку да ти зариба возилото од раски во горивото. Така да другарчето можи прикаски тебе да ти кажва, нека дојди на форумов, да му подобјасниме оти му зариба колата.

Што треба да се направи освен за автомобилот туку и за работникот на бензинска доколку он ја направи грешката ?
Прво, одма се кажва шо да ти тури. Ако напрај грешка, на трошок на фирмата (или негов трошок) треба да се однесе возилото на сервис, да се испразни резерварот и да се тури правилно гориво. Имаше случај во Битола на грк во Фиат пунто 1.3 ЈТД му шибнаја безоловен... па го испразнија в сервис.

Зато во странство е елиминиран “турачот“... си застанваш на бензинска и сам си полниш гориво, на каса си плаќаш. Па ако сакаш, пробај плин да туриш во резервар за дизел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom